Демек штедам и на крај ќе речам aaaa f*ck it и ќе го купам тоа што најмалку ми е потребно и е тотално бескорисно, а дефинитивно можам да преживеам без него. Евентуално ако не се случи тоа, ќе ги потрошам на излегување по кафичи и ресторани. Така што, не, не знам да штедам. Spoiler Едит- Плус купувам за дома глупости, и за блиските, многу сакам да ги радувам. Тоа што знам дека нема да си го купат сами.
Си штедам постојано и до сега најмногу имам заштедено 4 000 а моментало имам заштедено околу 400 денари.
умеам да штедам и штедам ама овој дечко ми бре што луксус чоек ќе беше,а види имам пари ‘‘одма ќе ги имат снемано‘‘
Штедам и молчам, за нешто конкретно не, ами црн фонд шо би се рекло. И секогаш ми се наоѓаат. Би штедела и за нешто конкретно, но секогаш излегува некој непланиран трошок, издаток кој нема од каде се покрие, па настапувам јас со мојот црн фонд. Маж ми вика, не знаеш колку те сакам за ова, од каде ли и како само успеваш да ги насобереш Не дека се во прашање илјадници евра, ама некогаш и 50 евра и тоа како завршуваат работа.
Не сум некој штедач,штедам пари кога ми треба нешто да купам а и птедам кога треба некому да купам подарок за роденден
Доста ме бива за штедење. Секогаш ми остануват железни пари и кога ќе ги зберам едноставно незнам што да правам.Ама не се малку. Кога нешто стварно сакам се организирам и самата си го земам без да молам некого
Значи јас воопшто не штедам а сакам многу да штедам да имам зачувано некое денарче , но мене и условите малку ме притискаат да неможам да штедам , но веќе и со совети од неколку другарки-штедачки се привикнувам малку по малку
Последниве неколку месеци не сум се качила во такси. Пешачам повеќе и користам гратски превоз. Низ град по продавници не сум била може од април. Кога немам потреба од ништо конкретно за облека, секое шетање по продавници би било непотребно доведување во искушение. Исто толку време не сум влегла во ДМ. Таму вообичаено влегувам за едно, а излегувам со десет работи и тоа кои не се бејзик. Се заколнав дека се додека не дотрошам што имам дома -шминки, млека, и други женски мачканици, не влегувам во парфимерија. И можам да кажам со овие неколку мерки, ефектот врз моето салдо е ептен видлив Инаку за храна не штедам, но сум рационална во смисла дека готвам и купувам спрема потребите, без растурање и фрлање храна. Користам максимално ефтина струја. Чистам сама. Не купувам списанија, се' читам он-лајн На телефон мразам да зборувам ти реков-ми рече, така да сметките ми се минимални.
Не сум жива ако немам некое денарче заштедено настрана. Си трошам нормално, колку што имам, си дозволувам она што ќе си го посакам во умерени количини и си држам фондче
Да,штедам! Татко ми често ми вели абе ти повеке пари имаш од мене Штедењето е убава работа.Некогаш твоите нема да имаат пари-ке бидите во тесна финансиска состојба и сигурно нема да побараш од нив туку ке земеш пари од кај себе. Некни изиграв паметно,појдов банка,се што имав си ставив на сметка
Исто, се случува и некогаш моите да немаат пари, но јас ги разбирам и си земам од касичката во која ми стоеле парите. Инаку јас пари можам да чувам и повеќе од една година А, после да ги потрошам на нешто корисно , бидејќи ако ги потрошам така без врска жал ќе ми биде
За жал, не научив да штедам иако секогаш си велам „од следниот месец тргам нешто настрана“ .. топки, никогаш ништо, како одврзана вреќа сум. Искрено им се восхитувам на оние кои штедат