Превкусни ако знаете со што да ги комбинирате. Јас ги јадам сега почесто, откако летото ги имав исфрлено од менито поради тогашниот дечко зашто не го поднесувал мирисот. ..немој бе. Затоа пак сега си имам едно исто гурманче како мене покрај себе и заедно си јадиме и си мирисаме на лукче или кромидче.. Само гледаме да биде во денови коа не се движиме многу со луѓе.
И двете раб ги јадам, вкусни ми се и во салата и пржени во некое јадење како додаток. Само гледам да јадам кога нема да одам никаде планирано
Неможе да се каже дали и колку количински затоа што тоа зависи со што ги конзумираш. Јас неможам да јадам стар лук, т.е оној од главица, поради тоа што ми смета на желуднико, додека млад лук во пролет јадам скоро секој ден. Кромид ставам пред се во салата од домати, риба, во грав ставам кога варам, и секако млад кромид во пролет исто многу обожавам. Исто така може млад кромид да се здроби во еден тањир, и да се додаде малку сол зејтин и оцет, и не само што е вкусно туку е и добро за намалување на маснотиите во крвта. Исто така лукот може да се стави во дрвен, или лимен сад да се столчи, да се додаде 1 краставица, сол и оцет и сосема малку зејтин, потоа се додава вода, зависно од големината на тањирот прекрасно е за конзумирање со баница, пита, зелник... Додека го пишував ова ми текна за уште едно прекрасно јадење со кромид, пред се млад. Земете спржете го крмидот со пе перјето малку да добие боја, а потоа додадете урда која претходно е разматена со 1,2, или повеке јајца зависно од количината на урда. Сето тоа се додава и се пржи не повеке од 5 минути.
Јадам, многу често и тоа само во денови во кои не излегувам од дома Лук не толку многу, но кромидот не може ништо да ми го замени. Најчесто правам шопска салата со повеќе кромид отколку патлиџан и краставица А и 10ка со кромид има ли некој кој би одбил?
Порано ги јадев во салатите подготвени од тато, а сега ретко. Кога има скара пилешко јадам кромидче, а лук ептен ретко.
Лук јадам со кисели пиперчиња или кисели тиквички, а кромид јадам скоро секој ден во салата, некогаш и знам да си излупам така да си каснам, значи кромид јадам многгууу
Ги конзумирам и двете.Најчесто кромидот во салата и некои други јадења, а лукот со риба, пиперки и др. јадења.
Ги јадаам во огромни количини. Кромидот најчесто во салата,домата а и знаам со обично јадење да зачинам со кромид. Лукот исто го јадам.Најчесто ми служи како додаток на ручекот.
Во принцип не јадам ни лук ни кромид. Ако најдам парче кромид во јадење го тргам на страна. Ама ја обожавам аромата и на лукот и на кромидот. Па така, кога готвам нешто редовно додавам поголеми парчиња кромид, ама после ги вадам, ми требаат само како да дадат шмек. И да, сакам да грицкам похован кромид, али во мали количини.