Па знам да си штедам. Ќе собирам долго време за тоа што сум си го наумила, и после ќе си го купам. И после сум шворц. До сега 3 мобилни сум купила со мои пари. Накај 3то одд мислам дека бев, си купив еден за 3.000 После накај 7мо, си купив за 3.000 пак. И после за 4.000 си купив пак мобилен. И сега имам еден на сметка. За тие три моб. сум дала 10.000. Како и да свртиш, парите се ми се трошат за мобилни, и тоа тие „јаките“ ххаха. Ма да арен ми е тој што ми е сега. Знам да си собирам за лакови и тракатанци, ама тоа се помалце пари кога имам собрано. Иначе да кажам јас дома на моите сум им банка. И да немам пари ми викаат: не бе ти пуна си со пари. Да бе да вријам. Ќе ми речат, ќе ти ги вратиме тогаш, и ако не ги потсетам ништо, а ја не сакам баш и да потсетувам и.. Колку пати само сум дала пари за теписон, за ајвар. Ама тоа е.
Неееее трошам знам и да се задолжам.Имам штедено пари три дена паднам во искушение и ги тршам се во нив мислам.Пред некој ден ја прочитав книгата од Софија Кинсела (Купохоличарка) колку се пронајдов себеси во таа книга.Имам денови кога одлучувам да штедам но тоа трае неколку саати и неможам да издржам.Се доведувам во ситуации и без денар во џепот да останам. Незнам да штедам.
Порано бев многу подобра...но нели со годините се зголемуваат трошоците така да... I do it the best I can...
Па, да можам да штедам...кога ми требаат пари за нешто што ми е сварно потребно да...само во тие периоди гледам помалку да влегувам во продавници и парфимерии, зишто ако влезам знам да си купам и нешто што не ми е потребно
Ќе штедам, ќе штедам некое време, ќе соберам пари, ќе излезам без намера да купувам нешто, но, ќе видам убави работи и сите ќе ги потрошам на глупости (најчесто). Ептен избрзувам кога купувам, одма купувам, не гледам на други места и после се каам.
Знам да штедам ... Си надов и работа летово ..имено , за Пивофестот ќе работам тие 4 дена таман за џепарлак за на одмор добро ќе ми дојдат ..и тоа што си имам оставено настрана, ќе можам уште 5-6 дена повеќе да си останам Охрид
Јас умеам да штетам и тоа ми стана навика. А ќе продолжи и понатаму кога ќе си оформам свое семејство. Секогаш си имам пари на страна и си најчесто трошам за облека или па ако сакам да се прошетам во друг град. И за Италија си заштедив 50 евра. Епа сега толку можам да заштедам од мојот џепарлак.
мм да обожавам да штедам .. и си штедам и кога ќе си најдам некои пари кои сум ги заборавила веќе многу сум си среќна..
Штедењето ми е јака страна. Немам нешто конкретно на ум на што би сакала да ги потрошам понатака парите, ама онака си ги ставам на страна. Отсекогаш сум била штедлива Искрено.. си ја сакам таа своја особина
Кај мене тоа оди наизменично..има периоди кога штедам а има кога сум крајно расипнички настроена..па некој баланс се наоѓа..
Ејј како мала колку штедев, дури и на сметка во банка ги ставав оти мислев да не ми ги украдат, ама кога пораснав ем престанав да штедам ем сите тие од сметката ги потрошив.
Јас дефинитивно незнам да штедам. Па луѓе парите се наменети за трошење Значи кога и да дојдам до помала или поголема сума на пари, секогаш како да морам да ги потрошам во најбрз рок Дури некогаш имам одредена сума на пари , и после 4-5 дена се имам потрошено, а не сум си купила нишо посебно за мене па еве да кажеш од овие пари го купив тоа и тоа едноставно изчезнуваат Но исто така сум приметила колку повеќе си стиснат и пробуваш да штедиш , толку повеќе имаш потреба од пари и баш во тој период ќе ти излезе нешо и тоа што си го заштедил треба да го вожиш и плус да чукаш глава од кај да најдеш уште што ти е потребно, за разлика од кога ќе пуштиш срце и ќе речеш "не штедам па што сака нека е" тогаш ќе ти се отвори некоја врата и нема да осетиш некој недостаток на пари, дури ќе ги имаш повеќе од потребното.Барем ова на мене ми се случува.
И јас и мм сме големи штедаџии и тоа најмногу ни помогна кога во браков буквално почнавме од нула. Едноставно таа особина е вродена, маката донекаде може да те натера, ама ако не си роден таков, многу тешко. Свекор ми ни се смее ни вика сме ги утнале професиите, требало да учиме за економисти
Е темава специјално како направена за мене Многу се гордеам кога зборувам дека имам навика да штедам Средношколка како и сите други, купувам се што ми треба-но со мои заштедени пари. Кога ми дадат за храна си купам но и дел од парите си ги чувам. Кога некој дојде на гости или идам некаде па ми дадат пари исто така не ги трошам на глупости како мојте другарки, едноставно си купувам она што мислам дека стварно ми треба и ке ми послуже. Многу сум штедлива и многу се ценкам хехех Ама што да правам навика ми е дали оти од мала кога сум им тражела пари па не ми давале секогаш од дома за се така што се навикнав сама да си збирам и штедам. Некогаш дури мојте тражат пари од мене оти знаат дека секогаш имам
Јас многу сакам и умеам да штедам Од мала кога ми остануват пари си чувам настрана и кога ќе зберам доволно си купувам нешто што ми треба Кога бев мала збирав железни парички и собрав едно ќесе Ама дома ми се налутиа зошто сум ги чувала бидејки јас од школо од парите се си ставав во ќесето Сега збирам понекогаш за пар штикли или некое фустанче или фармерки
Денес ги зедов во раце последните 2000 денари од целокупната сума (25.000) кои ги заштедив лани летото... па еве ме држеа до сега а кај и да е, за 2-3 дена почнувам на работа, па нема да ми фалат пари. Среќна сум што умеам да штедам и да се радувам на мали работи.