јадам лук,кромид јадев ни не можам повејке (заради болки во стомакот),а го јадев со домати салата и со кебапи,многу е здраво и лук и кромид да јадеш , се разбира додека после тоа не одиш некаде и да труеш се пред себе ,преферирам да јадам кога ке можам ,лукот го правам со магдонос сечкан и зачинет со вински оцет сол и маслиново масло и вода ,го ставам врз риби ,врз џигер ,секако можи, зависно од вкус,али не е препорачано за таксисти и канцелариски објекти
Аууу БЉАК!!! Не ги сакам ни едно ни друго. Единствено кога јадам плескавица па сум приморана да го јадам кромидот што го има плескавицата. На друго јадење со кромид не ми текнува, а јадење со лук, нема шанши! Порадо пред куршум ќе стојам
До пред некоја година, немав воопшто јадено. Дечко ми ме научи да јадам кромид, а и навистина откако пробав сфатив дека шопска салата без кромид не е салата Сега јадам и лук и кромид (после тоа обавезно магдонос џвакам), меѓутоа во многу мали количини ( и јадам само кога немам планирано да излегувам нигде). Да не бидам малку офф топик, ама имам прочитано дека за женските не било препорачливо да се јаде, поради јакиот мирис што го имаат и лукот и кромидот, преку потта излегува тој мирис а кај женските освен потта, вагината имала чуден мирис.. Така да лејдис, јадете си вие, само имајте ја во предвид и оваа информација што ја пишав
Не јадам ни јас, многу ми се јаки, а не ни ми се нешто вкусни. Освен во манџи ако има пржен кромид ама да не се осеќа толку, на друг начин кромид не. Ни лукот не го јадам свеж, единствено Бејк Ролс со лук ми се убави, и тој чипсот со салатата таа цацики што е (и 3 дена после на лук корнам ).
Е што ако некој јаде лук и кромит, сељак/сељанка е? Омг, смрди! ОМГ, бљак, лилаааа Кој си сака ќе си јаде, кој не-не мора. Јас јадам. Па што. Се припазувам да не одам никаде вечерта, баш заради овие работи. Инаку не можам да замислам тавче гравче без малку лук. Не претерувам, ама морам да каснам. Не јадам многу, по пола чешне. Кромит поретко свеж, а многу често во други јадења, нормално. Сите јадете, кромид, верувајте. Нема јадење без кромид(така е зборот де ) Инаку за тие гурмани како мене ако не сакате да мирисате, едно залче леп намачкано со сенф и тип топ сте.
[quote="LittleDevil"Освен чипс со грчка салата, не јадам. [/quote] За лук е зборот. Многу јадев од тоа во средно. Другарките се чудеа со мене, како јадам такви ствари. Гајле ми е. А кромид јадам, и тоа многу.
Јас не вклучувам шпорет без да имам подготвен лук и кромид Кромид ставам во секое јадење што го правам дома, а лук во повеќето. Живи ги јадам во салати, иако малку ми пречат на желудникот. Важно убаво ми е додека јадам Салати со лук гледам да не јадам ако се движам меѓу луѓе, освен ако и луѓето меѓу кои се движам јадат. Мене ме нервира тоа што после сецкање рацете ми мирисаат уште неколку дена. Ако знаете некаков лек за тоа, ве молам просветлете ме.
Охооо, и те како. Секое јадење го правам со кромид, без него, храната ми има див, неодреден вкус. На што би личело ќофте, сос, манџиче, без кромид? На ништо! Лук исклучиво во пире, салати или сосови, кога правам пилешко, а и јас како Ариелка не си го поднесувам после тоа мирисот на прстите (во нокти влегува, мамето)! Ама затоа вкусот, мх, мх! Пиперчиња со лукче? Врв. Ми препорачаа да си ги тријам рацете во магдонос, демек тоа помагало.
Јадам и то многу. Кромид обожавам во салата, со домати и краставици. ее каков вкус има то ненормално многу ми е убо. Лук не толку често, особено не петок и сабота
Кромид јадам повеќе, лук свеж скоро никогаш, а во јадења да. Па некако и не можам да си замислам какво би било тоа јадење без кромид? Што знам, мене некако не ми иде. Кромид си е кромид бре, и тоа за у ручек што више, то боље . А за во салата го сакам тој благиот кромид што е, или црвениот, лутиот не ми е сладок со тоа што благиот кромид и нема толку неподнослив мирис како оној другиот (барем јас имам таков впечаток).
Многу сакам и лук и кромид, посебно во млада варијанта . За жал, лук не можам да јадам колку што сакам затоа што имам низок притисок и ми пречи . Кромид задолжително ставам во готвени јадења, а богами и во салати . Другарка ме научи да правам и т.н. жетварска салата, само сечкан кромид со зејтин и оцет (јас додавам и по некое зачинче според расположението). Покрај тоа што се здрави, мене ми се и ептен вкусни.
Да, јадам и сите мои дома,и тоа многу,Во секоја манџа,салата ставам кромид,не битно дали е млад или стар. Лук во пинџури,макала и сл. Син ми многу јаде,како за мало дете. Последно правев лазањи и салата посебно за него ,кромид со вегета и со маслинов зејтин.
Кромид јадам, а лук не, знам дека е здраво, ама не го поднесувам мирисот. Кромид секогаш ставам во секое јадење што го приготвувам, прво нели мора да се пропржи, ставам и по цела главица, а свеки моја става четвртина...мене ми е чудно и не сфатливо како може да прави мусака на пр. само со мелено месо и компири ништо др. не става...никаков зеленчук, дури ни кромид...за мене манџа без кромид, не е манџа Сакам и младо кромидче, многу го сакам посебно со скара....перцата исто ги употребувам, не ги фрлам...еве и едно рецептче-перцата исецкани ситно, се толчат (тупкаат), се посолуваат со сол и црвен пипер по вкус и се прелеваат со загреан зејтин...прсти да излижеш. Мм сака лук и него му го спремам ова макало-печени лути пиперки, лук и зејтин. Пиперките се лупат и ситно се сецкаат (поубаво ако се изблендираат), се додава сецкан лук и се попарува со загреан зејтин. А лек за рацете да не мирисаат на лук е да се истријат и измијат со лимонов сок, или уште поубаво откако ќе се исцеди лимонот, со остатокот да се истријат...се сузбиба мирисот на лук. Ова имам слушнато од мајка ми, јас не го сецкам лукот и не го допирам, му го давам на мм, него не му смета. Уште нешто пред да го сецкате кромидот за да не плачете излупен ставете го во вода, цел нека се потопи и нека стои едно 15 мин., после нема плачење, испробано
Лук не јадам, онака само мајка ми знае да го стави во некоја манџа или во пинџур. Кромидот го јадам али не толку често, го сакам во салата, и преку лето исто го сакам и младото кромидче онака да си го грицкам
Лук не јадам воопшто,а кромид јадам само со риба-конзерва ... и тоа јадам само кога не излегувам од дома тој ден