па богами знам да штедам колку работи си имам купено со заштедените пари ехеее а и понекогаш,кога е крај на месецот на пример и кога уште платата не е стигната, ќе ми спотребаат пари за излегување или било што си земам од заштедените пари... инаку,јас на училиште кога сме многу многу ретко јадам на одморите бидејќи навикната сум да не јадам наутро и не ми се јаде едноставно,а кога сум втора смена дома веќе имам појадувано и на училиште пак не ми се јаде,мајка ми што ми ги дава парите за на училиште си ги чувам и за една недела можат да се соберат негде околу 200денари,а некогаш може и повеќе
Штедам со сета сила, во неколку банки, бркам камати Орочувам, преорочувам, кусам, купувам на попуст, гледам гратиси Домаќински се однесувам кон парите, оти не сум ќерката на мама и сонцето на тато, па они да ме финансираат. Од 22 година наваму, сама заработувам и внимавам до бескрај. Сама плаќам образование, сама се дообразувам, се хранам, се облекувам. И пак штедам ко лудача на се. Во маркет купувам најевтинко, цедам паста до крај, купувам козметика на попуст Малце сум забегана со штедењето, зависност ми е.
Ах колку тешко ми оди тоа пусто штедење... Земам релативно солидна плата, а пола ми оди на козметика и гардероба секој месец без исклучок... Најлошо е што купувам понекогаш нешто што не ми треба во моментот, ама си велам “Ајде, ќе се најде и ова, не е лошо да го имам...“ Ама бидејќи сум во план да полагам за возачка дозвола, ќе мора да намалам со трошењето...
Ми пиша смс син му на Штерјо. Рече да ве поздравам сите од Доминикана, им го штедел wi-fi-то на домаќините, па симињал филмови преку роаминг интернетот на t-mobile.
Колку само незнам да штедам, и секгаш си велам уште само ова да го купам и после ке штедам нема да купувам непотребни работи, ама тоа ПОСЛЕ никако да дојди секогаш иста приказна
Знам да штедам и тоа ми стана навика. секојдневно ги пребројувам и им се радувам на парите. Од заштедата си имам купено многу работи, ама мора да признаам со тешко срце ги трошам... откако почнав да штедам станав СКРЖАВА
До сега воопшто не внимавав колку и каде трошам. Јадев надвор, ресторани, пекари, брза храна и сл., многу ретко готвам дома; па излегувања навечер, кафе денски, такси, сметки бензин, облека (не ретко поскапа, бидејќи не чекам попусти), не внимавам на скапа-евтина струја, ниту во кој маркет пазарувам (најчесто најскапите)...и платата таман од 1ви до 1ви. Не е којзнае колкава ама и поголема да е со вакви навики исто ќе ја трошам цела. Ако внимавам барем малку на трошење сигурно дел може да се заштеди и од неа. Затоа од сега планирам дел да издвојам веднаш кога ќе ја земам и барем малку да внимавам на што и колку трошам, па нешто да заштедам.
Умеам да штедам уште од мала.Навикната сум скромно да живеам.Но,за да заштедиме битна е и висината на месечните приходи,а и стратегијата на трошење пари. Отсекогаш книшката во банка ми била потреба за некаква финансиска сигурност.Правам месечен план на потребни средства за расход и тоа само што ми е приоритетно,а другиот дел е наменет за штедење.Ако се случи нешто непредвидено да треба да потрошам,другиот месец тој дел го надоместувам.Обично жените кога земаат плата одат на шопинг,а јас итам по патот до банка да го зголемам штедниот влог Понекогаш претерувам,ама подобро да имам,отколку нервозно да го пребарувам последниот денар во паричникот.
Знам да штедам.Си заштедив 800 денари и си купив сето она шо ми требаше во моментот.Ги потрошив и сеа одново започнувам да штедам.200 досега иам собрано (многу се знам) хаха. Иначе си тргам настрана од парите што ми ги даваат за ужина на училиште, и за викнедите коа сум излезена не ги трошам сите, па успевам некако.
Да,знам да штедам и воопшто тоа не ми е проблем. Сакам да штедам и мило ми е кога парите ќе ти потрошам на нешто навистина корисно.
Знам да штедам.. Посебно,кога одам во школо,што ми даваат пари,не купувам ништо,и онака не ми се јаде и си ги собирам парите
Јас обично штедам од парите кои ми даваат за на школо и тие што ми остануваат ги собирам. Ама секогаш кога ке соберам ги трошам обично за алишта
Многу ретко , многу. НЕ ЗНАМ да штедам јас пари , не знам..јас и денар да ми остане во паричникот , морам да го потрошам
Ауу, да да. Премногу. И тоа штедам пари што ги добивам (баби,дедовци,частење ) и пари од школо што ми остануваат. И баш убаво ми доаѓаат на крај
Па и не баш. Јас на парите ти гледам како на помошно средство за забава. А и некако мн ме чешаат по џебот. Лоша карактеристика али ете.. Ама па од друга страна несебично трошам и на други па коа ке видиш, оправдано ми е.