Кромид во шопска салата,а лук со печени пиперки со оцет или пак во таратур(гаден,бљантав ми е без него)
Навистина го мразам кромидот. Не го јадам. Не можам да кажам дека го сакам лукот но понекогаш баба ми без да знам ми става лук во јадењето (здрав живот синче).
У и двете ги обожавам.Кромидаот ги јадам во салати, знам и онака со доручек да си исчистам и да каснам.Мирисот ич не ми смета, ама пред да излезам знам дека по 3 пати ги мијам забите и цел ден џвакам мастики хах. И лукот исто многу го јадам.Поготово она младо лукче со перца што е, додаток на секој доручек и вечера ми е.И старо лукче јадам.А за макало од лук, охх ми се направи форес.
Уфф јадам , јадам .Повеќе си сум по кромидот ! Ама поради проблеми со желудников морам да паузирам некое време.
Ни едното ни другото, ни свежо ни во манџа. Цел живот се расправам со мајка ми дека не јадам зготвен кромид, дека едноставно не го можам, ми се повраќа од него -нема нешто поужасно од вкус на варен кромид. Е ама пред две години, кога правев кари, првпат пробав карамелизиран кромид па испадна дека така не само што можам да го поднесам, туку дури и ми е убав
Порано не ги сакав толку, ама од како мм ме заучи на тие супите со лук и од кога пробав кромид на неколку места, сега не седнувам ако нема, обожавам ммммм
И тоа и тоа го користам само што кромид многу повеќе. Повеќето јадења (во кои може да се стави кромид) без разлика дали мора или немора, јас ставам, незамисливо ми е јадењето без кромид . А со лук досега имам правено само месен ролат
Јадам,мм.. Кога има нешто како,манџа лукот си го јадам без ништо А кромидот го сецкам на ситно,во тањирче и си ставам оцет,малку зејтин и сол по 3-4 лажици,вкусноо
Конзумирам лук,многу ретко,претежно кога не сум во план да излегувам Инаку го обожавам. Кромид малку поретко,дека не ми е баш сладок.Го јадам само кога е дејствуван со црн џигер(специјалитет на мајка ми,и без последици по здивот).
Никогаш во животот немам пробано лук и кромид и никогаш нема да пробам. Никогаш иако знам дека многу се зрави сепак одвратни ми се...само што ќе ја почувствувам таа миризба бегам и дувам.хаххаха па за вкусот да не зворувам одвратно нешто
ЛУК, никогаш, не само што ми смета мирисот и одвратен ми е за јадење. кромид, да. во манџа сакаш не сакаш мора
Свеж кромид во салата скоро секој ден, а стар кромид некад како запржка за некоја манџа, или пак во салата. Лук не сакам, ама некад го пијам како таблета. Довро влијае на имунитетот.
Охоо сега како сум пак домаќинка, една салата не ми поминува без нешто од овие две. И засега, да чукнам во дрво, многу убаво се чувствувам.