Умеам да штедам. Отсекогаш сум си ставала пари настрана, ако не морам не ги трошам. Мајка ми дури на моменти скржава ме вика. Таа и брат ми и последните пари да се ќе одат и купат нешто. Јас не. Разумно си ги трошам и не се расфрлам без потреба.
Штедам џоа циција сум станала во последно и денарче си го ставам во тегличката си ја украсив за мерак дури жал ми е да вадам пари од незе .
Исто и јас,порано многу трошев,буквално секој денар што го имав,а сега кога се омажив почнав многу да штедам,татко ми по цели денови ме зафркава колку сум се сменила (на подобро,нормално ) Конечно и јас научив да ги ценам парите кои што не се заработуваат така лесно
Штедам кога сакам да купам нешто големо Почнав да штедам за мартинки од конверс имам зачувано и евра и долари , треба да ги избројам , за да не забегам со штедењето .
Не знам да штедам. Ама баш ич. Каков економист сум ни самата не знам. Сум ја утнала професијата ептен
епа кога че решам да штедам..штедам стварно.ама кога че треба да потрошам нешто од заштеденото немам осет..без граници ..си трошам и си трошам..гајле немам.. Spoiler ама заштедениве пари од татко ми и мајка ми шо ми давале за излегување за шо и да е ..
кога штедам и кога се нема пари за штедење јас и тогаш штедам многу работи кратам не купувам штотуку добиените пари од заработката јас ги ставам настрана нема опуштање се штеди сериозно и се исплатело многу работи сме купиле од заштеда ама како сме се мачеле месец за месец ,во ова време треба све да си скратиш за да штедиш страшно време дојде
за да штедиш треба и да имаш нема фајде кога нема приход нема ни за на страна јас незнам како да го продолжам животов овде ми горчи секој здив воздух во државава неможам да поднесувам полиција болничари институтии и вработени во истите
Се обидувам секој месец да штедам меѓутоа планот не секогаш ми успева .Сето тоа зависно од месецот...Некој месец имам поголеми давачки (непредвидени трошоци(да се поправи нешто, да се регистрира колата, да се смени нешто дома), сметки , храна , облека и сл) , и тогаш неможам да штедам туку гледам сите овие работи да ги подмирам...Меѓутоа некои месеци кога ги немам или кога се помали овие трошкови , штедам колку што можам да одвојам и веднаш ги ставам на штедна книшка... Излегуваме преку неделата 1 до 2 пати и за викенд еднаш, перална вкучувам во недела на ефтина струја, за бојлерот не пазиме многу многу (го уклучуваме тогаш кога ни е потребен), преку неделата ретко готвам бидејќи и јас и мм имаме ручек на работа, итн итн Имаме и стаклен сад за железни пари па таму ги ставаме сите железни после пазарење..мм става радовно а јас кога како Ја празниме дури откако ќе се наполни , и така собираме по околу 3 до 4000 денари и купуваме нешто најпотребно за дома
Јас бев како што викаат дупнато ќесе. Кога се вработив не бев мажена и се за мене си купував алишта и знаете ние девојкиве се по ред друго. Но, откако се омажив веќе не е тоа што беше. Парите ни се заеднички со мм и мм ме научи да штедам да не трошам пари на некои глупости.
Јас најчесто штедам пари за некое парче кое во некој момент ќе ми го украде вниманието. Одвај. Принтав слика од еден бутик и ја залепив на ѕидот, а под неа е една дрвена кутија, како каса и ја полнам со синти пари, 10 денари, некои што ми останале. До сега имам околу 4300, од јануари си почнав.
Знам да штедам, и имам заштедено. Татко ми секогаш ми вели дека јас имам највеќе пари од сите дома За разлика од мајка ми, која секој месец од некаде ќе и „изникне“ нешто ново Сега сакам да штедам повеќе и да си купам нешто поголемо