Јадам и кромид и лук, кромид посебно со скара лук си ставам во некои си мои салати и во друго , ама не ми се случило да јадам само лук или само кромид, комбинација ок,може ама само ми лути и не ми е убаво Иначе исто ми е убаво коа ке си направам салата со патлиџани и кромид ммм..
Лук само некогаш ретко незнам зашто а кромидот одсекогаш сум го јадела и јадам со салата патлиџан,ќебапчиња.....
Воопшто не ми пречат како вкусови, дури во некои јадења ако не се стават, како празни ми делуваат. Печени пиперки со лук и магданос, салата од домати со кромид, ќебапчиња со кромид, таратур со краставица и лук, и слично...
Ни кромид ни лук Можи ќе почнам да јадам на стари години, лукот е многу здрав. Ама не ја поднесувам миризбата и вкусот ни на лук ни на кромид
лук воопшто не јадам .. а кромидот кога го има на пример во мусака и др. јадења запржен и зготвен , така да не се приметува
Јадам но кога е измешано со друга храна.Кромидот најчесто со салата а лукот многу поретко го конзумирам.
Лукот сакам многу да го јадам ама неможам.Не ми го поднесува организмов.После јадење цело време ми се лошит. А јадам само кога знам дека цел ден ќе бидам дома.
Лук не јадам мн ми мириса, како помала сум го јадела со печени пиперки направени во врел зејтин и оцет, А за кромид мммм го обожавам ама само со скара, направен со зејтин оцет вегета и сол мњам мњам
Лук јадам во таратор и во пиперки печени со лукче и магдонос. Мх,мх убавини .Кромид јадам скоро секој ден во салата од домат,пиперка и кромидче.А за миризбата гајле ми е Мијам запчиња,лапнувам мастиче и ајт создравје