Јас ако неумеам да штедам незнам кој умее. Ја ни у школо некогаш купувам само чоколадца од по 5 денари за да си уштедам пари повеќе и си собирам така од секој ден по 20 ми остануваат. Ехее скоро 1000 бев собрала така штедејќи.
Порано повеќе ми одеше, во последно време никако да заштедам. Периодов пак се трудам да сменам некои навики, да се организирам, и да заштедам колку можам. Мене најмногуи ми оди ако ставам пари во банка веднаш штом земам плата. Ако оставам за понатаму во текот на месецот, макар тргнала пари на страна, ништо од нив, ќе отидат
stedamm koga na nekoj doma ili od drugarkite mu e rodendenn a koga sum izlezenaa sto se vika koga mi davaat za sekoj slucaj jas gi trosam vo sekoj slucajj
И да сакам немам од каде да заштедам. Сама сум, во семејство, ама немам деца и не втасуваат парите, а не па уште да имам деца. Не е до умеењето, едноставно се е поскапено, трошоците се големи, однапред ми се парите распоредени. Придонесувам и дома, купувам и храна, плаќам дел од сметките. Се си делиме дома, таква е состојбата. А, морам и да се почастам со некое парталче. Ама млада сум, не сакам да рмбам по цел ден, а да не заслужам ниту едно парче гардероба или козметика. Иако, и тоа стана луксуз денес.
умеам најчесто си замислувам одредена цел што ќе купам, собирам толку пари што ми требаат и одам го купувам тоа, доколку немам цел тогаш парите отидоа на секакви ситници
Сакам, а незнам.Секој ден си викам а од денес ќе си штедам пари. Не бре брате одма само нешто ми се јаде, пица,сок,благо и ете заминаа 100 денари на школ0 Ми тежат мене парите, не сум јас за штедење
Сакам и умеам многу да штедам. Значи секогаш ама баш секогаш имам заштедено и тргнато пари на страна ако ми затребаат за нешто.. Од моите барам пари само за у школо и од тие пари си заштедувам и за искачање и за нешто друго ако ми притреба.. Е сеа , може малку време ми треба за да соберам за нешто што сакам ама битно успевам да ги соберам парите и да си го купам тоа.
Трошам пари за ситници така да не би се нарекла некој „шетач“. Козметика,накити,мечиња,чоколади (да не заборавам) хахах xD така сум си.
секогаш пробувам да заштедам и не ми успева. мора да ги потрошам парите на глупости,барем на нешто што ке ми послужи да ги трошев...
па пробувам да заштедам но без да си скратувам од ништо...секој ден по колку ќе ми останат ги тргам на страна...по 5ден. по 10. некогаш по 50 ден. ...и баш пред некој ден ги броев...за два месеци сум успеала да заштедам околу 500 ден. Не е многу но сепак е нешто
Во последно многу пари трошам не дека толку имам ама незнам што ми е иначе умеам да заштедам некогаш за нешто што ми треба и планирам да си го купам
Порано многу штедев, секогаш си имав на страна парички но како што поминува времево а ми се најдат пари у новчаник одма летаат -.-
. ...до пред неколку месеци и да сакав не можев да заштедам ама ништо...едноставно трошоците од секојдневието беа толку големи,а платите мали во споредба со потребите на четворочлено семејство.... за среќа сега децата се големи, вработени си ги покриваат сопствените потреби,така да конечно можам да заштедам некој денар....имам голема желба да патувам низ светот,па можеби еден ден ќе си ја остварам. ..