Од кога почнав да работам почнав и да штедам. Успевам барем по 1000 денари да тргнам на страна од секоја плата, и досега не сум била во ситуација да бидам без пари.
Многу тешко..и криво ми е што не знам да штедам. Знам кога и колку да потрошам, знам да располагам со пари ама да штедам не можам. Заштедив пред некое време 100ка отприлика и ми стоеа на страна и планирав уште да собирам и на крај немав цигари а ни пари и оп отиде заштедата.. Ќе пробам пак да почнам.Десет денари, 10 нека се.
Не умеам воопшто. Ко да ме притискаат парите ако знам дека ги имам. Тогаш имам 300 идеи за да ги потрошам, тогаш ми требаат алишта, козметики, а за дома хемиски ствари обожавам да купувам. Денар на страна никогаш не сум тргнала, него често останувам без денар неколку дена пред платата зошто трошам многу. Кога ќе го потрошам и последното денарче се каам, паѓам во депресии, си ветувам себеси дека ќе се вразумам, планови правам за штедење и следна плата пак исто и така во круг.
Знам да штедам и поголемиот дел од парите ги трошам плански. Не памтам кога било, а да сум немала пари на страна.
Знам да штедам. Уште од многу мала секогаш имам на страна собрано и секогаш плански ги трошам парите.
Сега во последно време не штедам толку многу. Но кога бев мала многу ги штедев парите дури и парите за училиште за јадење што ми ги даваа си ги чував и не јадев.. Хаха.. Многу штедев за да си ги купам работите што многу ги сакав а знаев дека моите немаше да ми ги купат.. Но како што минуваше времето така и желбите заминуваа така да не знаев ни за што ги штедам тие пари..
Никогаш не си дозволувам да останам без пари. Штедам колку можам. Трошам само за најпотребните работи. Односно си ги пуштам нозете онолку колку ми е долга чергата, а притоа пазам да не останам без денар (да не биде салдото нула)
Сис колку згради имаш ако не е тајна ? Не знам класично да штедам . Трошам онолку колку што треба . Ако остане месецов нешто - арно,ќе си стои на сметка ,ако не остане - да сме живи и здрави
Знам да штедам многу. Никогаш не купувам на пр алишта ако не ми треба нешто специфично. Ама затоа постојано ми излегуваат непредвидени трошоци и треба цела заштеда да ја дадам или на глупав начин губам пари..
Знам да штедам и мора да се штеди, нормално колку може, во граници на нормала, за да се има некоја заштеда.
Во средно имав заштедено десетици илјади денари, не паметам колку, и си беа само мои Сега негувам отворен пристап кон парите. Од искуство на други луѓе гледам дека плашливост околу финансиите е зачаран круг, цел живот стискаат. Не се исплати за ситници.
$$$ Кој сака да штеди ова година? Имате план како да го правите тоа? Јас не сум добра за штедење. Или ќе ги трошам парите или ќе престанам да седам во "фондит". Парите што им ги даваат на моите деца роднините и пријатели ги сменав во евра, и ги оставив на место каде што ќе ми е мака да ги земам ако сум во криза за купување глупости. Има тренд во Мексико да се штеди секоја недела една сума ама секоја недела истата се сголемува. Ви споделамам табели како тоа се прави и ако некој сака, повелете линк на Ексел каде само треба да менувате почетна сума и колку сакате таа да се зголеми секоја недела. Во последните недели од годината мора поголеми суми да се штедат, но и тогаш е период кога повеќе трошиме во непотребни работи. Ако успеам да штедам на ваков начин, ќе одам во банка и ке ги отворам штедна книшка. Инаку колку и да имам во тековна сметка, обавезно ќе одат чаршија! https://drive.google.com/file/d/1ZcJvxLto8s4CjARQmXn2bhfSyTbaUexg/view?usp=drivesdk
Никогаш не сум имала проблеми во врска со штедењето. Не штедам со намера за да купам нешто поголемо или да ги вложам тие пари некаде, едноставно не осеќам потреба да се луксузирам, трошам само за основните потреби (храна, такси, лекови, сметки, книги).
Пред да тргнам на факс штедев многу. Сега мислам да одам до вц пари трошам. Ама сепак, никогаш се немам оставено без заштеда колку толку.
Како мали бевме дома многу сиромашни. Мислам дека од тогаш ми е таа навика да штедам. Или има нешто еврејско у мене Единствен кредит што го земав беше за колата кога ја купував и тоа кредит на 2 години, што го исплатив за 1 година за да не го мислам Не е дека пазарам само во Стокомак и Кам за да заштедам, ама некако често внимавам за да не дадам пари за џабе некаде. На пример за паркинг ми е најкриво ако платам. Затоа често знам да изберам кафич каде што има бесплатен паркинг. Ако сакам да шетам некаде на балканов, обавезно на групер гледам што има опции. Авионска карта купувам на време, за да не плаќам дупло непотребно. Храна си готвам за да не трошам за нездрав фаст фуд на работа. Такви мали навики, влијаат доста на месечната економија.