Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали и колку умеете да штедите?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Trendafilka, 8 септември 2010.

  1. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.939
    Допаѓања:
    6.104
    Пол:
    Женски
    Јас се што ќе заштедам носам во банка на орочена сметка, зошто само така успевам да не ги потрошам, ако ми се дома обавезно ќе земам за нешто
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.939
    Допаѓања:
    6.104
    Пол:
    Женски
    За кога ќе немаш, а ќе ти требаат на пример
     
    На mama31 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. TwistedSister

    TwistedSister Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2026
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    92
    Постои паметно штедење и сиромашен мајндсет. Има голема разлика помеѓу овие две.
     
    На злоба, Снегулк@23 и ForeverYoung им се допаѓа ова.
  4. TwistedSister

    TwistedSister Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2026
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    92
    Материјално богат човек со „сиромашен мајндсет“ обично нема проблем со парите — има проблем со чувството на сигурност.
    Еве многу конкретни примери
    Во секојдневни трошоци
    Има милиони, а штеди на 2–3 евра бакшиш.
    Купува најевтино, иако квалитетното ќе му трае 5 пати подолго.
    Вози кругови за бесплатен паркинг иако времето му вреди повеќе од тие 50 денари.
    Не плаќа претплата/услуга што му олеснува живот затоа што „не вреди толку“.
    Во размислување
    Постојано збори „времињата се лоши“ иако реално е обезбеден.
    Се плаши дека ќе остане без сè, иако има доволно за 3 животи.
    Гледа трошок наместо вредност.
    Постојано се споредува со побогати од него и се чувствува „нема доволно“.
    Во бизнис
    Преговара агресивно за ситни суми, дури и кога губи односи.
    Не плаќа квалитетни луѓе, па губи талент.
    Во приватен живот
    Се нервира ако партнерот троши „превише“.
    Подароци дава со тешко срце.
    Љубовта ја мери преку финансиска контрола.
    Секогаш пресметува „колку сум дал, колку сум добил“.
    Парадоксот
    Има изобилство ➝ ама живее како да е во недостиг.
    Има моќ ➝ ама се чувствува ранливо.
    Има избор ➝ ама одбира рестрикција.
    На кратко:
    Сиромашен мајндсет кај богат човек изгледа како:
    хроничен страв
    опсесија со задржување
    неспособност да ужива
    недоверба кон другите
    Тоа е психолошка сиромаштија, не финансиска.

    Превземено од ChatGpt.
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.626
    Допаѓања:
    8.401
    Пол:
    Машки
    Колку е само во право текстот од ChatGPT. Јас би додал само уште нешто. Тие се најголеми ценкачи, а имаат пари.

    Штета шро средната класа во Македонија веќе не постои, туку има само висока класа и ниска. Високата класа само ќе си станува уште повисока, а ниската уште пониска.

    Богатите никогаш не биле штедачи. Штедат тие од ниската класа.
     
    На Alex.T и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  6. TwistedSister

    TwistedSister Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2026
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    92
    Текстот е за богати што имаат сиромашен мајндсет што се штекари и шкрти личности.
     
    На Снегулк@23 и Компир Манџа им се допаѓа ова.