Јас и штедењето - 2 различни света. Не успевам ни еден денар да заштедам. Не знам како можам така ни сама, ама како што вели мајка ми 1000 ден. да ми даде додека да трепне ќе ги снема. Се сместувам во групата на нештедачите
Незнам луѓе вие како успевате да штедите алал да ви е, али мене просто ко парите да ми исчезнуваат а ги допрам!! Кога бев помала знаев да си заштедам доста, али од друга страна тогаш и не сум имала каде толку да ги трошам. Сега додека имам пари во новчаник едноставно неможам да седам мирна а да не ги потрошам на нешто. Многу лоша навика. Ако имате некој рецепт за штедење кажувајте затоа што вака не иде
Можам да штедам но само ако сакам и си заштедам некој денар и ги лупнам за глупости и затоа веќе не штедам
Не знам и не сакам да штедам. Се нешто што ми се свиѓа одма си го купувам, или што и да ми се пие и јаде, без двоумење го купувам.. Сега не сум дошла во ситуација да треба да штедам, но верувам ако некогаш морам, дека ќе издржам.
Порано, кога бев помалечка многу штедев. Секој денар што ќе го добиев го тргав на страна. Сега е подруго.. најчесто на ситници ги трошам. За накит, за излегување и сл.
И јас како помала премногу штедев и потоа ќе си купев нешто вредно ,но како што пораснував се помалку и помалку..незнам зошто така,ме копка цело време зошто да ги чувам тие пари кога немам причина и затоа не штедам,неможам...но кога сакам да си купам нешто и ме е потребно е тогаш како штедам парите кои што ми ги даваат и 10 денари да се се тргат на страна мака ми е што спаѓам во тие што не се по штедењето
Штедење...незнам каде да се сместам...ако е штедење собирање на железни паричи и после да си купам нешто така што ми треба можеби сум штедач, знам да заштедам кога имам повеќе пари во мене ама ако ми затреба нешто си купувам, ако излезам со друштво колку и да имам во новчаникот све ќе потрошам така да нешто измеѓу штедач и нештедач сум, кога нешто сакам да си купам си собирам парички
Знам да штедам, и да трошам во последно време кон она второто идам дека поголема и ми треба она ми треба ова па за искачање парички трте мрте Ко помала од родендени од именден од тоа што ми давале пари се си ги тргав на страна и ми ги ставаа моите во банка, а сега ги трошам за облека, патики, лакови итн.
Јас секогаш штедам...моментално си имам 3000 ден и со ови пари планирам да си купам чизми и некоја блузичка...имам време за чизми таман до тогаш ќе присоберам уште малку
Јас секогаш си штедам железни парички ,си купувам касичка од оние металните што не се отвараат и во нејзе собира од 3000-5000 ден зависи од тоа какви парички ставам
Моја најголема мана е што незнам да штедам ама ич. Мислев дека кога ќе почнам да работам ќе почнам да штедам, ама јок, како си дојде платата така си отиде, дур да трепнеш. Најмногу трошам на гардероба, парфеми, шминки, излегувања со другарки и слични ствари. Од мала сум таква, никогаш неможеше кај мене некој денар да се сврти. Еднаш додека бев помала, некаде околу 6-7 години, со мајка ми бевме во комшии и го пратија комшичето(девојче на моја возраст) да купи зејтин. Ајде и јас да и правам друштво, ми даде мајка ми 100 денари да си купам нешто и си ги потрошив. Ама што е најтрагично го убедив и тоа комшичето да изнакупува и што и треба и што нетреба, демек да не останело кусур. А на девојчето му имаа дадено 500 денари. Сите ги потроши. Чипс, смоки, сокови, чоколади едвај се однесовме. Ама кога стигнавме настана хаос. Мајката на комшичето кога почна да ја кара да и вика, ја стојам како пос****а уште да заплачам. И не врати во продавнивата сите до една работа да ги вратиме. И ги вративме. Среќа што ни беше малска продавницата па продавачот виде каква е работава и ни ги врати парите. Али после си го добив од мајка ми, веќе не ми текна да убедувам други деца што да купат.
