За кромид, значи не знам, јадам со се, во салата, во јадење, само да не е така. Лукот, не му знам многу вкус, зошто ретко го имам јадено чисто зошто ми смрди и после не се поднесвам себе. Исто кога ќе станам на сабајле и не се поднесвам дур не измијам заби, ако каснам лук останвам во тоалет и пак не се поднесвам така да не јадам воопшто веќе со години.
салата без кромид, и пинџур без лук како мерцедес без знак среќа немам проблем, и моја @Petra777 си јаде ,си се разбираме
Кромид јадам во салата а најмногу со месо ,ама сакам некој благ кромид не љут И многу сакам лук во таратур,како макало со маслинов и оцет и ми се дешава сред ручек да земам со леб и да јадам
Обожавам и лук и кромид.. се напраено со лук и кромид.. секад се бунат другарките што мирисам коа јадам,. пошто во принцип женски знаат да се филмаат и да мразат или да не јадат воопшто .. ама искрено јас обожавам.. охридско макало со лук? форевер би јадела.
Кога би требало да бирам помеѓу лук и кромид, би избрала лук, не можам да го поднесам вкусот на кромид. хаххах
Не јадам. Ниту некогаш сум пробала. Одвратен ми е мирисот. Не го користиме ни дома. И кога некој ќе ми рече е какви се тие јадења без кромид, им велам а какви се вашите со кромид.
Ги користам и кромидот и лукот. Лукот порано поретко но сега повеќе, ако се случи да немам може да ставам во некое јадење и зачин мелен лук, дава убав шмек.