Умеам и тоа многу да штедам.За околу 1 месец си собирам 1000че,а вкупно се 12 месеци..и ете парички тадамммм
На ден гледам по сто работи кои мора да си ги купам. Собирам, собирам пари и никако да соберам. На крај повторно од родителите ќе земам.
Дааа иако моите сеуште ми даваат јас можам многу да штедам дури по 2000-3000 месечно и пак си имам се што ми треба макар дека штедам
Мој совет ви е пред се да си направите месечен/неделен распоред наработите што ви требаат. Ете на пример јас секогаш при крајот на месецот си правам список што ми треба сапунче, шампон, гел за туширање, влажна марамици и слично. Бидејќи сум ученик и сум малолетна и сеуште зависам од моите си собирам колку пари ќе имам за цел месец. Ете на пример секој ден ми даваат по 40 денари. Да ставам 20 дена одприлика сум на школо 20 * 40 = 800, шо значи јас за цел месец имам 800 денари. Е сега мајка ми пошто прави леб се случува да и речам и да ми направи банички, во неделата 2/3 пати си носам храна од дома и не се срамам воопшто од тоа. Некогаш ако има дома смоки, сок си ставам во шишенце или некое чоколадце можам плус да си земам. А некогаш и си купувам храна зана големиот одмор ама трошам најчесто 20 или 30 денари. Другите 10 или 20 ми одат на страна. И одпирлика јас месечно можам да заштедам околу 500 денари. А си порачувам од аовн и орифлеим бидејќи 2 мои школски носат производи и јас сигурно е дека секој месец не порачувам шампон. Ќе порачам еден месец и ако не ми стигне до крајот на месецот па моите секако купуваат шампон за нив може и со тој да се измијам неколку пати за да не купувам веднаш. Превоз не плаќам, бесплатен ми е. Не пијам кафе и такви работи, не пушам и викенд ретко излегувам. И одприлика месечно 500 денари ми се чисти и тие најчесто одат за 2/3 производи од Авон/ Орифлеим. Значи пред се најважно е да си направите пресметки на работите кои ви требаат и дали ќе ви стигнат пари за тоа. И нормално да си знаете колку пари за што сте дале а не да се расфрлате. И ако ви останат пари ставете си ги на страна за црни денови што се вика. А не мора се до заден денар да оди на глупости или да купите нешто без веза. Научете да се контролирате да кажам. Ако нешто не е морално значи не мора да се купи. Пробајте еднаш вака како јас што ви кажав и ќе видите дека успева. Скратете си некое задоволство и ќе успеете. Оти познавам деца кои неможат денес без сок, без чоколадо, без мастики без ова без тоа без незнам што. А кога не би ги купувале сите неопходни работи ќе видите колку пари ќе ви останат
Да, знам да штедам и горда сум на себе поради тоа што никогаш не сум се оставила без некој денар настрана. Тоа ми стана навика уште од пред две години кога првпат почнав да заработувам, и секој месец додека работев си тргав пари на сметка настрана. Е сега, тогаш работев во Германија, исто како и лани па платата ми беше многу голема, и имав услови да и штедам и да трошам Сега откако работам овде, се трудам од секоја плата да тргнам некој денар иако потешко ми оди. Ама го најдов најлесниот начин за тоа - парите кои газдата ми ги пушта на сметка не ги вадам, си стојат во банка. А оние кои ми ги дава на рака ги трошам во текот на месецот за мои потреби или ако треба нешто да се купи за дома. Можеби не се многу, ама мене ми значи што можам да одвојам околу 5000 ден. секој месец.
Секогаш штедам!! Никогаш не сум дошла до дереџе да немам пари во новчаник. Од ова, од она одат парите во каса Некогаш дури и им позајмувам на моите, викаат како швајцарска банка сум им била
Porano da,uspevav da trgnam nekoe parice nastrana,sega otkako dobivme nov clen vo semejstvoto,stedenjeto e apstrakten poim za mene
Со добро планирање на трошоците и со редовна плата, може да се заштеди. Проблемот кај нас македонците, односно балканците е во тоа што повеќето трошат повеќе од што заработуваат-кафаните и кафичите се нон-стоп полни, се возат најнови модели на коли, се купуваат најнови модели на мобилни (дури и на деца од 10 години) итн.
Баш ми е чудно тоа, сите кукаат дека немаат, а кафичите се полни секој ден. Некои луѓе изгледа не знаат што значи да немаш. Тие мислат ако не пијат секој ден кафе во кафичи или ако немаат 4 пара чевли дека немаат пари.
Ова во повеќето случаи е живот на кредит. После кога треба да се плати ратата сите кукаат како немаат. Можам да кажам дека умеам да штедам, одредено време Ама може да се случи заштеденото да го потрошам многу брзо и некогаш за глупости. Во последно време се научив ако ми остане некој денар да си купувам евра. Така нема да дојдам во искушение да ги потрошам Се надевам ќе успеам вака да заштедам нешто.
Јас си штедам од роденден што ке ми дадат пари и по 50 ден.некад од џепарлак.Ама после за еден ден ги нема парите .И ајде после пак собирај.
Умеам да штедам и тоа κаκо, и од паρи да се истуρам јас паκ ќе штедам сеκогаш имам ρезеρва паρи на стρана што сум ги заштедила
Порано умеев, а и сега умеам по малце.Си собирам одредена сума пари и после си ги трошам на нешто убаво.
Можам да заштедам,ама па кога ќе соберам така повеќе пари па се на глупости,непотребни работи ги трошам
Можам да штедам, но дали можам да трошам? Не. Затоа секој мој заштеден денар завршува како излегување за сестра ми, или некоја нова маичка/кошулка за неа. Јас само ги штедам.
Знам да штедам во последно време мн.не дека тоа се некои пари туку убаво ги планирам каде и на што ќе ги потрошам доколку нешто ми треба, ако не ми треба не купувам како порано кога бев во тинејџерските години на факултет таткоми секогаш ми даваше пари од повеќе морав да купам нешто за носење излегував на студенски за викенд све што ќе ми паднеше на памет ,но сега кога созреав повеќе сватив дека тоа е фрлање пари на глупости и повеќе сакам да имам пари во мене во секој момент отколку да купвам глупости,моментално штедам за на одмор малку и моите ќе поможат,некогаш знам да се опуштам да се подновам луѓе сме млади сме но пак со граници да не останвам тотално без пари...