Кога сум во можност гледам да јадам што повеќе бидејки е мн здраво али поради мојата работа морам мн ретко да јадам. Али во салати или во пинџур мх мх мххххх
Не јадам! Со самата помисла на лук и кромид лошо ми станува. Не го поднесувам мирисот, па поради мене и дома не ги користиме. Самата декорација од кромид ми смета. Секогаш кога одам во ресторан си напоменувам да нема декорација со кромид. Еднаш не ме послушаа и им ја вратив чинијата.
Јадам и кромид и лук. Не ми сметаат воопшто како додатоци во исхраната, салатка без кромидче никогаш не сум оставила.
Баш сабајле размислував и на мајка и реков - кој е како мене, лукосана и кромидисана цела недела си живеам! Обожавам кромид и лук, два зеленчуци без кои не можам да се замислам, пред патлиџанот, и пред краставицата ми се, заедно со тиквата. Вчера го имав совршениот здрав ручек - соја и лукосани тиквички со лимон. Се стопив на маса, мелтинг бејби, мелтинг! Лукот го сакам најмногу во толчен пинџур (кој патем го јадев денеска), врз тиквички, во тартур, лукосани чушки со оцет или лимон и во супа. А кромидот - нормално омилена комбинација ми е со скара, ама од пред една година мислам дека буквално со се можам да го јадам. А за тоа колку се здрави ми иде како екстра +. И да кажам - навистина сум наjверен конзумирач на лукот, кога од него неверојтано брзо и многу ми паѓа протисокот... и кога го јадам, секогаш си оставам резерва место за една кратка дремка - колку да се вратам во живот.
ги сакам посебно овој летниов период,лукот го обожавам во таратур а кромодот во салати,скари исто ги обожавам и млади кога се
Лук воопшто не јадам а кромид мајка ми и баба ми стават во некои чорби и манџи за подобар мирис но го одбегнувам не го јадам
си јадам јас и лук и кромид ама лукот поретко некако .. Спојлер а за кромидче да не прајме муабет хаххахаа...иххјихјхиххуахаухауахмујухуаха I'm just kidding (ама па ова не значи дека ич не јадам кромид) си јадам хахахахахаахахахахха
Јадам само исклучиво да се свежи и необработени. Не ги сакам варени или пржени. Многу ми се вкусни. Ги јадам ретко.
лук не ми паѓа притисокот и ми се лоше од самата миризба , а кромидче ммм да да со туничка особено милина
Иако има лоша миризба лукот го јадам во мала количина зато што е премногу здрав ,за да не ми мириса здивот си јадам магдонос и немам галје. Лукот го јадам во сосови, во различни јадења. Исто така кромид јадам во салати, во туна .
Кромид секој ден јадам со салатка домат и пиперка и затоа од брачед ми го добив прекарот кромидко . Нека е ,јас си јадам и гајле си немам . А лук јадам и тоа,јас по дифолт сум ви кромидлукотко од кај ми истекна не знам ни самата ама интересно зборче .Го сакам лукчето многу со печени пиперки во комбинација со магдонос ,но исто така си го делкам и со тиквенца,а и така си го јадам.Кромид и лук ставаме во се,а моите секој ден јадат по една цела главица.Ем им го регулира притисокот,ем си се здрави ко дрен,да чукнам во дрво. А миризбата ја неутрализирам со миење на забите,а помага и грицкање на сончоглед или семки.Помага многу,испробано,докажано . А кога ќе видам колку е здраво да се јаде ми доаѓа уште поубаво на душичката .
нема шансиии не јадам ниту малку ама ниту малку во уста немаам ставено а не ни планирам да пробам грозно е бљакк
Ич. Не можам. Иако не знам дали ќе се рачуна, ама пред некој ден кога вечеравме со дечко ми, си порачав растурен ражнич и ми го носи келнерот, од едната страна во тањирот имаше нели нормално компири, а од другата КРОМИД. Кога го видов ко да си ја видов жолчката, дечко ми одма тука се потепа да го извади, го стави во друг тањир, арно ама тоа водичката од кога се пржел ми се разлеа насекаде, ражничите попримија малку вкус, али ги изедов! Гладна бев, не за друго, пак не би.