Постојано штедам. Тоа го правам за да имам пари за црни денови. Како што има криза во земјава, добро е да се трга некој денар настрана.
Си штедам многу. Ако ми останат од парите што ми ги давале моите, бабите,дедовците, си ги тргам на страна бидејќи некогаш ќе посакам да си купам нешто скапо, а нема да имам храброст да барам толку пари од моите, па ете ќе ми се најдат. Или пак за на одмор, ќе си ги земам со мене тие што сум ги зачувала за таму да можам така да си се опуштам и да си поуживам тие денови, а не да мислам уште колку пари ми останале.
почнав од скоро да штедам можеби затоа што почнав да подработувам и дефинитивно почнав повеќе парите да ги ценам не е лесно во секој случај ама треба да се штеди зошто ако излезеш со повеќе пари по куповки, окото е секогаш ненаситно
.. .......не умеам да штедам,не знам кај е грешката,во мене изгледа.... ...и кога сум со полно пари или со малку исто ми се фаќа....едноставно парите ме неќат и одат од мене самите.....хахахаа......викаат машкото е главата на куќата ама жената е вратот...што значи таа мора да мисли на набавките на храна,и др.домашни потреби за целото семејство,така да сакала неќела,морам да ги трошам.....и ретко,скоро никогаш не ми останува нешто фазла..
Кога ќе видам нешто и сакам да си го купам ке почнам да штедам..и ќе соберам половина пари и ќе ми текне да купам нешто друго и ќе ги потрошам парите..
Сега сум малце подобра.. Имам заштедено (од последното броење) 723 денари. А од тогаш, ставив доста ситни парички, а денес ми беше среќен ден... влетаа во касата уште 200 ден.
^ Извинете за мислење едно под друго. помина времето за редактирање. Сега имам 851 или 841... супер сум..
добив за матура од моиве пари да си купам се и си купив само накитот ми остана а ми останаа чисти 3300 ден сакам веднаш да ги ставам на сметка ама дечко ми ми вика треба да уживаш овие ти се најубави години,потроши ги за себе а со рестото кје одиме некаде на журка.се двоумааааам....ваше мислење?
Јас си штедам постојано. Кусурот си го тргам на страна и ми се наоѓа. Штедам уште од 12-13 години, кога веќе почнаа да ми требаат многу работи, козметики, алишта, обувки итн., а моите нели "немаат" пари постојано и така си се навикнав веќе. Уште од тогаш се` сама си купувам, моите ретко ќе ме почастат Може и не е којзнае што, бидејќи уште сум зависна од моите, но е доста добар почеток за во иднина. Сум успеала да заштедам и до 6-7000
Засега имам заштедено околу 3.000 денари на сметка...можеби уште 400-500 имам настрна Не за џабе сум економист
собирав пари за фармерки,маичка и балетанки имав 3150 ден ги потрошив и сега збирам за патики, некоја маичка и фустанче имам 345 собрано досега ама и мајка ми ќе ми придаде
Ич не ме бива Најмногу до кај 500 денари ако имам заштедено и толку , ги трошам а ни јас не знам каде..
Многу сум си штедлива знам да штедам на мм само викам ако купи некој не потребни работи кутриот некогаш скришум купува али сепак го најдувам тоа што го купува и му следува лекции ама се нервирам ако го имаме дома зашто да го купува и можам да се пофалам добри сме во штедење али кога е во прашање шопинг е за тоа не можам да заштедам ке потрошам и повеке од сумата што си ја имам е тогаш следаат лекции од мм не зашто сум потрошила повеке туку инает му е зашто јас му викам ако купи тој нешто што го имаме дома сака да ми врати али веднаш го смирувам знам како