Одамна веќе имам едно големо плико и таму си ги чувам заштедените пари. Сакам да штедам, ми успева и искрено, минува дооолго време додека да се решам како и на што да ги потрошам парите. Не дека многу ги има, ами дека има многу за купување и најчесто се откажувам и си велам - нека има за тогаш кога ептен ќе бидам во тесно. Не се откажувам од некои работи, ами пробувам да се контролирам и да го купам најпотребното, за сепак да ми остане нешто фазла и да го тргнам на страна. А скромното собрано најчесто го користам за обновување на мојата залиха со козметика, облека и подароци. Ситните парички ги собирам во прасе-касичка, ама приметив дека постојано ми се празни, а „кртот“ не сум јас па моментално се трудам да најдам кој упорно ми ја празни касичкава.
Продади ги за старо железо повеќе ќе земеш Се шегувам, порано и јас штедев така А сега горда сум на моите заштеди и си штедам во банка
Во последната година се покажа дека можам да заштедам нешто а во исто време и да си ги подмирам трошоците па и да си купам нешто. Сега поубаво се чувствувам кога знам дека имам некоја колку толку материјална сигурност. А како заштедувам, па незнам започнав парите да ги чувам во банка , вадам само кога ми треба, купувам тоа што ми е потребно не многу скапо, и не се луксузирам само тоа што ми е потребно (на ова особина малку сестрами ме поттурна кога видов колку заштедени пари има а јас ништо, земав плата и за 10 дена ко да не сум земала ама сега се сменив).
Којзнае,можда платата кога би ги покривала основните трошоци за живот,би научила да штедам.ВАка плати сметки,храна ,женски сме треба некои работи,нели, ,кредит рата,ова рата,и од што да се заштеди...И тоа мислам без никакво луксузирање,...
Не умеам. Еве сега имам 600 заштедено за книги божем, ама нонстоп ме копкаат да ги потрошам, до саемот не знам дали 10 денари ќе ми останат. Уствари 400 ми се од моите, 200 сум заштедила во последните три месеци. На секое едно, единствено денарче му наоѓам дупка. Секогаш нешто ќе ми притреба (треба, аха, од што неможам да заштедам) и ќе ги прочукам. На овие 600 денари триста намени им најдов! Во прва година не стануваше збор за штедење. Прв пат почнав да раководам сама со парите и нормално, ги трошев на секакви глупости. Сега, фала богу, се собирам некако. Ајде уште еден ден остана и ќе одам да ги потрошам на книги. Ќе издржам.
Многу сум економична и штедлива,штедам пари за побитни работи,а вака за римел ова она може и мама да даде,исто така знам од 1 денар и 5 да направам хихихи така е зборот е шалам,битно знам тие пари шо сум ги собрала да ги потрошам на побитни работи и колку можам повеке работи да купам,заклучок: Лана е економична хихихихи
Многу тешко штедам но кога сакам нешто да си купам или ако ми се потребни пари успевам да заштедам некој денар.
лелеее... јас не можам.... ШТЕДЕЊЕ?? ШТО Е ТОА?? хахаха.... шо убаво за тие што знаат да штедат... јас одма и 1 денар да е го трошам на глупост....затоа и сум дебела -_-
^SashaF , уште пред да ја отворам темава да е разгледам само што видов сакав да го пишам истото што и ти, Значи не сум била сама, јас се што штедам или на брат ми му давам или ке купам нешто безвезе грицки ова она .. така ептен се расфрлам со небитни работи.
Кога сакам да заштедам,не трошам никако иако некогаш знам сите пари да ги дадам за глупости женско сум бре мајката
хаха...па знаетее ние женските такаа смее.... ово оно.. прво на почетокот се ке си мислам: е сега ќе почнам да си штедам и после ќе си купам облека!! И ќе земам првиот ден да штедам штедам штедам...и веднаш после 2-риот ден парите ги немаа...каде се?? во продавница... за што се потрошени?? за глупости
па ако сум решена за нешто што СТВАРНО сакам да го купам тогаш штедам еве сега за некој месец планирам да си купам лаптоп и штедам , морам
Јас скоро почнав да штедам Иако не штедам многу сепак штедам А некогаш неможам да издржам и сите пари ги трошам
Да, умеам да штедам. Штедам веќе 3 години по ред...Штедам за да им купам на домашните нешто за нова година, или на мајка ми и бабите да им земам нешто за осми март, или за родендените . Сега во моментот имам над 1000 ден. заштедено, а пред еден месец имав околу 4000, но отидоа по подароци за празници и родендени