И кромид и лук...Ајде за кромидот ок ама лукот ми се чини душава ми мирисаа на него А толку е вкусен со пиперчиња тиквички лигњи
Јадам и двете. Не знам шо ми стана баш денес така го јадов кромидот , преубав ми беше, не знам за вас, ама јас обожавам кромид и ептен го јадам, се разбира не Петок и Сабота, ама во другите денови да Салата со домати и кромид, уштипци со многу многу кромид, ммммм Незаменливо Лук кога како, зависи со шо
^Ти како сестра ми. Како јаболко си грицкаше кромид кога спремаше колоквиуми. Беше познато дома дека она јаде кромид и пие јогурт, па како што учела и оставила тоа што јадела/пиела без да крене, влагаш кај неа во соба и се онесветуваш на лице место. Јас можам млад кромид да си грицкам без проблем. И неколку пати направив беља, баш пред да идам на француски ќе јадев и после миј се 10 пати заби и пикај орбит пакетче во уста. Лук јадам ако е припремен во храна, додека кромид многу сакам нели млад, похован или во македонска салата. Е во неа 3 ќе исечкам и само тоа и оцет ми е доволно.
Јадам. Многу. Али онака посебно да ги крцкам, не. Дечко ми секогаш погодува што јадење зготвиле дома според убавиот мирис што го имам после нивното јадење.
Да ме закопаш и во лук и во кромид ќе излезам ! Само ретко практикувам поради миризбата. Ги јадам во секакви комбинации..
Воопшто не сакам ни лук ни кромид.Не јадам никогаш.Освен кога не знам дека го има во јадењето или кога е најситно исецкан па да не го приметувам.
Јас кромид јадам. Иако некогаш не го поднасам мирисот од самата себе . Ама не мириса толку колку лукот.
Така живи не, освен младо кромитче.Додека во јадење , салати...ги јадам. Ама сепак внимавам да не одам во јавност и да се чудат луѓето што ги снашло.
Порано исто јадев и кромид и лук.Во последно време ми се гади од кромидот не за време на јадењето него потоа,а за лук....понекогаш имам неверојатна необјаслива потреба за лук(можеби ми фалат некои витамини кои тој ги има ) незз...ама го обожавам,не јадам често или можам да речам јадам многу ретко,бидејќи сум во постојан контакт со луѓе.