Не знам да штедам, искрено. Колку и да се обидувам неколку дена или пак недели ќе штедам ќе соберам малку пари и пак ги трошам. А и немам некоја потреба да штедам пари моментално имам се што ми треба. А и да треба да штедам не знам како би успеала.
Јас незнам да штедам колку пари имам тие морам да ги потрошам во една ден или ако имам 100 денари во една ден и ке ги снема...
Штедам и тоа многу, така сум научена уште од мала. Да имам 100 денари мислам дека од нив само 10 би потрошила и 90 денари би тргнала на страна
Jaс сум најголемата штедливка во мојата фамилија, кај мене сите трошат и не штедат многу. А јас секогаш кога сум во можност купувам нешто поефтино а останатото да го ставам настрана и никогаш нема да сменам а мора малку.
Штедам само кога имам од оние каси што мора да ги скршиш за да ги земеш парите, или кога штедам со некој друг - на пример сестра ми
Воопшто не знам да штедам .. во година ипол работа имам заштедено дури 30 евра и тие не знам како сум ги заштедила )
Кога има од што да се штеди, најчесто се обидувам, ама не секогаш ми успева. Знам да си ја скратам чергата што би се рекло кога имам нешто наумено и најчесто успешни ми се обидите кога тргам на страна за патување и шетање. Тоа ми е највредно и секогаш наоѓам мотивација во момент кога треба да си скратам од нешто друго. Инаку за облеки и такви работи не штедам и не си вадам од уста, ако имам доволно пари во моментот да потрошам на нешто што ме бендисало го купувам одма и не го мислам понатаму. Порано си имав тактика уште кога ќе земам плата одма да купам нешто што стварно ми треба а е малку поскапо и да искеширам неколку илјади одеднаш, па понатаму да бидам приморана да ги распоредам разумно останатите пари. Инаку во спротивно сигурно ќе отишле натаму наваму во ветер и магла. Никогаш не сум имала некои преголеми примања за да имам големи заштеди, ама сигурна сум при прва таква прилика дека ќе одвојувам средства за некои пофини и покупни работи.
Штедам, тоа ми е од мајка ми школо и многу сум и благодарна. Работев 3 години, дома не ми бараа пари освен што самоиницијативно одев да испазарам во маркет за да го наполнам фрижидерот, така да платата ми беше исклучиво за мои потреби, па успевав и да си купам се што ми треба, да отидам на летување, а и да си оставам по некој денар на картичката од секоја плата. 15 месеци сум без работа, само последните 3 месеци барам од дома за мои потреби, инаку претходно цела година си купував и гардероба и козметика од мојата заштеда која ми беше добредојдена и сега кога заврши ми се плаче од што ми фали. Мајка ми секогаш вели - колку и да се, дали повеќе или помалку, заштедените пари ми се полно срце. И со моето искуство што го добив изминатава година, и те како ја сакам и поддржувам оваа нејзина реченица!
Заработувам сама и бидејќи знам колку тешко се заработуваат пари знам и да штедам. Нормално еден дел од платата го тргам за штедење а другиот за работи кој ми се потребни и за излегување. Досега од самата што заработувам си имам заштедено 3000 и нешто евра
за 2 години имам соберено толку, ама сега окрај сталната работам и нешто плус за да ожам да заштедам повеќе
Умеам да штедам, никогаш не купувам нешто безпотребно, секогаш трошам колку што е потребно, сите знаеме денес колку се потребни парите. Не можам да го разберам безпотребното фрлање пари од типот имам црвени штикли ама не се лаковани морам и такви да купам, а пари малку се па нема потреба да исполнуваме наши желби, а притоа останене без денар па кукаме... Инаку до сега имам собрано 4 000 ден. може не се многу ама за мене и те како значат.
Штедам пари за летување, тоа ми е огромна мотивација, а инаку ова животното осигурување што месечно го плаќам си го сметам за еден вид штедење.
со мојата мизерна плата луксуз ми е да тргнам пари секој месец ама затоа кога пазарам штедам колку што можам,на пример ќе ја купам истата работа од маркет каде е поевтино макар и за денар два и така секој ден и на крајот од месецот ке ми останат доволно пари за кога ке немам да си купам цигарчиња ....абе голема икономџивка сум
Сега кога ќе имам озбила работа добро платена и месечна плата со господ напред ќе видиме колку ќе заштедам,инаку многу сум сменета за разлика од тинејџерските години кои моите мораа секој каприц скоро да го исполнуват,сега сум мн зрела имам контрола над све знам што ми треба купвам и толку на глупости не фрлам пари беспотребно,нели алишта и козметика никогаш доста,без пари во мене никогаш не сум остала,а ако ми требат пари и стрикно за некоја цел штедам со цели сили си правам план и знам до каде се границите...