Дедо ми секогаш вели, дека лукот се јаде 365 дена во годината зашто лечи 365 болести. Јас не можам да поверувам, ма и не сакам да верувам дека некои ги избегнуваат лукот и кромидот само поради лошата миризба. Ма дајте, не зафркавајте луѓе! Две-три ливчиња магдонос или нане после јадењето и како нови сте. - И тоа ми е „финта“ од дедо ми. Плус, лукот е добар за слабокрвните и треба почесто да го јадат. Јас откако почнав да јадам поредовно лук (звучам како реклама за Космодиск, ама навистина е така ) се чувствувам подобро, имав проблеми со несвестици - веќе ги немам, што би требало да значи дека крвта е подобра - се надевам. Дури и не паметам кога последен пат се имам разболено - пу, да не даде дедо Боже. Ги обожавам, ситно, грубо сецкани; во салати, манџи, па и во супи и тестенини. И младото кромитче ми е вкусно кога му е сезоната. И морам да кажам - патетични ми се оние кои ептен галамат околу јадењето лук и кромид, имав прилика да разменам ЗА СРЕЌА збор-два со личност кога мислењето за луѓето си го формира преку тоа дали дотичниве консумираат лук и кромид. Ова не го имав ни видено, ни чуено, ма ни замислено. Што сè нема да видиш и чуеш по светот, веќе ништо не ме чуди.
Кромид многу јадам, посебно младиот, а лук поретко некогаш кога мајка ми ќе земе со некое јадење. Инаку ги сакам,оти многу се здрави.
И тоа и тоа го јадам ама по преферирам кромид. Кромид јадам и млад и стар, но младиот е поубав. А лук само за вечера и тоа еднаш во месецот а тоа е најчесто кога јадам риба.
И двете ги сакам, но кромид повеќе си јадам, бидејќи си правам многу салатки а иначе лукот поретко, дали и еднаш во месецот. Здрави се иначе и се препорачуваат да се јадат
Не јадам ни едно ни друго. Упс, лажам. Поткаснувам кромид неусетно во скара или манџа, но само ако не се забележува воопшто да е рендан. А ако видам поголемо парче ја оставам цела чинија што и да е
Неможам да поднесам лук или кромид, според мене имаат одвратен вкус а придонесува и нивната миризба. МРАЗАМ ЛУК И КРОМИД.
Не јадам ни лук ни кромид. Ама салата (шопска и сл салати,а не руска,редена..) без кромид неможам да смислам. Не го јадам ама убав мирисава на салатата и без кромид салата не би била салата.
Лук не јадам,а кромид само пржен кога е (пошто станува како благ) а во манџи не ми пречи да е ставен,ама нема да го изедам,го тргам настрана.
Ги конзумирам најчесто кога се зготвени во склоп на некое јадење, што значи - пржени, и сл. Инаку така „сирови“ - не.
Лук не јадам воопшто а кромидот го јадам само во храна онака неосетно а кога видам поголеми парчиња ги тргам на страна.Знам дека е здраво многу ама неможам
Кромид јадам, а лук не. Освен во манџи, кромидот го јадам и онака. Се случува понекогаш и цела главица кромид да изедам, како додаток на некое јадење. После тоа маж ми бега од мене.
Лук јадев за време на школската година, обично понеделник и четврток, бидејќи една проф. нон стоп мирисаше на лук и да виде како е некој да мирисе на лук :evil: