Лук ич, кромид исклучиво со сардина или туна, ништо друго. Јадам и салата со кромид, ако така е напраена, ама ако сама си ја правам не ставам кромид никогаш.
Секаде каде што ги има ги требам, или евентуално воопшто не јадам. Од таа причина дома мајка ми готви со лук во прав.
Јадам прилично многу. Шопската со кромид ми е незаменлива, марулата со младо кромитче исто така. Не можам да замислам манџа или чорба без запржен кромид или каков било сос без кромид. Сецкано лукче во маринирано месо, врз печени пиперки, во пинџур, ммм. Единствено не можам да ги грицкам така свежи, но ги сакам како додатоци во јадења и салата. Сакам да пробам француска супа од кромид.
Не можам да замислам шопска салата без кромид. Кромидот го јадам и во други салати. Лук не јадам подолг период. Ми создава проблеми со желудникот.
Со се оди кромид Таа парола ми е наследена од мајка ми, значи буквално со се можам да јадам кромид, освен со благи нешта (не сум до толку).. Знаете се придржувам до тоа да не јадам пред да излегувам некаде, но често заборавам, па двапати си ги мијам забите и си ја плакнам устата.. А лук, па и него го обожавам, но бидејки не одговара со се не го јадам толку често Сепак сум девојка која многу се стреми кон здравата храна, па дури и кога јадам брза храна ја зачинувам со многу зеленчук (пример: шунка со карставици, лута пиперка и кромид)
Јадам и лук и кромид прилично многу, во салати, и во други јадења всушност тие му го даваат вкусот, т.е шмекот на јадењето или салатата. Ги јадам и свежи во комбинација со друг зеленчук, а особено кога сум настината и кога имам болно грло знам и да претерам со кромидот бидејќи ми е незаменлив природен антибиотик, дури се случувало таблети да не ми помогнат при закрепнување како што тоа го може кромидот ептен брзо се забележува подобрување и утредента сум веќе здрава.
Се што може да се јаде со кромид јас јадам. Никој толку не јаде кромит како мене. Денес бев кај братучедка ми цел ден, доручек јајце пржено и јас ААА КРОМИИД? После тавче гравче јас пак А НА МЕНЕ КРОМИИД? И по дома нон стоп скоро со секоја храна кромид си јадам. И готввен и неготвен т.е. жив секаков го сакам.
многу здрави состојки/зачини,зеленчуци кои старите луѓе само тоа јаделе биле здрави и долговечни јас не можзам да ги јадам едноставно не ми ги поднесува желудникот веднаш ми се лоши
Млад кромид јадам со скара, а лук не сум пробала па има едно 5 години бидејки сум секојдневно активна и нема шанси ниедна вечер да останам одма, несакам да ја загрозувам околината