Штедам од парите за искачање и од парите за на школо, и да ви кажам право преку глава ми е од штедење, едвај чекам да се вработам и да не зависам од моите ...
Ужасно добро знам да штедам Ова не значи дека сум скржава, дека не ги трошам туку рационално ги користам парите. Сеуште зависам од моите дома ама секогаш имам заштедени пари во мене. Си ги распределувам според приоритет. Облека купувам на попуст и со тоа многу заштедувам. Пред да купам нешто добро размислувам дали ми е од корист и дали ќе го носам и сл. Се на се, умеам да штедам.
Колку и да сакам да заштедам тоа едноставно не е возможно Се мислам и рачунам и мозгам али џабе братее, лани со 1000ка поминував недела цела со се искачање, сега неможам без 2000 да поминам тука не го рачунаме искачањето... дали е поскапено, или јас многу трошам неможам да сватам, но битно ќе ги банкротирам мојте ако продолжам вака Треба нешто да се превземе и среди ова.. ТРЕБА !
Како и многу од вас,и јас кога имам во џеб ме пецка и морам да ги потрошам до крај,на било што(храна,облека и сл.).Незнам да штедам,а многу лоша навика ми е тоа знам
Порано си штедев. Но сега кога ја земав првата плата на работа. Во две недели ги испотрожив паричињата. И ќе си пеам сега. З'м З'м З'м з'м з'м...
Факт е дека треба да имаш приход за да заштедиш. Имав баба,која останала млада вдовица со 7 деца и успеала да ги изведе на пат колку толку.Ми има кажано неколку нејзини размислувања меѓу кои и за штедењето.Нејзини зборови „секоја жена треба да има некој динар на страна за кој само таа ќе знае.И тоа не за не дај боже(за тоа секогаш се наоѓа),туку за убави работи“ Кога таа почина во нејзиниот ковчег за алишта најдоа 8 лири,со треперлив неразбирлив ракопис напишано за секого од нејзините деца по една лира и една лира за нејзиниот погреб. И јас откако знам за себе си имам тргнато на страна ,за тие пари никој не знае.Можеби е себично но мене ми влева сигурност.И не ги трошам за лоши работи,туку исклучиво само за убави.Подароци ,нешто убаво за мене кога паднам и кога шопингот ти е најдобар допинг против депресијата.Се научив да се контролирам,да не купувам работи без кои не се може. За што ќе ги потрошам?Можеби децава ќе сакаат да се школуваат,можеби мојата идна снаа ќе сака нешто а нема да може да си го купи,или зетот ...којзнае.Само за убаво да е.
Што да штедам и од што да штедам? Одкако се зедовме со мм,постојано инвестираме -образование,куќа,стан,два автомобила,школување на синот. Од никој денар немаме добиено. И ако сето ова што сами го спечаливме го пресметаме во пари,тогаш...умеам да штедам?
Не прашувај дали умееш да штедиш. Според мене, сте направиле одлична инвестиција Инаку, умеам да штедам, да. Кога имам приход. Последниве неколку години никогаш не сум била без денар што се вели. Секогаш имам некој денар. Ама не штедам кој знае колкава сума, немам можности за толку. Онака, по нешто ситно.
Малку ми е тешко да штедам бидејки приходот што го имам го користам за некое парче гардероба , козметика, излегувања и други ситници , гледам да го растегнам до крајот на месецот за да не барам од моите. Ретко се случува да ми снемаат пари , ете можеби 2-3 дена и тогаш со душа го чекам први . Се надевам дека кога ќе почнам да заработувам(аман кога ќе дојде тој ден ) ќе успевам и да тргнам по некој денар настрана .
Јас успевам да заштедам само ако тргнам некој денар веднаш штом ќе земам плата. И така правам, проценувам колку можам во зависност од месецот, и право во банка. Друго е кога се во банка, па уште ако ги орочиш, некако не ти се растураат И тие се секогаш со план за некоја инвестиција, а не онака да имаме на страна. Секогаш се знае за што точно. Месециве успеваме доста да тргнеме на страна, ама во пролет ќе имаме доста трошоци, па сите ќе отидат. И после ќе си поставиме нова цел.