Па не сум баш штедлива..но пред 4 месеци добив на подарок касичка-прасе и од тогаш секој ден ставам по некој денар така да почнав да штедам и јас. Планирам да ја скршам кога ќе бидне година дена откако ја добив (освен ако не искрсне некоја вонредна ситуација)..се надевам дека ќе соберам доста парички..а на што ќе ги потрошам..ее тоа ќе видиме.
Имаме дома една фамилијарна касичка во која остава ситни парички кој како стигне. Па никој не сака железарии во новчаник што тежат. Инаку јас, покрај тоа си оставам пари на страна, а потоа најчесто отпосле кога ќе соберам некоја поголема сума, ги трошам на облека, чевли, козметика, шминка и слично. Не сум таква што мора да го потроши секој денар што го има, така што не ми е проблем да штедам.
Да направам разлика во цени умеам, и според мене и тој е еден вид на заштедување, но да заштедам буквално,не баш.Секогаш нешто ми фали,ми се засвигува нешто,и се нешто ми виси на ум како следно на списокот,па кога ке видиш според кажаново,нема шанси да заштедам вака Мегутоа,не дека не би можела,апсолутно,знам и да си ја дарувам душичката,но ако проценам дека е момент за штедење,сигурно не би ми било тешко да заштедам,бидејки не сум некоја размазена па да се мавам по свашта и да припагам ако не го купам,а и всушност не купувам работи со астрономски цени,такада нема да ми е проблем.
Ич незнам да штедам. Обично татко ми знае да ни даде со сетра ми пари или мајка ми, но таа само пред некој настан роденден, божиќ и сл. Тие ги чувам додека не решам да купам алишта и козметика со нив. Имам другарки кои заштедуваат од парите за школо. Јас нема шанса. Е од излегување може нешто, ама ретко.
Не знам да штедам кога сум излезена, кога купувам гаредероба. Некогаш знам да си оставам 30 денари за пат до дома и другото се што е во мене да потрошам. Штедам само кога пазарувам. Каде што се симнувам има Кам маркет, па моите тоа што ми порачале го купувам од таму , а не од маалската продавница. Колку-толку се штеди. Претежно купуваме поголеми работи, затоа што се поефтини од оние со помала грамажа, а секако ќе потрошиме колку големото паковање во месецот. Переме на ефтина струја и готвиме на ефтина. Бољерот зависи кога како, ако ми треба итно сигурно дека нема да чекам ефтина струја. Летно време имаме бавча, па штедиме со тоа што не купуваме домати, пиперки , краставици. Не е некое штедење, но ем мајка ми има занимација, ем поздраво е од купечкото. Штедиме со тоа што секогаш имаме готвена храна, а не да јадеме брза храна или пак било што што има во фрижидер, зошто сме пробале и така ама повеќе трошиме Штедиме со тоа што купуваме свиња, па имаме месо ем постојано, ни се фаќа поефтино, а и знаеме дека месото е убаво, затоа што свињата е хранета со убава храна. За разлика од мене и мајка ми кои знаеме да се вратиме без денар, мислам дека сестра ми се враќа со плус Кога добиваме двете пари мене однапред ми се испланирани на што ќе ги потрошам, а неа за што ќе ги заштеди.
Па не дека сум некој голем штедач,но доколку ми требаат пари за нешто важно тогаш си штедам и не ги трошам на гардероба,чевли или слично.Еве на пример од одморот летово зацртав дека ќе вратам пари затоа што ми се испланирани за друго нешто и вратив,не ги потрошив.
Порано, кога моите баби и дедо беа живи, штедев затоа што од сите страни имав прилив на пари. Дете како дете, на што може да троши пари, на некој тост, пијачка во диско и сл. Сега, кога горенаведените особи се починати, единствен приход ми доаѓа од моите дома, кои се трудат да задоволат неколку стомаци и потреби, и нема многу пари одвишок за давање. Па затоа, гледам колку што можам да штедам, но и тоа што го штедам за кратко време иде во неповрат, најчесто за козметика, за јадење, за излегување, ништо посебно.