Ич незнам да штедам. И највеќе се нервирам кога ќе дојдам до некоја покрупна пара само на ситници ја потрошам. Ако имам последни 10 денари белисимо ќе си купам ама неможам да чувам пара во мене, нема шанси.
Јас и штедење 2 различни поими...ми заостана некое денарче од последната плата и комбинација со парите од роденден си купив лап топ и сега сум банкрот.Едвај ја чекам следната плата и сите пари се предвидени за есенска гардероба,едвај чекам
Штедам и тоа како!!! Како мала за прво куче заштедив 400 евра за 3 години, и тоа од парите од оценки и родендени!
Ако нешто ептен сакам да си купам знам да штедам, а ако немам ништо во план да купам, знам и да ги трошам и тоа со голема брзина
Умеам да штедам, но за да почнам треба да имам поголема сума на пари, ги ставам во едно стаклено шише и постојано си го дополнувам, а кога ќе го скршам трошам како ненормална
Не знам да штедам,и да имам нешто повеќе веднаш трошам.Така да,ако штедам само во банка,онака пари кај мене не стојат.
Досега сите обиди биле безуспешни. Секогаш ќе се најде нешто што ќе посакам да го купам и да се вратам без скршен денар.
Ако зацртам некоја цел за која ќе штедам - умеам многу да заштедам. Кога бев мала успеав да заштедат за велосипед и нов монитор, од тогаш пак имав заштедено уште неколку пати и си купив многу нови маици, сега пред да почни летото мислам беше то. Сега си штедам за тетратки ама ради сите тие скрипти што треба да ги земам за на училиште ми бегаат.
умеам кога нешто силно посакувам порано трошев многу повеќе носега видов дека све што лета не се јади па се спуштив малку на земја инаку сега штедам пари за патување за нова година се надевам дека овие 3 месеци ќе заштедам уште повеќе
Да,ама зависи кога.Некогаш можам многу да заштедам и да не ги дирнам,ама некогаш бувално секои заштедени 2000 ги трошам,на глупости,облека...