Јадам и лук и кромид. Почесто кромид. Лукот повеќе мириса и повеќе го избегнувам. Знае некогаш да ми направи и проблеми со желудникот. Ама, сепак убаво ми е кога јадам и лук и кромид. И секако гледам тој ден да не излегувам од дома.
Ги обожавам и лукот и кромидот но за жал морав да ги исфрлам од мојата исхрана затоа што не ми влијаат добро на организмот. Лукот ми го намалува и така нискиот притисок, а кромидот многу ми смета на желудникот. Па така кромидот го јадам само кога е приготвен во нешто и многу ретко го јадам свеж со зејтинче, оцет и бибер кога јадам скара Лукот го ставам само во сосови и тоа не свеж туку како зачин мелен во прав.
пробајте печен кромид. ке го замотате во фолија и ке го ставете до огнот.од време на време ке проверувате дали е мек и за околу 10мин би требало да биде готов. Ставете зејтин и сол и јадете. Ниту мириса ниту е луто. Го јадам секој ден обавезно А лукот си го исецкам на мали крикчиња и со сол, право голтам бидејки многу ме луте
Лукот го јадам обично додека е млад, онака кога ќе му излезат зелените перца ми се свиѓа и го јадам со графче-тафче. Кромидот го јадам во јадења, но жив никако. После секое јадење со лук или кромид, обавезно се мијам заби и џвакам мастики, за да не мирисам, затоа што не можам да се поднесам така.
Скоро во секоја храна која што ја приготвувам користам лук и кромид.Исто така и во салати,во кисели пиперки со лук на пример,таратур,шопска компир салата па се до салати кои се прават со мајонез и павлака.Младо лукче (а и старо)свежо уз јадење неможам да јадам,премногу ми е јак и ми смета на желудник.Младо кромидче јадам ама не премногу и зависи со што.Похован кромид многу сакам и многу ми е вкусен,а исто така и свеж во салати го јадам но да не е лут,не дека нејадам луто,јадам но лут кромид не ми е вкусен.
ЗНачи јас не ги јадам ни двете. Ако се стави во храната која се подготвува не јадам. ЗНам дека е здраво, ама едноставно не можам да ги јадам. Не само поради миризбата...