Да, да ииии да. Минатата година ми беше баш турбулентна и мислам најмногу ме научи како се штеди и планира. Периодов имам фиксен буџет да кажеме и се трудам да бидам максимално организирана. Водам список за трошоци (списоци се златна работа) и сум реална пред себе колку и на што трошам. Мислам порано ова ми било проблем, не сакав да знам колку имам точно зашто ми беше срам сама пред себе на што имам трошено пари. Сега не. Рационално распределени средства, плански буџет што каде колку, и самоконтрола. Ако нешто не ми треба и од количка во супермаркет враќам. Ако нешто ми прави мерак и реално можам да си го дозволам, од време на време не е страшно, напротив, препорачливо. Моментално ми е таква ситацијата да не можам да штедам поинтензивно, преку сметка/банка. Да се стабилизира малку, белким после август и тоа ми е во план, да си почнам посебена штедна книшка за недајбоже и дајбоже. Со оглед на тоа дека трошам за себе и немам обрвски према други сум задоволна. Но, кога ќе ми текне на моменти каква ни е ситуацијата со дм, знам дека ни треба плус буџет за стабилност некоја на двајцата и заеднички живот (и визи, ебате визите). Жал ми е што никогаш никој не ни одржал лекции за финансии. Кога ги гледам околу мене кој како располага со пари ми иде сите да ги седнам на една сесија. Нема ништо полошо од тоа да си ги буткаш сметките на страна и да не можеш да седнеш извештај од сметка да си видиш зашто не сакаш да се соочиш со тоа колку ти е долга чергата а кај ти се нозете.
едит ме нервираат тие што мислат дека ако штедат се попаметни и порационални па уште и продаваат памет, се си има своја цена, ја во моментот можда ќе потрошам но ќе земам тоа што ми треба и ќе уживам а ти се штедиш за нешто што не ти е сигурно у иднина, плус штедење ми е најлоша опција боље инвестирај отколку да штедиш, инфлацијата секако ќе ти ги изеде парите на подолг рок.
Па ние штедеме во смисла сите монети и десетки книжни што ги имаме секој ден ги ставаме во пластично шише. Од Велигден наваму имаме заштедени околу 100 евра и тие пари ни се за горивото за одморот. Друг начин на штедење немаме, пошто и толку ни се платите.
Незнам зошто некој не би можел да заштеде пари. Реално некој што има ниски примања можда стварно неможе ама тие што си работат и заработуват доволно колку толку можат да си дозволат да заштедат некоја мала сума на пари и 50ден и 100ден пак со време ке се собере некоја сума. Не сум тип на човек што едвај чека да дојде до пари и да ги потроше. Студент сум прва год и земав стипендија добра и си кажав дека тие пари ми се исклучиво за трошоци за факултетот. А стипендијата и не е баш мала дупла е од државните стипендии што се. И стварно само за тоа ги трошам. Не ми се најјасни луѓето што ќе кажат дека неможат. Зошто да неможиш? Не си доволно одлучен и решен, немаш самоконтрола при трошење на парите. Јас од секогаш сум сакала да си имам тргнато пари настрана уште како мала. Уште од прва средно парите за роденден/именден што ми ги давале си ги тргав настрана бидејќи можев да си дозволам и од тогаш не барам пари од моите за да си купам облека и обувки. Кога сакам нешто да си купам облека од таму зимам пари и си купувам ако сметам дека ке го носам. Како и сите и ја знам да бендисам нешто ама прво се прашувам имам ли каде да го носам?, ми треба ли да го купам или онака дека е многу убаво па го сакам? и ако не го купам едноставно не мислам веќе за да не ми е криво ако случајно се предомислам што не сум го купила. И не е дека не уживам ако не купам нешто во голем дел од случаевите не ми е криво дека сум си нашла нешто друго за што повеќе ми вредело да ги дадам парите и битно се носело и ми било поубаво. А имам и многу облека што и не ја носам а е нова, па гледам ако нешто не фрлам друго да не купам. Има луѓе што мислат дека уствари вака ние што штедиме дека 'се воздржуваме' или 'не уживаме' или пак дека сме 'стиснати' ама не е баш така. Трошиме пари на тоа што стварно треба за нешто што не е итно ќе си речам не ми е итно и нема да го земам без разлика колку сакам едноставно одлучна сум си. Пак имам се што ми треба и пак имам дури и вишок работи ама не премногу. Мислам дека ми е супер навика бидејќи утре ќе знам подобро да си ги организирам парите кога ке имам фамилија и ке знам дека секогаш имам и не сум останала без динар. И тие што мислат дека никој не треба да штеди не се во право дефинитивно, барем малку пари на сметка да имаш е одма подруго и нема да дојдиш во ситуација да немаш кога ќе испадне некој непланиран трошок во месецот и кусо пари да ти дојдат. * Нормално дека некој што има ниски примања нема можност да заштеде ама тој што може а мисле дека неможе неодлучноста најверојатно го спречува. *Незнам колку другите би се сложиле сомене ама сметам дека е добро рационално да си ги трошиш парите.
Уште живеам со моите, успевам затоа пола плата секој месец да си ја заштедам. Помагам по нешто со финансии дома, нешто трошам за себе, другото останува. Знам да штедам мислам. Никогаш не сум останала без да имам заштеда за себе уште од средно.
Штедам, ама мислам дека кога бев помлада повеќе бев штедач отколку сега. Сега па и со ова интернетот катастрофа, се нешто излегува, примамува, посебно попустите на книги на човек лиги да му потечат и како да штедиш. Почнуваш со една книга и како вртиш секоја наредна ти се допаѓа и на крај завршуваш со 7,8 книги и си ветуваш дека нема 3,4 месеци да правиш нарачки, кога за два дена поминуваш во парк и тамо штанд со книги! Убавини
Не сум по штедењето. Се што заработувам го потрошувам. Парите се за трошење и уживање а не за штедење
Како се справувате периодов, дали успевате да тргнете некој денар на страна или трошите се? Или ја сум единствена што трошам се...
Претерано штедам. Си купив фустан неделава и имам грижа на совест дека потрошив непотребно пари. Во кризата многу голема штедаџика станав, годинава на една рака може да избројам што ново купив. Само неопходни работи, минималист станав.
Не ме бидува за штедење,излегувам по едно се враќам со пет други нештаама затоа децата и маж ми се махери-тие штедат и за мене!
Умеам добро. Ми помага тоа што си имам план и замисла и гледам да си ја исполнам во даден рок. Знам колку пари треба да одделувам месечно и се трудам да го следам тоа. За сега е успешно.
Само пари што сум ставила на штедна книшка останале заштедени, дома штедење не ми успева, секогаш знам дека ми се дома на страна и ќе извадам за нешто, а вака знам дека нема вадење