Немам големи приходи за да успеам да штедам многу. Сите пари ми одат лесно, едно влегување во маркет да се испазари за неколку дена и 2000 денари ми одат, па што да правам со преостанатите 16000. Сметка за телефон да се плати, дома нешто да помогнам со финансии, отишле парите... Да живеев сама, со овие пари не знам ни како ќе живеев.
Ич не знам да штедам, за глупости давам пари.. Значи се да штедам, да штедам, и оп, на глупост ќе ги дадам парите.. Не останувам без пари бидејќи имам добра плата, ама немам ништо заштедено, на крај од месец, секогаш со 4-5 илјади на сметка само сум само.. Еве, последниов месец, 5 пара фармерки купив, без никаква потреба..
Не штедам, сите пари ги трошам на шопинг и патување. За кратко ќе го имам 5тиот одмор оваа година Но имаме на страна во банка па не се замарам. Си ветивме, од Нова година ќе почнеме пак да штедиме.. се до нов одмор или реновирање пак
Си водам сметка за парите, ама времето е дојдено такво каде што не можеш ништо да заштедиш. Треба ептен да си циција за да заштедиш.
Денес искрено не знам како се штеди, цел живот штедам на се, ама ваква криза не било до сега, дури мислам потешко се живее и од време на корона
Па како не е криза кога само еден леб е 40 ден. Леб да замесиш во поголем трошок си отколку да купиш еден... Како ќе се живее за 20 години којзнае...
Зависно од тоа колку можам ама гледам барем по 3 илјади денари месечно да заштедам. Не трошам на глупости пари што е најбитно
Порано ич, платата до денарче одеше на се што треба и не треба, ама со текот на времето се научив на самоконтрола, дека не ми е се неопходно истиот момент. Сега гледам колку можам повеќе да заштедам, не се скржавам ама да си имам на страна. Многу ми помогна правење распоред на трошоци во месецот, со добра организација се бива.
Од ноември до сега, имам заштедено околу 1.000€. Знам да штедам, но знам и да трошам на нешто што се исплати да трошиш.
Како за три месеци 1000 евра успеа да заштедиш? Освен ако не зимаш голема плата. Ако сакаш, сподели како, за да и ние нештедливите почнеме некако со штедење