Дали и колку јадете лук и кромид?

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од kolovoz, 4 ноември 2011.

  1. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    6.181
    [​IMG]
    ДА или НЕ за лукот и кромидот...
    Намерно ја отворив оваа тема , сакајќи да го дознаам вашиот став за овие две култури добро развиени во нашата ни мила Македонија?

    Дали сте од оние кој воопшто неможат да ги поднесат-ни мирисот ни вкусот, кои и покрај сите научни медицински тврдења за тоа колку се тие поволни за нашето здравје но, и покрај фактот што најдобрите светски готвачи неможат да го замислат оброкот без додаток на еден од нив во него,напоменувајќи дека всушност најдобриот вкус и мирис на едно јадење доага од нив...ВИЕ СЕПАК ВЕЛИТЕ НИКАКО, НИКАКО

    Или пак сте од оние кои сепак сакаа да го конзумираат но само под услов тој ден да не излегуваат од дома..значи од они кои ДА САКАМ ДА ГО КОНЗУМИРАМ НО СЕПАК МАЛКУ ПОВЕЌЕ МИРИСА , НЕЛИ НЕ Е ПРИЈАТНО ..па не сакам да седам во автобус и сите да бегаат од мене

    Или пак вас воопшто не ви јасно зошто тоа на некој би му сметало, сепак тоа е само еден дел од исхраната па нели 10ка без кромид не бива, и што има некој да бега од вас секој ке прави како нему што му одговара , тие се дел од сите светски кујни како италјанската-tzatziki sauce,Garlic Breads, француската-French Onion Soup, шпанската-"Cebolla Confitada" , "Base de Sofrito", и уште многу други ПА ЛУГЕ СЕ ЗНАЕ КАКО Е ВКУСНО
     
  2. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    226
    кромид/лук или пак ни лук јал ни лук мирисал

    Сакам да конзумирам и лук и кромид меѓутоа во ограничени количини и најчесто кога со сигурност не одам нигде знам да си каснам со некоја храна лук или кромидче. Доколку се случи да треба да одам негде неочекувано ќе изџвакам малку свеж магдонос и мирисот паминува.
     
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    кромид/лук или пак ни лук јал ни лук мирисал

    Си апнувам кромид :lol: лук не ама кромид си апнувам :lol:
    Го сакам похован пресладок ми е
    [​IMG]
    Го сакам и во салата поготово со патлиџани, а пак кромид и ќебапи права ствар :D
    За со ќебапи го сакам ситно сецкан со веѓета, масло и оцед :)
     
    На antonela-ela, skyAngel и ludoto19 им се допаѓа ова.
  4. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    кромид/лук или пак ни лук јал ни лук мирисал

    Ги конзумирам и двете. Се знае дека дека се многу здрави и богати со витамини, а и не само ради тоа, секое јадење има посебен шмек со кромид или лук. Околу миризбата што се шири после нивно конзумирање :D , па нема да лажам, мирисот ми смета посебно од лукче ( :doh: ), ама тоа не ме спречува да ги конзумирам :D Сепак внимавам на околината и најчесто ги конзумирам кога знам дека ќе останам дома :lol:
    Како и да е, ДА за лукчето и кромидчето :up: :mm:
     
    На aerodrom му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Monchence

    Monchence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    15
    кромид/лук или пак ни лук јал ни лук мирисал

    знам да си апнам и лукче и кромидче ... Имам слушнато дека ги топат маснотиите :)
     
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.188
    Пол:
    Женски
    кромид/лук или пак ни лук јал ни лук мирисал

    Најздрави се :D најмногу јадам лук, а не толку многу кромид, е сега ова важи ако не излегувам некаде,не би сакала да мирисам на лук :D а што е најчудно кога јадам не го чувствувам мирисот :^) кромидот некако не ми е баш омилен :D ама лукот го сакам.Не би требало да не се јаде поради мирисот, кога се знае дека се најздрави, сепак има начини како да се неутрализира миризбата :)
     
