Ич не умеам и последниот денар ќе го потрошам. Некогаш кога ќе запнам можам да заштедам. Еве од утре почнувам да штедам !
умеам да штедам(малку ми требаше охрабрување додека да почнам) и за сега добро ми оди ке видам колку ке успеам да заштедам
Пааа... Знам да штедам дур не видам некое добро парче облека Потоа се фрлам во шопинг и сите пари ашшшшш Сериозно.Не сум некој голем штедаџија,циција што оди со искинати чорапи,а парите ги стега под перница.Е такви луѓе многу ме нервираат Добро е да се знае да се штеди,да се обезбедува иднината,но не болно штедење!
Супер ми оди штедењето само ако не влезам во некоја парфимерија.Е тогаш, фрчат пари на сите страни-за лакови, сјаеви, парфеми...
Умеам да штедам. Кусурот што ќе ми остане од школо, малце од баба и од дедо, па од сведителства, родендени - се собираат. Ги трошам најчесто за ташни, некои поскапи, козметика, парфеми. Само ми треба да си зацртам цел, ма да и да немам - си штедам за црни денови. Spoiler Обично кога ќе си имам зголемување на капиталот си ги менувам во евра, вака во денари богами незнам дали би можела да заштедам многу.
Штедам за факултет секој ден ми даваат 300 максимум јас 100 во каса 200 у џеб не да се фалам ама така е
Па не штедам во оној смисол да барам низ цел град за нешто 2 денари поефтино да си купам. Си ги штедам парите кои си ги планирам за некоја намена, на пр. за облека сум планирала да ставам настрана толку и толку пари и тие пари не ги чепкам дури не си го купам тоа за што биле наменети. Ова горе - доле успевам да го реализирам
Здраво! Јас сум нова и ми се допагаат работите кои ги има на Femina. Околу штедењето на пари мо`ам да ка`ам дека јас мо`ам да заштедам пари, но после некое време незнам како да ги за`увам .Мојот проблем е тој не мозам да ги задр`ам заштедените пари кај мене.Ке штедам и на крај сите ги трошам. Поздрав!
Да, знам да штедам и тоа многу. Најмногу штедам во учебна година од џепарлакот што ми го даваат моите за на училиште за храна, јас ќе се најадам дома и затоа на училиште речиси никогаш не јадам .Заштедувам пари и за такси, посебно сега летно време, секогаш до дома си одам пешки, со такси многу ретко.
Ако си зацртам некоја цел во главата и затоа да ми требаат пари си чувам, малку по малку, денар по денар.И тоа најчесто штедам од дома што ќе најдам некој денар или од кусур.Парите дадени за излегување, школо до ДЕНАР ги трошам, абе се што треба и не треба ќе купам важно денар дома да не се врати . Најчесто вака за лакче некое, парфемче, ама сега за пегла пари си чувам, досега собрав дури 140 денари . Ама полека но сигурно штедам јас :geek: .
Не ме бива баш. И да штедам долго време на крај полека ќе почнам да ги трошам парите и нема да ми остане ништо. Ама од септември ако треба ќе гладувам во школо и ќе си идам пешки ама ќе штедам пари!
махер сум за трошење пари, штедењето за мене е непознат поим , доуша сум имала многу обиди да штедам ама неуспешни, и еве ке си ја спомам мајка ми што стално ми вика ќерко од тебе домаќинка не бива денар неможеш да свртиш
Да, сакам да штедам, се трудам да заштедам и ... задлабочена во тоа мое штедење не заштедувам ништо...