Јас пак многу штедам, не сакам да трошам прекумерно се чувствувам виновно кога ќе купам нешто поскапо, но сепак треба да си дозволуваме мали уживања во тој поглед, со тоа што се треба да биде со мерка и да не се претерува. Инаку убаво е да се штеди бидејќи така, барем јас, се чувствувам пополезно, дека сум повеќе во контрола.
Штедам преку година за на одмор да трошам. Исто така штедам помали суми за некои мали задоволстава како монистри, лакови, шминка, книги. Ама дефинитивно си го организирам мојот џепарлак зошто поубаво ми е да си купам нешто од пари кои сум ги заштедила отколку од пари кои ќе ми ги дадат моите.
дефинитивно не знам да штедам ама на секое денарче ќе му го најдам чарето некогаш успевам да заштедам некои мали суми ама за брзо и тие си заминуваат
Воопшто не знам да штедам ќе се потрудам понекогаш да си заштедам некој денар ама не и не како дупено е ќесево мое Не знам да штедам ама знам да трошам
штедам пари кога ке бендисам некое парче облека или обувки за тоа штедам имам и касичка во неа собирам железни пари и ја пракам мајками во продавница да ми ги смени или пак ми дава пари па од зелезните пазарувам секој ден
ДО пред некоја година сум имала дури и по 5000-6000 ден, а сега некои ситни суми ми се вртат и не можам да заштедам никогаш доволно и кога ке ми требаат за нешто пари а мислам дека можеби за тоа нема да ми дадат, земам од моите дупло пари. Пример ако ми треба да купам нешто од 100 ден, јас ке им земам 200-250 и неколку пати така и ете ми пари
Не бре, не можам. И пари да ми останат од искачање, ја уште утрото трчам до продавница да си купам нешо, колку да не ги потрошам на глупости. Инаку и тоа е дел од мојот нов таск, ќе мора нешто да се заштеди, не иде вака, не за џабе економист сум. Но koга се решавам за толку сериозен чекор, ќе го направам на сериозен начин, зашо парите под перница ми лизгаат.
Умеам да штедам. Кога ќе си поставам за цел да заштедам некоја сума, скоро секогаш успевам во тоа. Дури понекогаш мислам дека сум многу строга кон себе!!
Не умеам, никогаш си немам купено нешто со пари кои што сум ги штедела одредено време, секогаш сум била финансирана од мама, тато, баба, дедо и остали. Единствено знам дека сакав да почнам да ставам ситни пари во шише, ставав некој период, ама дојде време кога останав шворц од неконтролирано и не добро испланирано трошење на џепарлак, па морав експресно да идам во продавница и да ги сменам. Толку е моето искуство со штедењето, со сила штедење не бидува.
Умеам и тоа како. Па цел мој школувачки живот бев благајник Шала на страна. Јас сум каса прими во нашето мало и скромно домаќинство. Целиот домашен буџет е кај мене и вршам распределба на средства...значи пазарам, плаќам сметки и останатото го тргам на страна и штедам за родендени на пр., за одмор, за Нови години и др. прослави. Можам да се пофалам дека сум си економична, не скржава...економична Водам есап и пред нешто да купам обавезно си се преиспитувам дали вреди нештото за парите и дали ми е потребно, не се истрчувам. Не сум некоја си растурикуќа и се расфрлам како денес да ми е последен ден..водам евиденција и сметка да има и за утре (под утре се мисли на неколку месеци унапред). Дури можам да кажам и дека сум како сопирачка на автомобил...кочам и на мм често му викам-и што ќе ти е сега тоа...Бог да чува...се расфрлаш за глупости Добро сега, ако видам нешто што ќе ме погоди право во срце и морам да го имам, го купувам без многу-многу думање
не знам! или знам, не знам како да го дефинирам тоа, пример ми се свиѓаат фармерки од 3500 и ќе ми речат до 2500 ти давам за фармерка, и така идните две недели ќе штедам, ќе склопам некако уште 1000 и одма ќе ги потрошам со дадените 2500 (не)штедење е некако моево. морав да редактирам, заборавив да напишам тие две недели штедење ми се смртќе се опуштам ќе потрошам пак и од нив, и после уште повеќе се стегам за да ги вратам ем потрошените, ем тие што ми ги дале а требало да ги заштедам..затоа не ги ни носам сите отсеа,пошо ни ф од фармерка нема да се види!
штедам само кога немам доволно пари а нешто сакам да си купам. но во последно време тешко ми оди како што доаѓаат парите, во наредните денови сите ги трошам.порано многу штедев но сега нема шанси да не ги истрошам и тоа се за глупости
Незнам и неможам да штедам .Динар немам настрана.Се доведувам во ситуација пред плата да сум без денар во ташната и почнувам да позајмувам.Две плати однапред ми се потрошени.Крај и ред на трошење немам.Да пукнам се сакам.Се мразам на моменти што сум таква.Никако ред да фатам на штедење.
Штедење? хм.. Не баш Секогаш кога знам дека имам пари во мене ги трошам. Еднаш во живот сум штедела итоа си заштедив јаки 5.000 и следниот ден ги земаа мајка ми и татко ми. Затоа веќе не се ни обидувам, ако имам трошам ако не.. ништо
Па...зависи што сакам Ако ги штедам онака за да ми се најдат некој ден претежно стигнувам до 2000-3000 денари и ги трошам А ако имам цел за нешто, ако сакам нешто а моите не ми даваат пари способна сум да се откажам и од јадење ако треба
Умеам да штедам. Ми останува кусур секое излегување го тргам на страна не заштедувам некоја голема сума на пари но за да си купам шминки, лакови за нокти и некоја друга козметика има
Да, штедам и тоа секогаш(навика или не - незнам)...обично баба ми и дедо ми ми даваат од пензиите, ги собирам и потоа си се почастувам, било со некое парче облека или пак нешто благо (голем љубител на благо сум )...но и секојдневно, било парите што ми ги даваат за излегување или за во школо, трошам онолку колку што ми треба, а останатите ги чувам...не сум таква колку што имам да потрошам