кромид/лук или пак ни лук јал ни лук мирисал Кромитче со скара и шопска обавезно, а лукче со толчени пиперки.. мх мх мх е ај после не јади
Кромид си јадам често, има некои јадења што неможам да си ги замислам без него, така ми се дефинитивно многу повкусни. И миризбата од кромидот многу полесно ја снемува, миење заби или џвакање мастика, и се е во ред. Лук јадам многу поретко, а ако треба да одам некаде избегнувам да го јадам.
Ни кромид, ни лук! Сем во оние јадења кои не одат без нив и тоа строго се става минимална количина. Инаку, така да земам да јадам, не!
Лук јадам само пред излегување, кога ми треба поголем простор за играње в дискотека Не сум обожавател. Кромид ми е убаво со туна ама ретко јадам. Не само поради миризбата постоа, туку и мене ми е многу тешко и не можам да се поднесам. Лук да не речам ич не јадам. И не ги сакам ниту во јадењата. Кога барам некој рецепт и кога читам - се пропржува кромид (а тоа е во 90% случаи) веднаш го прескокнувам И да ви кажам, не тешете си се дека ќе ги измиеш забите, мастика и нема гајле, бидејќи има Можеби вие сами не го чувствувате здивот, ама околината да. И не се лажете со магдоносот - НИШТО не помага против лошиот здив после. Прашајте ги луѓето околу вас Значи ако ми се случи да јадам кромид, не мрдам цел ден, цела вечер, дури и сабајлето ми е малку шубе, а лукот е многу поопасна категорија Ах, да ќе заборавев, лукот го сакам во Bake Rolls, најубави ми се тиe
Лук Кромид јадам само со стек од ВЕЛЕС и кромидот исто така од велес, само тој ми е убав преубав, инаку во манџи и такви ствари не го поднесувам ме тера на повраќање.
Па не јадам баш често. На лето знам да си направам салата со кромид и домат можеби еднаш на две-три недели. Лук па и баш не.... На зима некогаш со доматен сос мајка ми ќе приготви... Најмногу сакам зелник со кромид. Така најчесто го консумирам
Ни едно ни друго.. не зошто мириса лошо, него не можам да ги смислам! А мајка ми па запнала со тоа кромидот во салата, после Орбит цел ден не ме спасува.
Лукот не го сакам ич, а кромидот го сакам со скара или во салата и го јадам ептен кога знам дека нема да излевам. Кога ја дежев УН Диетата секогаш јадев кромид, ама варен. .. И да отидам малку офтопик.. душа давам за праз, а посебно во зелник.. Милина
Кромид можам да кажам дека го ставам речиси во секое јадење.Го обожавам. А лукот..и тој го јадам и тоа кога ми се пружа шанса ако не излегувам
Искрено обожавам кромид, според мене има многу убав вкус, а и плус е здрав. Порано скоро со секое јадење јадев кромид, но сега јадам се поретко поради веќе познати причини. А пред да јадам морам да се осигурам дека тој ден нема никаде да одам, иако и утредента понекогаш останува оној лош мирис на кромид. Воедно додека го јадам кромидот уживам, бидејќи знам дека после долго време нема пак да го јадам. Како што кажа Ким не се залажувајте со различни „освежувачи“ на здивот, пак мирисот се чувствува. Лук никогаш не сум ни јадела, едноставно ми е премногу јак. Мајка ми само понекогаш знае во некое јадење да стави лук во прав, но тој речиси и да не се чувствува, така што со него не си ни имам проблем за разлика од кромидот.
Не јадам ни кромид, ниту па лук. Едноставно не сум по зеленчукот, свежи не јадам ни домати ни пиперки, ниту па зелка, моркови и слично. Кромидот и лукот не ги јадам ниту во јадења , дома се готви за мене без нив, односно мајка ми пред да стави кромид или лук во јадењето ми трга на страна чисто што викам јас. Таква сум од мала, зеленчукот не ми го прима организмот па не знам што да е и не знам колку и да помине време јас знам дека нема да почнам да го јадам. Свежи јадам само краставица и салатка и ништо друго.
Кормид јадам а лук не баш (освен во таратор)! Шопска салата или марули салата без кромид не ми оди, туна со кромид исто обожавам, скара и кромид исто така... Вкусен ми е да го јадам но заради непријатниот мирис се трудам да го одбегнувам! Ако сум јадела кромид избегнувам да излегувам некаде, јадам магданос кој наводно го неутрализира мирисот, се обезбедувам со гуми за џвакање и бомбони и пак си мириска! Затоа внимавам кога го јадам, и тоа е најчесто кога знам дека денот ќе го поминам дома! Лукот пак не ми е вкусен да го јадам, полошо ми мириса од кромидот и мислам дека дури и подолго се задржува непријатниот мирис од лукот! Мене не ми е баш вкусен, ни во приготвена храна не го сакам, нити пак свеж да го јадам!
а ПРАЗ ???? денес гледав во големи количини донесоа на пазар 30 ден.кг. и неможев да му одолеам и си купив !
Лук не јадам воопшто,поради што веднаш од миризбата ми станува тешко на стомак и три дена не можам да се опоравам. А кромид јадам пржен уз некое месо или пак така свеж.Не ми смета толку многу како лукот.
Јадам ама многу малку,зошто ми смета на желудникот.Особено лукот Лукот е малку потежок,па кога јадам пазам да не излегувам,оти и еднаш само да грицнеш - доволно е И кромид сакам,може малку повеќе,особено со скара т.е. ќебапчиња како оди,мерак! Или дома кога има скара за ручек,го сецкаме на ситно,додаваме бибер,вегета,оцет и зејтин Исто и шопска без кромид не ја бива....
Кромид единствено во скара ,инаку не сакам ни да го помирисам. Лук - никако ,освен во леќа ако ми шибне некој ,ама го сеќавам. Одвратно ,особено лукот.
Јас ставам кромид и/или лук во скоро секое јадење. Лукот сакам да го јадам свеж во пример таратор, со печени пиперки, со спанаќ, итн. Често подговотвувам и печурки со лук и сок од домати. Кромидот најчесто свеж го јадам во шопска салата. За да не ми солзат (или помалку солзат) очите при сечење на кромид најпрвин кромидот го оставам 10-15 мин во фрижидер да се олади. Сечам со многу остар нож и додека сечам имам свеќа запалено близу до кромидот за да ги апсорбира гасовите кои изглегуваат од него и предизвикуваат солзење на очите. Исто не е лошо да си купите мало блендерче за сецкање на зеленчук. Така сигурно нема да ви солзат очите при сечење на кромид