Оф, многу сум проблематична. Ако нешто наумам да го купам помалку ќе го трошам џепарлакот, ќе тргам на страна и откако ќе го купам тоа за што сум штедела абе ко принцеза се осеќам, мислам дека цела вселена е моја. А кога не сум наумила што конкретно да купам, абе расфрлај пари братче да те види Господ, живеј дур можеш. И 100 денари да имам у новчаник и тие ќе ги спи*кам, како да не немам на што да ги потрошам после. Знам да сум жива стипса, ама знам и да се расфрлам ко милијарди да имам на сметка. Најчесто е тоа второто, слабо ми иде штедењето
Можам да штедам многу пари. Си ги оставам на страна што ми ги даваат родителите, најблиските, за родендени, слави и така си се збираат. Имам собрано 6-7 илјади денари вкупно. И сеуште ги чувам, не ми потребале за ништо, како велат се чуваат за црни денови.
Штедам кога имам потреба да си купам нешто што го сакам , инаку ако имам многу пари секако дека нема да штедам а нема и да трошам пари на непотребни работи , ќе трошам умерено и умно
Се убаво со штедењето ама да има што да се штеди. Можам и умеам да штедам ама кога има од што да заштедам. Порано заштедените пари ги користев за да прошетам низ Македонијава ни наша (бидејќи кога веќе одам надвор од неа, убаво е да знам малку повеќе и за мојата земја). Одев по дешавки, си купувам тоа што ми се допаѓа и тоа што ми треба. Не ги трошам за непотребни работи и секогаш правам селекција на она што сакам да го купам. Е сега веќе малку е поразлична работата. Не само што нема нешто посебно на што би отишла, туку и со инфлацијава се помалку пари има за да тргам настрана. Ама, колку е - толку. Има по нешто. Не се жалам. Сум видела и знам дека може да биде и полошо.
Штедам. Многу сум штедлива. Баш така се осеќам и посамостојна А не сум многу возрасна... Веќе си имам собрано пари, кои не планирам во блиска иднина да ги истрошам, нека си седат така Ако ми текни нешто да си купам, си собирам пари кога баба и дедо ќе дат од пензијата. Или па си собирам поголема сума на пари и после си одлучвам на шо да ги потрошам. Вака за шминки, козметика и чевли не му барам пари на мајка ми и татко ми, баш како шо реков поубо си се осеќам, ако нештото го купам од мои заштедени пари. А, за облека некогаш ако не можам да соберам сама пари, им барам нив Ама во принцип, штедлива сум.
Во последно време гледам да бидам штедлива. Ама некако слабо ми оди. Имам навика да купувам работи што реално не ми требаат или за кои можам да најдам поисплатлива варијанта. Сега сум посовесен купувач. Од дома редовно си правам список, што и како ми треба за извесен период. И гледам што е приоритетно месецов, што може да се остави за наредниот. Што евентуално може да се начека на попуст. А , што и не ми треба толку многу како што сум мислела. Почнав и да собирам пари во мала,симпатична касичка. Два пати до сега ја имам отворено и имав заштедено околу 1000 денари. Што е супер. Само проблем е со тие ситните парички не знам кај да ги носам да ги укрупнам. Мутаво ми е така да одам по трафики зошто не им требаат на сите ситни. И се шетам со полно ќесенце парички додека се пресрамам.
Не умеам да штедам, таква сум одсекогаш што да се прави. Колку пари и да имам во мене секогаш ги трошам сите
Во принцип не сум штедлива, си трошам ако имам пари на работи што ми се свиѓаат без разлика дали тоа ми е приоритетно периодот Битно убаво се осекам кога ке си купам нешто со сакам, пари се за трошење
Не умеам да штедам. Сите пари што ги имам морам да ги потрошам до денар. И на најмали глупости да е .
Уффф штедам и кога не треба . Незнам зошто викаат од првата плата се части . Јас баш првата би ја заштедила
Умеам, а и сакам да штедам, за да можам нешто големо да си купам на крај... Мама вели дека сум машина за штедење, но дека не сум знаела како да ги потрошам заштедените пари... глупости ххахаха
Штедам, штедлива сум и кога не сум зацртала за што би им била намената. Па како што сум постојано без работа кога ке дојдат црни денови би ми се нашле, постојано да не барам од моите оти веке самата на себе си скиснав што уште чекам од нив
Штедам и умеам да штедам ама само кога имам смислено за што. А, ако ги собирам така и ги гледам, ретко кога издржувам да не ги потрошам.
Штедам,секогаш имам пари и при себе, а секогаш си купувам она што ми се свиѓа, и кога и да ми останат пари си ги тргам настрана-во каса што не се отвара, па неможам да ја испразнам ... А она што ќе го заштедам, ќе изигравам расипник кога ќе одам во мојот град од соништата и ќе потрошам ама буквално се, и нема да ја жалам ниедна пара!!