Знам да штедам и тоа многу...никогаш не сум ги потрошила сите пари што сум ги имала, дури често знам да земам колку што мислам дека ми е потребно, а другите да ги оставам дома, со цел да не се залажам да прикупам уште нешто...и да, најчесто ми притребуваат
Мојот став околу штедењето е дека не смее целата плата што се заработува да се потроши. Мора да се прават напори да се става на страна одредена сума зашто никогаш не се знае што носи животот - и добри и лоши работи. Најдобро е парите да се ставаат во банка и да се орочат, во тој случај нема опција да се извадат и да се потрошат за глупости!
Почнувам да штедам за нешто големо, и оние малку пари што ќе ги соберам за кратко време ги трошам на мали работи или излегувања Ете, толку умеам да штедам.
Зависи од периодот. Ќе дојде први септември и ќе потрошам се на гардероба. Истото и во мај-јуни , тогаш се частам. Сега моментално штедам
Знам да штедам и секогаш имам нешто заштедено се додека не излезиме со дечко ми и сё трошиме на јадење и пиење
се трудам да заштедам но не ми успева и тоа што ќе го заштедам го трошам на дечко ми да му купам нешто или да купам нешто за мене
Порано не умеев да штедам воопшто,така беше си имав свои пари и правев со нив што ми душа сака,а сега кога зависам од други повеќе си ги планирам парите и ги ценам повеќе,па така си штедам
Значи ич не знам да штедам. Абе кога имам пари, зборам за повеќе цело време мислам како и каде да ги потрошам. Затоа, еве веќе три месеци имам штедна книшка во банка на 60 месеци и секој месец си ја полнам со пари. Таму ми се најсигурни
Знам да штедам, иако ме фаќа по некој период кога купувам се и сешто и ги трошам безврска.. Еве сеа, за еден месец, потрошив повеќе од 4000 денари..
Ретки се оние девојки/момци кои успеваат да штедат, во таквата фаза од животот кога одиш на училиште и во факултет е сосема нормално некој да не распознава и да не се придржува до толку на граници за штедење пари. Бидејки таа етапа во животот на една девојка/момче едноставно е таква, исполнета со други окупации во умот и никој не очекува пари од вас ниту де има некои обвсрски кон друг. Повеќето луѓе учат да штедат кога почнуваат со своја работа и свои пари, кога сознаваат како се печалат парите секојдневно и кога двајца стапуваат во брак. Не за џабе рекле дека една доблест да се биде домаќинка и жена и штедењето и финансиите околу сметките и трошоците. Да така секоја етапа во животот те носи на различни страни, справување со најразлични ситуации и дека се е во свое време, па така и околу штедењето и финансиите во животот.
Koga bev devojce i ne cuvav tolku mnogu,no sega kako zena,svoja kuka i toa kako cuvam,duri i mm se cude zasto toj mislese deka jas poveke ke trosam od nego,no ispadna sprotivno
јас сум многу штедлива ги ценам паарите до динар али кога више кога се работи за мене значи се што сакам ќе си купам а др штедам а друг кога треба да частам ми се кине срце ахаххаха ама несакам ни мене да ме части никој затоа што јас несакам бекој послем тоа да ми вика еј јас ти купив те частев ее несакам некој да ми пререкува. И уште нњшто да кажам кога ќе ми побара некој цигара уфф си викам у себе и нонстоп им кажувам аа неможе мама ми кажа за утре ми се хахахах .
Штедам.Убаво ми е што имам таква навика ама тоа не значи дека сум скржава.Сакам и да частам и да си купам некое парче облека.Ама сакам да си имам и настрана.
Не штедев до пред некое време воопшто. Не постоеа пари што јас неможев да ги истрошам. Ама сега од кога почнав да живеам сама, од кога сама водам сметка за секојдневните трошoци и од мене зависи колку пари ќе имам и како ќе се снаоѓам, е богами видов дека сум можела и јас некој денар на страна да оставам.
Умеам да штедам, ама на крај сите наеднаш ги трошам, тоа ми е лоша навика инаку во глобала имам зачувано некоја паричка на страна, мене мајка ми повеќе ми штеди