    На aerodrom му/ѝ се допаѓа ова.
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.308
    Допаѓања:
    90.209
    Пол:
    Женски
    кромид/лук или пак ни лук јал ни лук мирисал

    Уште од многу мала моите ме научиле да јадам и лук и кромид и благодарна сум им за тоа. Па не можам да замислам тавче-гравче без лук. Само јас претерувам, не јадам чешне, две него јадам цела главица. Кога јадам кромид не внимавам на тоа дали ќе излегувам или не. Но, кога јадам лук, внимавам барем дента никаде да одам, затоа што повеќето од моја околина не го јадат. Па и сестра ми не спие со мене во иста соба кога го јадам :rofl: За да не мирисате псоле лук убаво е да се џвака магдонос, да се пие сок од боровница или млеко. Е ова со млекото не ви го препорачувам, зошто млеко и лук :puke:
    Двете се многу здрави, а и кога не ми сметаат на организмот, зошто да не ги јадам?
     
  8. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    кромид/лук или пак ни лук јал ни лук мирисал

    Натепај се лук или кромид и после камион со Орбит не те спасува. Ќе бегаат од тебе како од ѓавол :D
    Не поднесувам мирис на свеж лук или кромид. Во манџа или похован кромид јадам, откако скроз ќе се изгуби вкусот и мирисот, инаку нема шанси ни во салата ни во ништо.
    Сум слушала дека се многу здрави, посебно лукот како природен антибиотик и го намалува крвниот притисок.
     
  9. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    кромид/лук или пак ни лук јал ни лук мирисал

    Ни лук јал, ни лук мирисал. Освен чипс со грчка салата, не јадам. И тоа после 3 дена си смрдам. Миј заби колку сакаш, џвакај мастики колку сакаш.
    Инаку сите манџи и тракаталци се прават со кромид, лук. Насекаде ги има, но не во голема мера за да си мирисам :D
     
  10. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    кромид/лук или пак ни лук јал ни лук мирисал

    Ропам!!

    Обожавам кромидче со скаричка, или со шопска, или па со шо и да е, а лукче па мммм, лукосани пиперки, милина! Грав со лукца обавезно, салатката моја омилена со модри патлиџани, магданос и лук мх мх мх.

    Пазам кога јадам лук, зашто мириса цел ден, обично јадам кога знам дека си седам домче цел ден, и дека сама ќе си се осмрдувам, зашо лукот стварно мириса мн појако од кромидот, а кромидче, можам секогаш да се наропам, не мие проблем, ама пак, гледам да остане луфта од некој час, за да можам да апнам и нешо друго после, заби да измијам 2 3 пати, и мастичиња обавезно.
    И обожавам лукосани чипсови, само такви јадам :D

    Да живеат лукот и кромидот би рекла, многу се здрави, и многу ми се вкусни :clap:
     
    На icegirl и Gordana10 им се допаѓа ова.
  11. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    кромид/лук или пак ни лук јал ни лук мирисал

    Кога готвиме дома обавезно (зависи што готвиме) скоро секогаш користиме лук и кромид. Е сега кога се приготвени не мирисаат толку, колку ако се употребуваат свежи. Лукот кога се јаде свеж не приготвен тогаш е само неподнослив. Можам да претерам со лук и кромид само кога знам дека цел ден ќе бидам дома и дека немам најавени гости. Познавам личности кои не сакаат кромид и лук во ништо а мене тоа ми е чудно, јас неможам да си замислам ориз во тавче без кромид и морковче, или пак грав без кромид(сварен и изпасиран).
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.750
    Допаѓања:
    80.961
    Пол:
    Женски
    кромид/лук или пак ни лук јал ни лук мирисал

