кога бев по мала сакав сите пари што ги имам да ги потрошам не ми беше гајле што да купам туку мораше да ги потрошам ко да имаа заби да ме јадат по рацеве,но сега откако се омажив си штедам по малце иако не е битно не морам,пошто и двајцата работиме и имаме добра плата затоа што живееме во странство кога ке одам со маж ми да си купиме нешто или па кога излегуваме сами и со пријатели се што е цент јас земам пак и ги собирам тие за еден месец имам околу 50 евра , некој месец повеке некој месец помалце се разбира зависи колку излегуваме
Умеам да заштедам ама не за црни денови однсно да ги имам парите на сметка туку заштедувам толку колку што ми е потребно да се подновам дали со облека или со шминка и толку максимум до 1500 денари месечно заштедувам со оглед на тоа дека не работам одлично заштедувам од оние пари кои ми се излегување не трошам на такси и на некои непротребни работи .
Умеам и тоа многу да штедам. Јас и како помала тетките ќе ми дадеа пари и по 2-3 години ги чував и на крај кога ќе ми се собереа си купував нешто. Сега помалку штедам, повеќе ми се потребни парите, така да понекогаќ тргам настрана по 500 ден. „ѓо“ штедам.
Ич. Јок. Мајка ми вика, ме чешале парите. Јас велам, ако ги има - нек се трошат. И онака сум мегаломан и хедонист, барем убаво ми е на душичката. Плус тоа, работам, заработувам, зошто да не трошам? Штедење? Ух, ќе морам да научам како се прави тоа. Утре деца ќе си дојдат, ќе треба да имам таков фонд за недајбоже. Сега за сега, си трошам. Со усул, не дека сум расипник, ама ете, мераклика сум си да си купувам кога можам да си дозволам.
Можам и то како да штедам Секогаш си ја шарам и декорирам касичката или стакленото шише каде ќе ги берам парите, па уште поќе ќеф ме фаќа Сега штедам за едни поскапи патики, но некогаш ги трошам парите на некои ситници на пример козметика Ама после се вразумвам и пак почнувам да си штедам
Знам да штедам и да се воздржам од некои задоволства со цел да соберам пари за нешто поголемо. Сега кога сум во брак, пак се обидувам да заштедам барем по малку секој месец, ама мм е тотална спротивност од мене и постојано троши непланирано, така што плановите за штедење ми паѓаат во вода Во секој случај мислам дека секое семејство па и поединец треба да си има нешто заштедено на страна (црн фонд) за убаво или не дај Боже за лошо, затоа што не знаеш кога ќе ти притреба.
Слабо англискиот кај мене за штедење.. Колку и да се трудам пак ќе ги потрошам.. Имам собрано 1000 денари од ситни парички по денар, два и 5 денари.. И тоа е успех нели? Немам потреба од штедење сега, но кога треба знам да заштедам па после да ги испукам
За штедење штедам. Умеам да си штедам ако на пример џепарлакот ми е 50 денари јас сигурно 20 ќе остаам на страна .
Кога морам или кога има причина штедам и тоа страшно многу, мислам дека претерувам, се кратам од премногу работи. Моментално се пресметав и видов дека за две недели имам потрошено само 2000ден., што е навистина солидно, зошто месечно знам да потрошам и по 8000-10 000ден ... Инаку немам заштедено повеке од 300евра, тоа незнам дали е добро или не , но тоа е
Штедам, ми стојат доста време и после секогаш наиде некоја ситуација кога треба да се потрошат сите и пак од почеток
Кај мене муабетот е ваков : I'm gonna save my money, I'm gonna save my money.....ohhh SHOES! И така нема крај... Затоааа..... Земав едно шише големо кока-кола, со нож му направив дупче колку за денарчиња да влегуваат...И од септември во шишето ставам само 5ки, 10ки и 50ки.... И неможам да ги извадам освен ако не го исечам цело шише... Еднаш го исеков Морав да ги пребројам, неможев да издржам и имав ако ви се верува скоро 3000... Ги префрлив ситните во ново шише и го немам ниеднаш отворено а имам МНОГУ повеќе од минатиот пат... Ќе ги укрупнам кога ќе го наполнам цело шише, сега имам волкууууу
Сега ми е јасно кај ни бегаат монетите и неможеш ни за лек да ги најдеш и ја сваќам поентата на реченицата ,,немам ситно,, (мала шала). Spoiler Умеам и штедам. Штедам за иднината и за поголеми нешта колку што ми дозволуваат месечните примања и трошоците.
Штедам уствари зависи ако нешто ептен ми треба, ако нешто ептен сакам штедам еве сеа штедам за кожна јакна и патики. Се надевам деќа ќе заштедам доволно