Друштво вака јас и знам и не знам да штедам помекогаш кога ќе соберам до 100 денари ќе ѓи потрошам на нешто друго не на тоа што сум сакала, друго сакав да Ве прашам тие што штедите мене моите ми даваат по 30 денари за во учичиштеа сум 7 одд дајте некој пример до сега заштедив 60 денари по 10-20 ден си кратев од ужинка и дома јадев :Р еднашка собрав 400 и си купив едно елече мн убавко ама си собирав пари во шише 1,5l го полнев со монетии но не го наполнив сето а ако го наполнев сето сигурно накај 50€ ќе соберев но ќе се продадеше елечето за толку време ве молам помогметее <3 и извинете за грешките во пишувањето )) фала однапред за се )
Епа ете си почнала, по 10-20 денари од ужинка, некогаш земи си јадење од дома, ако имаш баби/дедовци сигурно ти даваат некој денар од пензија, кога ќе ти останат ситни монети тргај ги настрана и така. Полека, полека ќе собереш некој денар. Не можеш од еднаш, по малку
Лелее значи ќе си пукам во глава, прав малер сум.. Си собирав пари за лакчиња, парфемчиња, креми, козметика ова она.Си собрав 1000 денари и коа на крајо од шо сум толку пажлива го паднав телефонот и ми пукна екрано.Е сеа под казна моите ми рекоа со мои пари да си го направам, зашо телефонот нема ниту 2 месеци а јас го унаказив. Толку од моите кремчиња и лакчиња.
Секоја чест за твоите родители, така се учат децата на одговорност. Ако ти го направеле они сигурно дека немало да го пазиш, вака ќе отвориш 4 очи. Јас да сум како нив би ти го земала тој телефон штом незнаеш да го чуваш и би ти дала од оние од 600 денара кои имаат опција за разговор и СМС сосема доволно за дете на твои години, нема потреба од скапи телефони на тие години па уште да не знаете да ги чувате.
И јас не ги кривам родителите, скроз се во право нема збор тука.И да настојуваја тие да ми го направат телефонот немаше да сакам.Грев ми е па за тие 1000 денари 2 дена работат по 9 саати. А иначе за земање телефон, нема шанси.Си работи и вака пукнат.
Јас си собрав околу 3600 нез точно и од тие ми останаа 1000. Ги потрошив во Jumbo и за лакчиња .Инаку ги берев за циркони,ама ништо од цирконите.. сега уште 200 да соберам и можи ќе си купам циркони..
Умеам и тоа многу да штедам. Не сум некоја која пуши, пие или секој викенд да излегувам со друштво и тие пари што би ги потрошила на такви глупости си ги заштедувам. Не сум некоја која за нешто што невреди да давам пари и да го купувам, а потоа да не го користам и да ми седи така дома. Кога купувам нешто не гледам да биде марка, туку да биде и ефтино, но и квалитетно и убаво. Мислам дека за тоа кој колку штеди пред се е од домашното воспитување, бидејќи ако родителите уште од мал те научат на некои важни работи како што се: да не се расфрлаш на сите страни со пари и после да немаш ни за најпотребното, така ти ќе се однесуваш и понатаму во животот како што те учеле додека си бил дете.
Штедлива сум, штедлива. Не дека од дома ме учеле така, едноставно таков ми е карактерот. Не пушам, не пијам.. Порано многу пари на храна трошев, сега и тоа ми е минимално сведено Евентуално ако трошам пари на облека. Мразам да зависам од некој и мразам што сум товар на моите. Дури некогаш ми е срам да им барам за рата за курсеви.. Не сум блиска со мајка ми и татко ми, и глупо ми е кога ќе дојде време за пари, да барам како ништо да не е. Кога веќе еднаш ќе станам независна и слободна?