    Море ем лук ем кромид јал и пак на нив не замирисал. :D
    Е така е кај мене, барем се трудам да биде ако не друго.
    Ги обожавам и не можам да замислам салата, шопска на пример без кромид - тоа ти е ко чичко Милован без неговото меко ''Л''.
    Исто и киселите пиперки во масло и магдонос не можам да ги замислам без лук, макар ситно исецкан.
    После јадењето лук/кромид и слични ароматизирајучи производи, ги мијам забите, џвакам мастика или подолго време каснувам ментол бонбончиња па се неутрализира миризбата и све је у реду.
    Плус лукот е мнооогу здраво нешто, дедо ми секогаш вели дека тоа ти е природен лек за 99 болести и превентива од истите.
    Кога беше еуфоријата со свинскиот грип, мајка ми ни обезбеди и капсули со екстракт од лук, кои јас ич не ги љубев, поубаво ми е кога го осеќам вкусот на свежо лукче, мм. :mm:
     
  13. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    кромид/лук или пак ни лук јал ни лук мирисал

    Си јадам и едното и другото, само лук додуше одамна немам јадено, а и многу поретко го јадам од кромидот.
    За разлика од кромидот, мирисот на лукот е многу потешко да го тргнеш и во ист ден кога излегувам, јадење не :shake:
    Што и да јадам од лук или кромид, заби ми се чини мијам на 15 минути со еден тон паста, џвакам лути мастики итн, бидејќи не сакам ни дома да ми мириса :)
     
  14. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    6.181
    кромид/лук или пак ни лук јал ни лук мирисал

    темата ја отворив како инспирација од претходната недела.....Бевме се договориле со другарките да имаме така кажано женска вечер- да одиме на вечера да се опиеме, па подоцна во дискотека, и.... одбравме италјански ресторан.
    Јас лукот не го сакам многу, ми прави проблеми со желудникот ама како да не јадеш од оние лебчињата со лук кога си во италјански ресторан. И така знаејќи дека ке излегуваме по вечерата, се мислевме со моите девојки-(другарките- така си ги викам) дали да јадеме или пак не. И затоашто неможевме да одолееме така фино се најадовме со лукче, што кога излеговме мислам дека сите бегаа од нас. Замислете само 7души што јаделе лук на едно купче :rofl: коа атмосфера :rofl: . Нека што ни беше срам од мирисот, нека што бевме пијани, -мислам дека бевме подвижен циркус на неделата...тешка селјачана :lol:
    така да ке речам да за лукот и кромидот

    Затоа што темата е лук и кромид мислам дека ке биде добро да си споделиме и некоја тајна за нивното сечкање- затоа што мене искрено ми прави проблем , ужасно ми течат солзи кога ги сечкам а баш сакам да се исечкани на ситно. Мене ми кажаа да си ставам наочари за сонце 8) па сум баш забавна во кујна, но искрено баш и не ми помагаат...знаете ли вие некоа друга тактика па да ја применам?
     
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.972
    кромид/лук или пак ни лук јал ни лук мирисал

    Паа, немам некој посебен афинитет кон нив, свежи, но во секое јадење дефинитивно го даваат главниот вкус! Е, кога се готви нешто со кромид посебно, се закачува една таква гадна миризба на сите коси, фотелји, алишта, крпи и се во околината, мислиш во сржта ќе ти навлезе. :D

    Сепак, тој проблем е решлив со луфтирање, па можеме да продолжиме во уживањето на јадењето.

    И јас обично јадам кога нема да одам никаде, арно ама, како за беља, еднаш така убаво си каснав кромитче со скаричка, па испадна таква прилика вечерта, што не можев да ја одбијам. Среќа што има пасти за заби, четки и други тријачки и мијачки средства, па се спасив. :D

    Кога одев на фитнес, една жена, цело зимо ни објаснуваше како тоа јадела лук секој ден, во големи количини. Штом се запролети, дојде топло време, сите повеќе се потевме, абе женава труеше на лук. Потта и мирисаше на лук и мораше да вежба на крајчето, до вратата. Некој кога ќе ја подотвореше, ФИУУУУУУУ луково ветренце. :D

