Воопшто не сакам кромид и лук да јадам, но ги јадам заради тоа што јадам многу месо земам пример од Србите, тие јадат многу месо, но исто така и многу лук за да не им се покачи холестеролот и притисокот Ако има начин да не мириса устата на лук и кромид, кажувајте.
Лук воопшто не јадам, а кромид многу малку и тоа само со скара. Знам дека е здраво ама после ми прават проблем на желудникот, имам киселини и затоа избегнувам.
Кромид исклучиво во манџа, сос или во шопска ако заборавам да кажам да ми ја направат без кромид . Лук порано свеж додека можеше да се најде добар од некое село, сега од тие мутантите само во сос ставам кога готвам. Мислиш душата ти смрди ако изедеш две чешниња свеж а нема ни толку убав вкус така да не ми вреди.. Мада во последно време лук во прав користам по практично ми е. Сепак нема сос за паста ако нема малку лукче и маслинов.