Ако имам ситно, не можам да заштедам, ќе ми текне нешто да јадам, и одма во продавница, или ќе видам нешто убаво-мора да го купам. Help...
Кога не бев вработена и зависев од моите - незнаев да штедам. Кога ќе добиев пари ги трошев експресно - знаев дека кога ќе ги потрошам пак ќе мораат да ми дадат. Но откако се вработив работите се сменија. Сега многу повеќе внимавам што купувам и колку трошам, зашто кога ќе потрошам се - сега нема кој да ми даде. Сега знам дека морам сама да си плаќам ужина, да штедам за одмор, за фустан, за се што ми треба. Па така секогаш имам цел - и успевам да си заштедам некој денар. А како ми успева? Па кога ќе земам плата си одредувам - толку и толку ќе трошам овој месец, а останатите на страна. И скоро секогаш ја минувам границата на дозволено, но сепак се трудам да штедам
Јас и штедење...небо и земја! 1 денар да имам ќе појдам и такси мастика ќе се купам...не сум родена за тоа,а и немам таков дома!
Ни малку. Особено кога нешто вишок ќе ми се најде во џеб, како на пример на екскурзија или било каде, кај што моите не можат да ме сопрат. Трошам колку што имам, а после се чешам. Од таа причина и избегнувам да зимам пари како џепарац месечно или неделно. Се во едно искачање лета, па си земам од потреба до потреба. Дури претходното лето и платата си ја потрошив уште пред да ја добијам, односно да знам колкава ќе е. Фала богу бев доволно прецизна и трефив. Треба моќ за вакво нешто да се може, а јас не сум способна за истото.
Можам да штедам. Се случувало месец два да заштедам, бидејќи сум морала, сум знаела дека моите нема да ми дадат па сум морала колку толку да си соберам сама Иначе во последно време послабо, но секогаш успевам корисно да ги потрошам, си размислувам што ми е најпотребно во моментот и тоа го купувам.
Знам да штедам особено ако ми паднало нешто на око да си го купам или пак имам потреба од нешто. Порано трошев пари на глупости па ко ќе видев парите ми отишле за џабе а ништо не сум купила. Али фала богу научив денес да се контролирам и да не купувам што треба и што не треба.
Умеам да штедам..ако си замислам нешто да купам ќе заштедам...но ако немам ништо замислено..сад их видиш, сад их не видиш
Умеам да штедам. Значи, колку можам штедам за да не може никој да ме сопре кога нешто сакам да купам. Не се работи за не знам какви откажувања, туку едноставно кога да речеме за роденден ќе добијам пари за поклон ако немам потреба нешто да купам не купувам, туку парите си ги чувам. Кога нешто ќе ми притреба не барам од дома туку си ги трошам нив (иако тато ретко кога не остава да си ги потрошам заштедените парички ). Ама затоа пак кога трошам потрошено е: не внимавам на цени, го земам тоа што ми се допаѓа. Не ми е гајле дали за фустан или чевли ќе дадам 1000, 2000 или 5000, битно е да ми се допаѓа и убаво да ми стои.
Незнам да штедам,не ми успева никогаш па затоа не се ни трудам.Ако нешто случајно ми остане некој денар,го трошам до последен.И тоа е тоа. Му реков на дечко ми дека од септември ќе штедам,ама во банка,и тоа до наредното лето-здравје,за да можеме да си дозволиме одмор на некое егзотично и по далечно место.Но сепак,тие пари ќе бидат во банка,зашто ако ги чувам кај мене,тогаш ништо ни од заштеда ни од одмор.
Знам да штедам колку-толку. Порано не можев да заштедам ни денар, но затоа сега настојувам да имам некој денар на страна, не се знае за што може да ми затребаат. Не сакам да ги трошам парите на глупости, на непотребни работи, па од тие пари што ми се заштедени си купувам нешто што сум го посакувала долго време.
се додека не ги гледам може да се заштеди , а видам дека имам нешо баш тогаш ќе се падне период за све ми требаат пари те ова треба те она треба штедење може само ако ги претворам у евра
Пред да почнам да пушам секогаш имав пари во мене. Кога ке испаднев јадев што сакам, пиев што сакам, го имав секое можно кремче и сјајче од Авон и Орифлејм.. А сега гледам да имам само за цигари немам време да тргнам некој денар на страна .. Се трудам да си го решам проблемот.
штедам и гледам да штедам не дека земам голема плата, напротив гледам да ги смалам трошоците а од плата да тргам по 50 евра кој и те како ми се најдоа во моменти на кумство, роденденот на мојот сакан, сега и за одмор и да дотрошам се па нова тура на штедење се до свадба. Во принцип знам да заштедам за и тоа што ќе ми се допадне да си го купам. Секогаш гледам да имам пари на страна ете тоа сум јас штедливка
Да многу, особено од кога заминав да студирам надвор, претерано многу трошам пари за авионски летови, затоа собирам и купувам карти за некој месец однапред. Ако знам дека имам добар остаток,тогаш се препуштам на трошење.
Многу штедам. Штедлива сум по природа. Штедам за се, едноставно приридно ми доаѓа така Лошото кај моето штедење е што на крај парите ми пропаѓаат за глупава инвестиција заборавајќи низ што сум поминала за да ги заштедам тие пари. И пак си викам: Троши Лин, троши, живеј го малку животот! Пусто срце не ми дава, грр!
Премногу штедам. 3леи или паа 20ден да ми се плус ги тргам на страна....и секогаш си викам: За црне дане реина, за црне дане......
Ке бидам многу кратка во врска со ова прашање мојот одговор е Spoiler НЕЕЕЕЕ НЕЗНАМ ДА ШТЕДАМ и незнам дали ке научам аххх чевли чанти, копии витонки хај хилс шо ми правите хехехе
А во последно време сум супер, успевам да заштедам секој денар вишок си го ставам во касичка и многу ми е убаво вака кога и да видам нешто што стварно ми се допаѓа си имам пари да си го купам, браво за мене