Скоро се знам да готвам. Само за сукање и месење не ме бива, ама и тоа ќе научам оти многу си јадам такви работи
На моја возрат знам отпилика нешто од нешто. Само некако со тестот не ми оде, ама ќе го научам и тоа. Има време за се.
Знам, може не е перфектно...но фала богу секое јадење колку повеќе го подготвувам секогаш е се подобро
уживам да готвам но не на традиционален начин туку што мислам дека може да се совпадне со јадењето го ставам внатре...сакам да експериментирам... а за торти и некои специфични јадења "Храна и вино" до мене и кога ќе биде готово прсти да излижеш..хаахах
Cooking is my passion обожавам да готвам и сум правела и суви јадења и манџички знам и нешто благо , ама повеќе по соленото... ај да не излезе дека се фалам
иц не ни сакам да готвам оти и си немам дарба инаце готвам од сто треба да е за мене и не јадам готвам од се по несто,тесто,месо,пржам едно друго и тоа
се скоро знам да готвам и благо и солено само имам една мана не знам да месам Спојлер и зимница правам
Знаам палачинки, лазањи, омлет, шпагети и макарони со сосови, компири на многу начини иии специјалитет ми е пилешко со кари сос
се буквално-од пица до сарма!дома сите се готвачи, кај мене не е чудно татко ми да е во кујна или дедо ми или брат ми,нема правила сите сме гурмани и сите готват,така да пренесено ми е и на мене поточно вродено,уметност ми е тоа уживам,да можам ке спрем три оброка дневно! првпат замесив тесто и направив мекици во 8мо одд
Знам да готвам многу јадења пред се од традиционалната кујна да не набројувам знам скоро се од гравче, чорбесто во тавче, оривче на неколку начини зелка.... Додека кај специјалитетите разни сосови итн слабо стојам.
Почнав да готвам на 10 години,значи пред 5 години.Првото нешто што зготвив е палачинки.Без рецепт.И како поминува времето секој пат се трудам се поубави и повкусни да бидат.Потоа почнав да готвам јадења кои што се едноставни и лесни како тост,помфрит,макарони,пржени јајца,пица.По 2 години почнав да готвам секакво благо.Торти,колачи.Гледав на телевизија и читав во списанија.Честопати готвев јадења без рецепт.Не знам зошто,самото доага.Потоа,на 13 години посакав јас еднаш да направам ручек за сите.Првиот ручек гравче.Моите дома беа презадоволни,со оглед на тоа дека прв пат го правам и без никаков рецепт.И со текот на времето почнав да правам и грашок,компир манџа,ориз со пилешко,месо на разни начини и мн др.Бидејки мајка ми оди во 3 смени почнав јас да правам ручек за сите,не секогаш мајка ми можеше.На 14 год. исто така почнав за празници да готвам руска салата,кифлички (со мала помош на баба) и мн др.Потоа научив,тесто,мекици,пита.И сега на 15 год. се трудам да готвам индиска храна бидејки многу ја сакам,секако за тоа имам рецепти.Но ништо не е тешко да се готви ако се готви од љубов и со мерак.
Знам да готвам ама не сум некој професионалец Со оглед на тоа дека од лани почнав да готвам нешто не знам многу нешта Најчесто правам пица, макарони, други тестенини, кајгана и др.