Умеам да штедам,и од коа ќе соберам така поише парички,тогаш одма почнувам да им барам намена,а не ги штедам конкретно за нешто
Според мене (а и сите други)јас сум роден штедач. Значи така умеам да штедам и самата некогаш се чудам.Штедам на пари многу,и рационална сум во нивно раководење.А кога се работи за храна... кого и да прашате прво ќе се изнасмее.Јас знам едно чоколадо да го јадам цела недела тајно,никој не знае и по еден ред на ден хахахаххах некогаш и по коцка. Тоа ми е лоша навика,но бидејчи знам дека кај мене својот дел си го јадат и не го делат,а ако го начекаат и мојот и него ќе го снема,затоа јас вака ем ќе јадам сама ем ќе имам за цела недела.
Јас се обидувам да заштедам некој денар,но никако да ми успее. Кога и да имам во мене пари,па макар и 100 денари моментално ги трошам.
Порано во тинејџерските години кога зависев од моите не умеев да штедам, го трошев секој еден денар што го имав, и си велев „Ех кога ќе се вработам што убаво, ќе си имам уште повеќе пари за трошење“... Ама не било такааа... Сега парите кои сама ги заработувам не се трошат така лесно, пред да купам нешто прво ќе си размислам некој ден, ретко купувам нешто непланирано (освен по нешто козметика кога ќе ми се бендиса на прв поглед). И така се научив да штедам, дел од платата го тргам на страна , а дел ми се за секојдневните трошоци. Но многу пати се случува да претерам со оние предвидени за трошење, па да земам од оние заштедените. Инаку парите што ги заштедувамги трошам на некое патување, или поголем шопинг.
Јас сум ти од оние кои брзо ја забораваат сиромаштијата Кога се нема пазам на се' од перење, пеглање и уклучување бојлер на ефтина струја, купување најефтини препарати за дома, ефтина козметика (со тешко срце), со гардероба не претерувам т.е. не аздисувам, ретко излегувам итн итн...само ова не би дошло штедење туку преживување... А кога имам се опуштам, иако сега многу помалку од порано затоа што имам некој кој зависи од мене и не можам себично да трошам пари...но не пазам на ситници, не се стегам и си дозволувам мали луксузи...
Кога бев помала бев многу трпелива при собирање на пари, имав како едно новчаниче и собирав и крупни и ситни. И мислам дека никогаш не ги вадев, ги собирав парите што ми ги даваа за Нова година, за роденден и за полуматура и плус малку мои пари, и собрав 3700. Релативно скромна сума, ама ми беше доволна за да си купам боксерски ракавици, тогаш тоа ми беше најголема желба. Не ни помислував за облека,козметика и слично. А сега, зашто прва година, сепак во Центар се е ем поскапо, па плус пари за копирање, ова-она и неможев да собирам. Ама зашто сакам да си купам гардероба, козметика и накит собирав некое време во шише од еден и пол литар железни пари, и крупни во новчаниче ама накрај од што бев нетрпелива го исеков шишето да избројам колку пари имам, и се на се 500 денари сум собрала и сите ги потрошив на 3 маички. Сега пак собирам во шише железни и имам вкупно 73 денари ама планирам да ги собирам до крај на јуни, и плус мама ќе ми додаде малку пари па ќе ги потрошам на облека сигурно. А инаку како што се научив да бидам штедлива, сега научив и да бидам порационална во трошењето на парите. Сега со 1000ка можам да си купам и козметика и гардероба, а и накит. Порано со 3000-3500 купував три работи од Калиопе, а да ми беше тогаш овој памет, со тие 3000 ќе се изнакупував можеби 10тина ефтини а убави работи, и плус да ми остане малку за нешто друго.
Јас вака штедам за школо ке ми дадат 50 денари 40 30 20 ке истрошам или од дома ако сум јадена па не ми се јаде во школо сите ке ми останат за излевање ке ми дадт 150 50,40,30,20,100 ке тргнам на страна некогаш ама ретко,тоа ако сме на роденден и таму јадеме и само сокот си го платеме100 ми останат.......... баб ми ке ми даде од пензија 500.и другата баба 500 и дедовчите по 500 и така си имам секогаш пари......
мене да ме стават министер ехееееееесите ке цветаме државта полна пари ке ни биде штедлива сум доста а не штедам на пазарување за дома знаци од храна и козметика и средства за чистење си имам курдисано едни и тиа ми се добри колку и да се скапи пак би ги купила а инаку си имам заштедено околу 350 евра до сега хахахах без никој да ги знае хахах лани си заштедив 400 евра и лап топ си земав а оваа година планирам плазма па здравје бозе ахахах
Искрено како оваа година што не успевам да заштедам,никогаш до сега не ми се случило.Штедам ако и кога можам.Бојлерот,машините за алишта и садови,ги вклучувам,само на ефтина струја и по потреба,машината за сушење само за итни случаи,преку пролет ,лето и есен речиси никогаш.Се грееме на дрва преку зима,иако во последно време не гледам дека е тоа особено ефтино.Детергенти по дома од поефтините.Козметика само по потреба и никогаш луксузна.Порано си купував и парфеми сега не можам да замислам да платам 3000 за парфем.Се задоволувам со копии и поефтини варијанти.Гардероба исто така.Гледам да практична ,и поквалитетна да може да се носи повеќе.А за децата е друга приказна.Брзо растат и не се расфрлам со марки и скапи имиња.Со син ми немам проблеми,ама ќерка ми е попроблематична. .Од септември,си реков нема да штедам на патики за децата,на ќерка ми нон стоп и беа мокри нозете и за ранци,се убив од шиење и поправање оваа година.Уште сега тргам некој динар за тоа.А најскапа е храната.Гледам да не фрлам од храната ништо и максимално да ја искористиме.А маж ми е друга приказна.Тој би купил и во јануари лубеница.За мене тоа е глупост,и постојано имаме расправии за тоа.Искрено тешко ми е да живеам така во некој грч постојано,ама навистина тешко се излегува на крај а уште потешко е да се заштеди.
Знам да штедам, но не претерувам. Најмногу штедам на превоз (каде можам одам пешки, ем фитнес ем заштеда), а и не трошам многу пари на вечерните излегувања (знам луѓе што трошат 3-4.000 на едно излегување, што ми е незамисливо). Затоа пак знам да си се почастам со некое убаво одморче.
не умеам да штедам за жал, а убаво би било да се има таква навика и вишокот колку и да е мала сумата да се тргни настрана :]
Умеам да штедам , ама тоа ми успева само кога не планирам. Ако речам од денес штедам тогаш тешко ми оди. Се нешто ми треба, ај уште ова да купам...
Оооо да да, ми нема рамен за тоа. Пари, пари, пари. Ама ги штедам за на крај пак на нешто да ги потрошам, досега не сум дошла во ситуација да ги штедам за „зорт“ или за некоја поголема инвестиција, а кога ќе дојде до тоа секако дека тоа ќе ми биде приоритет.
Воопшто не знам да штедам! Знам дека тоа е лоша навика,но што да правам 10 ден. да имам ќе ги потрошам за некое чоколатце. Штедев во касича и имав прилично многу пари, но сестра ми ми ги зеде и оттогаш не штедам.