знам да го зготвам само тоа што си го јадам јас од прилика готвам се од пржени јајца до печено месо освен манџурии не ме интересира ни па сакам да научам како се прават
Ајде јас ќе бидам малку офф и ќе кажам дека мене ми оди од вакви константации. Луѓето јадат од контејнер а ние прибираме што ќе јадеме. Сакам ова,сакам она,се лигавиме ко мали деца...Слушам возрасни мажи кои на жената и велат баш така -ова ли ќе јадам? Не дека убедувам некој да јаде манџа и да кажувам колку е корисна и слично,но многу луѓе би дале се за чинија топла манџа .Верувајте
Готвењето не ми е јака страна, ама се трудам. За морка храна сум специјалист. Школки, краби, јастог, ракчиња со лимон и магдонос ептен сум ги усовршила. Знам да готвам тестенини со сос болоњезе, макарони потпечени со јајца и сирење, едно од омилените јадења ми е пилешко со кари сос или обичен бел (со павлака и печурки). Ручек без супа ретко поминува кај мене дома, а од благо знам само торта Брзигонзалес да правам.
да знам да готвам скоро се-ориз тава,мусака,компир манџа,боранија,грашок,зелка со месо,сарма..... исто и од печени работи-кокошка,компири,стекови,кременадли...ма се готвам,и благо и солено,кој се сомнева во мене нека повели и нека дојде на некој од моите специјалитети
Знам. Да пржам јајца,варам. Ориз тавче . Мусака. Помфрит,риба пржена. Манџа. Супа. Макарони,шпагети. Печам месо и пржам. Кифлички Знам и некои благи работи да правам. Сега за сега доволно ми се имам уште многу време за учење
Аххх, да не испадне дека се фалам ама знам се да готвам, од наједноставно до најсложено, единствено ми фали да се усовршам со правење пити, сукање, тегнење итн. Што да правам, таква фамилија сме, сите сакаме да готвиме и да јадеме
Повеќето јадења знам да ги направам сама.. а останатите со помош на татко ми Уживам кога си правам благи работи и кога експериментирам со некои додатоци Знам да ги правам најосновните: супа (домашна- со брокула, карфиол, јајца); јајца (варени, пржени); тестенини (варени, потпечени), морска храна. А од овие "покомлицираниве": ориз тавче, мусака, грашок, компир манџа, гравче-тавче, пекарски компири, кромидарниче со ориз. Од месени работи: зелник, погача, кифлички, мекици. Од благи: куглоф, гурабии, сутлијач, ресана торта, пита од јаболка, палачинки. Утре сум во поход да направам милиброд, се надевам успешно ќе го направам
Освен месенко друго се знам , ама не сакам ни да знам зашто по цел ден тоа ке правам и ке станам ко каца дека сум душман на месенко
Пааа... Благодарение на моите студентски денови поминати во стан под кирија, далеку од мамичка, морав да научам сѐ што јадам и да готвам... А, тоа е навистина широк поим! Да не се фалам, ама прилично добро се снаоѓам во кујна за мои години.
Не сакам да се фалам, ама си знам да си готвам, додуша го готвам она што јас и љубовта моја сакаме да го јадеме, а во последно време сакам да експериментирам со нови кујни, за мене непознати. Резулатите се позитивни, барем од него, сега за сега. Најмногу сакам да месам (зелник, кифли, штрудли, лепче, лиснато)ама и во спремање на ручеци не сум за жалење
Да си се цитирам самата а и воедно да се пофалам дека денешната операција по правење милиброд е успешно остварена
Благодарејќи на јутјуб научив многу работи да готвам, најубаво се учи кога се гледа и истото се повторува. Додуша повеќето снимки се на англиски, така да тоа е делумно предуслов за да разберете што е како е, но и да не знаете, честопати е доволно само да гледате.
Пред неколку години научив да готвам и сега готвам скоро се посебно благо и некои необични и егзотични јадења. читам од нет земам рецепти и пробувам. но незнам да месам тоа ми е маана дека имам големи нокти не ми е баш хигиенско и тоа не го правам мм знае да готви многу добро па се надополнуваме
уште како малечка постојано се врткав околу мајками и знам да готвам скоро се ако заглавам некогаш некаде се јавувам на мајками и добивам инструкции по телефон
Знам тоа што е најосновното, да сварам макарони, шпагети, јајце и сл. . Да направам палачинки (кога се научив на почетокот секој ден им правев дома ). Салати. Некои полесни торти и колачи. Да испржам компир и други побрзи јадења. Не сум некој кој знае каков готвач, најосновното го знам. Ќе се научам, имам време.
Ги знам основните видови манџи (грашок, компир манџа) и јадења кои се готват во тава (тавче гравче, ориз, растурена сарма, турлитава). Е сеа месо не знам многу да спремам, а сакам да научам тестенини како се спремаат на 100 начини, колачиња и торти. Здравје има време, не ми се брза