Лук не јадам, само во супа понекогаш ставам и тоа мелен купечки не дека го нејќам лукот туку дека мноооооогу мириса А кромид си јадам почесто, со туна, со компири варени салата а најмногу сакам со скара, со дечко ми кога одиме во кафана двајцата јадиме кромид и после немаме гајле
Не сум некој голем љубител на лук и кромид, ама вистина е, без кромид не може ни да се зготви јадење. А лукот со подкиселени пиперки Сепак, јас и да сакам не можам да го јадам, ни лукот, ни кромидот. Имам нисок притисок, па сум принудена после цел ден да го поминам во кревет. Сепак, знам понекогаш да се излажам и да каснам малку лук или кромид
Јадам ама строго внимавам после јадењето да не излегувам Сакам младо лукче и сецкан кромид зачинет со оцет,зејтин и вегета..мх..мх..ама секогаш со скара...
Лук ретко јадам, не затоа што мириса, туку ете не сум си створила таква навика во исхраната. Го јадам само во таратур. А кромидот најмногу го сакам во салата до патлиџани, некако поубав вкус и дава на салатата, па и уште кога ќе почнам да си мацкам, мх мх Исто го јадам во салата од компири (со оцет, зејтин и зачини) и сакам младо кромидче со риба туна и лимон.
само кога е направено сосе ручек ама да не се познава иначе ич не сакам лук и кромид ми се повраќа кога мислам на лукот и кромидот како на пример СЕГА
ммммм кромид со компир салата мњам, мњааа... Јадам кромид , и празот жив мн сакам да го јадам со сол.
Уф, мразам лук и кромид одвратно ми мирисаат Многу ретко ги јадам, и тоа ако бидат измешани низ јадењето и да не им се осеќа мирисот
си сакам и кромидче и лукче, ама лукче ретко ретко јадам... Ај што мириса, ми паѓа притисокот неможам да станам од кревет кога ќе се најадам..
Ух да да да! И двете, кога си паравам чорби обавезно си ставам од двете. Залучени пиперки ах љубов се... Мирисот го занемраувам ама уживам во вкусот..
Jaдам кромидче, праз, со се, во се, како салата со мевце, пржнат со џигери, секако го јадам. Мириса, да, ама затоа се мијат заби, па цел ден се џвака мастика, не е толку лошо. Па скара без кромид бива ли Ама лук не! И тоа цврсто не, ма колку и да бил здрав ваков, онаков. Миризбата му е нешто неподносливо, кислините во желудник неизбежни, значи нема нешто живо што ќе ме натера да го јадам. И дома ретко го јадат, да не речам преретко, освен во пролет кога има млади лукчиња со перца, ама тие не мирисаат ни приближно толку јако, побрзо се губи миризбата, доволно е една мастика да џвакнеш. Татко ми ко да касни, и тоа исклучиво ако два дена после тоа не оди на работа, или евентуално во петок, пошто нели викенд време, после тоа сто пати ќе опцуе и сам ќе си рече оти и самиот не се поднесува Не за лукот, огромно не! Кој јаде свака му част
Ги јадам во многу мали количини,што се вика како зачин само да му дадат вкус на јадењето.иначе мирисот на пржен кромид не го поднесувам
Јадам и кромид и лук, а и праз. Што е манџа без кромид? Ништо. Или пак печени, кисели пиперки без лукче. Ем се здрави, ем вкусни. Всушност, од лукот ме боле желудникот, па затоа во помали количини го јадам.
Лукот го јадам во таратур, после лук во прав клавам на пица, топено сирејне поточно на се хахахха го обожавам, кромид млад јадам многуу во летоооо, а стариот не толку амам го јадам со домата
Jадам и лук и кромид. Лук некако помалку, само во салатки, ама затоа кромид каде што можам го додавам, а и младо кромитче да си грицкаш - мераклиски! Мх мх!
Многу често. Свежи лук и кромид јадам само кога со сигурност знам дека нема да излегувам никаде. Кога се приготвени го губат мирисот, па скоро во се што готвам ставам лук или кромид, а во некои јадења ставам и лук и кромид заедно.