Кога одев на работа мн ретко јадев. Сега на породилно и претходно бремена охооо.. секој ден, ако не едното, другото.
Поради состојбата со вирусот бидејќи министерот вели да јадеме лук во што поголеми количини, на моите им кажувам да става што повеќе лук во јадењето. Устата ми корне на лук, но затоа јас било каде и да одам носам маска за да го спречи мирисот на лукот од мојата уста. Лукот и кромидот ги ставам во салати, кога лукот и кромидот ќе ги испржиш или свариш ништо не вреди затоа што ги губат витамините, а кога жив ќе го надробиш лукот во некое јадење е прездраво да се јади и плус добиваш имунитет. Превкусно ми е јадењето со лук.
Министерот нема кажано да се јаде лук, каде е кажано дека јадењето лук не помага на корона вирусот. Може да те заштити од обичен, ама не делува на овој вирус, така да, ниту кажал ниту ќе каже... А тоа што си јадеш лук е окк, некој повеќе јаде, некој помалку, некој воопшто-може еднаш во месец само..
Шопска без кромид не ја ни јадам. Некогаш и по 3 главици дневно дробам во салата. Смрдам, смрдам, домаќин човек сум јас. Манџа па без лук и тоа не иде. Таратур, мммммм. Ќе се откажам од кафе, слатки, цигари, ама без лук и кромид не живеам. Да го каснела Ева забранетиот кромид и Господ ќе и опростел. Тоа се свети работи, дадени од природата. Само лошо е некогаш кога ќе претерам со лукот, ај душата што ми мириса, ама после во кома ме бутка.
Ни кромид, ни лук. Лук немам ни пробано, кромид ко мала ми подметнаа и плачев цел ден. Имам некаква аверзија, ни сама не знам зошто. Во глобала храна со јак мирис не поднесувам, дури и овошјата како портокал и диња не ги јадам поради мирисот.
Не знам колку лук изедов во периодот март-јуни . Сега кромид јадам скоро секој ден. Преубави ми се на вкус.