    Така да, пазете се, таа миризба е многу јака. Оти ќе ве пишува некој по форуми. :D
     
  16. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.577
    кромид/лук или пак ни лук јал ни лук мирисал

    Јас сум повеќе љубител на кромидче, лук свеж не конзумирам и поради мирисот, но и немам навика, единствено го сакам само во некои комбинации во зимнициве со пиперки или моркови вметнат и толку. Инаку кромид сакам и млад и стар и бел и црвен и свеж и зготвен и со скара и во салата, значи скоро во секоја комбинација го вметнувам бетер од тегет чорапа :lol: .

    Сепак јадам само кога знам дека останувам дома, мене ми е непријатно да излезам и да има после мене вакви „испарувања„ во воздухот :tmi: . И луѓе кои ама воопшто не внимаваат на ова и ме иритираат донекаде посебно постари колеги и колешки кои на зима знаеле солидно најадени да си го рачунаат тоа како најнормално и да, навистина веројатно здравјето им е најважно, како што се оправдуваат и после зошто луѓево ме избегнуваат моментот настапува :lol: . Инаку оваа стратегија може и да се искористи за викенди ако излегуваш во ударен термин и веќе сите добри места се зафатени земаш лук со тебе и широчина прајслес :emo: . Шега на страна, мислам дека кога сме во контакт со доста луѓе посебно на мал ограничен простор како канцеларии или градски превоз или сл. треба повеќе да внимаваме :!: за општо добро на сите.

    Се сеќавам на една од оние екскурзии на кои патувавме како деца со автобус едно дете имаше на прачка со боцки што се оние накачено излупени главици лук и сите едно време се чудат од каде доаѓа „аромава„ :^) , кога тој ја развеа прачкава како знаме :D ...
     
  17. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    кромид/лук или пак ни лук јал ни лук мирисал

    Лук сега ретко јадам,порано си каснував во малце со тавче-гравче и сега би си каснала,но мирисот од лук е многуу потешко да го снема..а кромид си каснувам со скариче и со мојата омилена салата варени кромпири со кромид...и кога си ја правам оваа салата ставам едно 100 кила магдонос :D ....исто така кромид јадам и во други салати...највернава другарка па, одма ме сеќаваше кога сум јадела кромид...и тоа, јас јадев кај 8 навечер со некоја серија оваква салата со кромпири и после нормално се миев заби и сабајлето пред да одам нашколо се миев заби и пак ме сеќаваше :lol:
    А,кромид во манџи или било и какво јадење неможам да го поднесам...одвратен ми е :puke:
    Инаку заборавив да кажам дека многу го сакам младиот кромид, посебно перцата..мх мх :P
    Со кромпирчиња пржени шубаво оди :P
     
  18. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    кромид/лук или пак ни лук јал ни лук мирисал

    Јадам само кромид. Порано не го сакав во туна и варени компири, а сега истите јадења ми се многу повкусни со кромид. Плус, на лето: кромид, патлиџан, маслиново масло, сол - ммм - совршено за макање!
    Исто, плескавиците ги сакам со кромид, инаку ми се некако без арома...
     
  19. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    кромид/лук или пак ни лук јал ни лук мирисал

    Jадам и лук и кромид,па во секое јадење го ставаме нели? :D
    Kромидот го јадам свеж понекогаш,така со сол и нешто друго,лук свеж не можам,освен готвен во храна,инаку свеж нема да го издржам,плус кој знае колку ке мирисам :D

    Hо во главно ги јадам,и не можам да се замислам да готвам без нив!
     
  20. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.834
    Пол:
    Женски
    кромид/лук или пак ни лук јал ни лук мирисал

    За да ја отстраните непријатната миризба на лук или кромид во устата џвакајте магдонос :) инаку не сум јас против, лукот и кромидот се добри за зајакнување на организмот. Меѓутоа по секое јадење обавезно магдонос или мастика или миење на забите :lol: :lol: