1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали и што знаете да готвите?

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од maja8, 11 јануари 2010.

  1. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Браво Пирамид :) . Што убаво .....модерна, еманципирана жена/девојка, знае да готви....милина, на никое поле не си зависна од никого :clap: . Ми направи лиги со гореспоменатите јадења хаха
    Ми се допадна делот со специјалноста од пубертетот хаха и мене ми се специјалност палачинките мнооогу одамна, од некои 11-12 години :) и искрено радо ги правам, а уште порадо ги јадат :)
    Од овие домаќинскиве јадења незнам да правам многу (знам полнети пиперки, мусака, кифлички, тегната пита..и уште нешто ситно) ама сакам да се научам. Сепак сега факултетот не ми остава многу време за тоа :?: . Сакам да се научам да готвам убаво, па и јас сакам моите деца утре да ми речат леле мамо колку убаво готвиш :D
    За благо сум махер, многу сакам да правам :D
     
  2. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    639
    Не би останала гладна, знам да се снајдам и да зготвам нешто! И готвам понекогаш (најчесто во недела). Не сум некој талент во кујна,ама досега се што сум приготвила се јадело (со исклучок на едни кофтиња)
    Знам да зготвам мусака, знам да приготвам печено месо со компир или ориз, знам полнети пиперки со ориз, макарони со сос, пржење пилешки стек со компир ми е специјалност... од прилика тоа е!
    Не сум правела манџи, ама не верувам дека би ги утнала, само треба да пробам па да се пофалам овде!
    Инаку не знам да правам тестенини, нити пица, нити кифлички, нити пити, ни буреци... баш ништо!
     
  3. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Кујната е мојот рај а испразнетите тањири и задоволните лица се мојата нирвана :D
    Готвам од мала и едноставно уживам во готвењето,тоа ме релаксира.
    Знам скоро све да зготвам,што ке видам,прочитам успешно го спроведувам.
    Експериментирам доста во кујната сакам храната да биде вкусна ама и убава на изглед,така да изобилува со бои све што ке зготвам.
    Толку сум самобендисана што мислам дека и Jammie Oliver може вода да ми носи :D ,е ај нека расука тој да го видам,кифли нека направи,пастрмајлии,сарма ;)
    Во константна побарувачка од мојата кујна се ризото,полнета риба,сарма,мусака,суши,лазања и тестенини на 100начина.
    На оно што сум посебно горда дека го погодив од прва а велаат само врвните мајстори успешно го праваат е souffle благо и солено.
    Еееееееее си се изнафалив...........па повелете на дегустација.......
     
    На do-re-mi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Како студент морам да готвам, најчесто правам јајца, виршли, пире, супи, тестенини, палачинки, пилешки прсти, плескавици а последно што научив е чоколадна торта(од цимерката :* ).
     
  5. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Знам да варам и да пржам јајце,виршли,супа,тестрнини,тост,една бисквитна торта,пржени компири,пилечки стапчиња и секакви видови на салати. :)
     
  6. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    за готвење сум махер, сама се научив за се (да се пофалам) :)
    тоа варење супа, јајца, макарони, виршли не го ни сметам за готвење ;)
    знам турли тава
    пилешко во релна со компирчиња, пржено и со сос од печурки
    свинско со компир
    свинско на селски начин(со сос од домати)
    секаков вид на прелив за макарони
    полнето пилешко
    риба во релна со кромид
    гравче во релна
    пире
    крофни, палачинки
    само незнам да правам се што спаѓа во категорија манџи, (леќа, боранија, спанаќ) едноставно се што се јаде со лажица незнам затоа што не го ни јадам!!!
     
  7. cacule

    cacule Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    па знам да готвам некои работи како риба, месо, мандџи, компири, ориз , благо, кифли, пита, итн
     
  8. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Како и на многу девојки така и мене мајка ми ми велеше ќе те вратат уште втората ден, но сум имала среќа и се уште сум тука :D , повеќе готви свекрвами, веќе почнав да готвам и јас но колку и пати да правам некое јадење секогаш сум со тетратката со рецепти кој ми ги кажува мајка ми.Сите јадења што сум ги направила 1 пат сите ислегоа добри , некој на 2 пат не се погодија, не знам зошто :( . Знам да правам повеќе манџи како грав, грашок, компир манџа, долма, мусака , копани, свинско месо и оние основните јајца, макоарони, шпагети ( што маж ми тоа не ни го смета за ручек или вечер). Единствено што не ми се погодило е било риба ја ставив да се пржи и останаа само коските :D .За благо сум експерт каква торта сакаш таква ќе ти напрвам
     
  9. Teff

    Teff Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    20
    Неможам да се пофалам дека сум некоја искусна домаќинка што ги знае сите рецепти но знам да се снајдам, може да се преживее и со таа храна! :lol:

    -Макарони(варени,печени)
    -Јајца.
    -Мусака.
    -Знам да пржам кобаски,компирчиња.
    -Виршли.
    -Руска салата.
    -Ориз со пилешко и толку! :D
     
  10. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Јајца да пржам и варам, компири исто така, пире...сувомесно да пржам, рендани тиквички како кофтиња да правам,пица, знам домашен тост да си направам,рибанки, палачинки и нешто др сега во моментов не ми текнува :lol: :rofl:
     
  11. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    До пред 3-4 години знаев само за испржам јајца, да си направам салата и толку :lol: :lol:
    Ама откога почнав да живеам заедно со дечко ми почнав да си експериментирав и да готвам и доста добро и вкусно ми испаѓа (не се фалам сама туку тоа ми го имаат кажано дечко ми, другарките, брат ми).
    Ако за нешто ме интересира а незнам и се јавувам на мајка ми или на идната свекрва (и се јавува синчето а јас го слушам муабетов :lol: :lol: ), или пак пуштам компјутер и си барам на интернет.
    Знам да зготвам супа (понекогаш правам и домашна), ориз со пилешко или спанаќ, пире, гравче-тавче, селско месо, месо со компири,морков и печурки, мусака, омлети разни, пица (со готово тесто), стекче и пилешки прсти, леќа, еден куп салати, подпечени макарони со сирење и кашкавал,летна маџа со пиперки и домати и малку сиренце, поховани работи, праз, качамак,плескавици од месо, тиквички или компир и ...(Не ми текнува за друго :D ). Ама за се што ќе имам рецепт го пробам и ми успева, ако не првиот пат па вториот.
    Благо ретко правам, имам правено само торта со бисквити и пудинг (наједноставно нели) и имам 2-3 пати правено баклава со готово кори и на лето сладолед..
    Поима немам од месење тесто имав 2-3 неуспешни обиди :) :) и личи на се само на тесто не :$ :$
     
  12. dan1

    dan1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    32
    Ммммм готвам слободно можам да го кажам тоа :lol: ама готвам само она јас што го јадам 8) не готвам манџи и такви ми ти работи :puke: алиииии обожавам да правам некои специјалитети и да си експериментирам по малку....и можам да се пофалам дека сукам - правам секакво сукано и тоа ми е најјаката страна и најомиленото јадење :rofl: :rofl: :rofl:
     
  13. elenastoimanova

    elenastoimanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    5
    Знам да готвам речиси се...... обожавам да готвам... уште па и да сум сама дома за никој да не ми се меша во работата..... но најмногу сакам да правам шпагети или помфрит.... :D :$
     
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Знам да готвам и знам и да импровизирам,добивам некои идеи за комбинации и убаво и вкусно излегува се на крај.
    Само поспецијализирана сум на тема предјадења и главни јадења,некако со десертиве послабо стојам.Не сега дека баш ништо не знам да направам,ама никогаш не би се нафатила да правам торта на неколку спрата со цел шаблон јајца во неа,па неколку пандишпани,па не знам колку различни филови,па со карамелизирање-такви некои предолги и презамрсени торти-не,фала-ќе си порачам.
    Од традиционалните манџи и останати специјалитети знам скоро се‘ да приготвувам,најповеќе ги сакам варивата и манџите не му се мислиш многу,само го надгледуваш и го пратиш додавањето на состојките,а кај супите,чорбите,сосовите и салатите ептен се внесувам експериментирам со нови состојки и зачини,го менувам соодносот на состојки по мое.И месено имам,ама не баш претерано многу-сум направила пита,кифлички,мекици.Цело мое искуство на ова поле е после 19год.дотогаш и немав баш интерес да зготвам нешто сама,ама знаев да ги пратам мајка ми и баба ми кога приготвуваат и почнав да готвам по сеќавање и тоа доста успешно,по мислењето на моите блиски.Мислам дека ако храната ја подготвуваш со љубов и веруваш дека убаво и вкусно ќе испадне,нема шанси да промашиш,ама ова е мое индивидуално мислење.
     
  15. itgirl

    itgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    69
    Па и не знам многу..Знам да испржам јајца, компир, да сварам компир, знам да правам пица, палачинки...Но бидејќи сеуште мајка ми готви, не сум ни пробала.

    Знам да правам салати, да си правам сендвич, тост.....

    Но за моја возраст е доволно, некои мои врснички незнаат ни јајца да испржат. Но сепак би можела и повеќе да научам.
     
  16. MadHatter

    MadHatter Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    30
    Знам да готвам , и уживам да го правам тоа, но не само стандардни јадење, манџи ,супи, тавчиња, многу често знам и да експериментирам,со зачини,зеленчук,тестенини,пилешко и слично и тоа го правам многу успешно, а и покрај тоа имам и добри дегустатори , кои се секогаш се искрени. :lol:
     
  17. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    знам реЧиси се,се сто јадам освен грасок
     
  18. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Па јас мислам дека за 14 години, можам да се снајдам во кујна. Кога дојдам од школо, ме чекаат манџите на баба :x , а моите се на работа, така да препуштена сум сама на себе :lol:
    Си пржам компири, може претходно варени, па пржени;
    Си правам тост со кашкавал и сирење;
    Си варам макарони со се што најдам во фрижидер;
    Салати најубаи правам! :wasntme:
    Тоа, сега за сега :)
     
  19. od-samrak-do-zori

    od-samrak-do-zori Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    58
    pa iskreno gotvam od moi 14-15godini.mnogu rano pokazav interes da gotvam a i voedno da se vrtkam po doma okolu kujna.do sega mozam da kazam deka sum nemala neuspeh vo kujna.pravam dosta raboti.od mesenje leb do razni deserti.osobeno sakam da pravam blago ili soleno.sakam i cesto pravam domasna pica so se i seshto.taka si ja krstiv.od blago sakam i pravam se nemozam da izdvojam
     
  20. katerina777

    katerina777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    32
    не можам да се пофалам дека знам да готвам...правам само некои јадења на брзинка како на пример јајца на повеќе начини, домашна пица,стек и салати а и да месам кифли знам. а за благо експерт сум :D. посебно сакам да правам ситни слатки.