Дали и што знаете да готвите?

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од maja8, 11 јануари 2010.

  1. Araksi

    Araksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    17
    Неможам да издвојам некоја храна која не ми се допаѓа, не да се пофалам но СЕ што ќе зготвам на крајот ништо не останува - од тоа заклучувам дека е премногу вкусно :D
    Често месам пити и разни месени работи некој ден ке ви поставам слики за да се уверите ;) По тортите сум луда, секоја недела си имам по една торта дома и како после да се слабеее ахахаххахаха.
    Од мои 7-8 години сум во кујна и со брашното, ми се разви желбата готвејќи покрај баба ми, таа ке земеше да меси и јас од мала до неа и така навикнав да работам со брашното. Кај нас дома претежно сме на месо - гурмани, но правам и други јадења во кои има и зеленчук, ориз или морски плодови.
     
    На argentina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MartinaSk

    MartinaSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    4
    Знам да готвам и правам макорони варени и печени,палачинки,пилешка супа,пица,похован стек,пржени компири и печени,плескавици,колачи,торта со бисквити и хопла и реформ торта :) исто така знам да правам и кифли,лиснати со сирење и банички :)
     
  3. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Ме бива за готвење, бар така вика маж ми, никогаш не се пожалил на ручек. Е сега од тестенини знам да зготвам се, сосови си препишувам од интернет, сите видови манџи ( компири, грав,зелка,леќа, летна манџа од зеленчук), прекрасна ориз тава, мусака, сарма, плескавици, потоа печено месо/свинско/пилешко со компири. Знам сама да сукам кори за баница,зелник и сл. За правење благо не ме бива, ќе мора и тоа да поднаучам :$
     
    На love23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Иако сум млада се научив да готвам откако се омажив и се знам да готвам и мислам дека секој може да научи да готви нема човек што незнае да готви за мене има мрзливи или препотентни што се замислуваат дека се некој и нешто па се прават дека не знаат да готват, нека останат гладни два дена па се надевам дека веднаш ќе се фатат за лажицата и ќе си зготват нешто.
     
  5. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.485
    Само тортелини знам да сварам, а кафе не на пример. :tmi:
    Пилешко со кари научив, поховани зденки и палачинки знам. Толку. :D
    Во салати ич не ме бива затоа што не знам да лупам. :D

    Со мајка ми секоја година крај на декември правиме празнични колачи кои никој не ги јаде, бидејќи се прејадовме од нив, меѓутоа мене ми е мерак и затоа ги правиме. Едни се мој специјалитет и баш сум си горда кога некој што дошол на гости ќе ги пофали. :)
     
  6. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Знам општо.. тестенини, пити, кифлички, торта некоја.. :)
     
  7. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.446
    Допаѓања:
    5.410
    научив да правам кифлички и имам добри пофалби баш сум среќна :lol:
     
  8. argentina

    argentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    10
    сакам да направам некоја торта со бисквити
     
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Најлесната торта со бисквити :): се што ти треба се бисквити и пудинг од чоколадо. Пудингот си го правиш стандард, како што се прави, го оставаш да се излади малку и потоа секоја бисквита ја мачкаш со пудинг и на неа лепиш друга бисквита (исправени инаку бисквитите реди ги), додека не направиш доволно голем ред, колку што сакаш да е голема тортата. Гледај да ти остане од пудингот, за да ја премачкаш потоа од горе и од страните, можеш да си додадеш и нешто друго што сакаш и кога ќе ја сечеш гледај да ја сечеш на косо бидејќи така изгледа поинтересно исечена, ќе се гледаат неколку бисквите само како дебели ленти. :)

    еве ти плус некои што пронајдов на нет рецепти
    http://www.tortijada.mk/mk/torti/203-kinder-torta.html
    http://mrcd.mkdinfo.com/2011-02-09-20-4 ... kvite.html
     
  10. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    776
    иако овој месец наполнив 19 години знам многу да готвам.. знам да направам полнати пиперки, мусака, кифли, геврези, зелник, пица, бурек, мекици, палачинки, тестенини, знам да правам домашни ќофтиња со сос од печурки, похован пилешки стек, телешкото месо знам да го правам со варени компири (компир манџа), со ориз, со грашок, со мешан зеленчук.. пилешкото го прававам со печени компири, со чорба.. :) .. како и секого знам да направам грав најчесто го правиме со телешко месо, со суџук, со гулаш или со ќебапи.. :D ... знам и други јадења да кувам но не ми текнува во моментов.. :)

    од десерти знам да правам торти, рафаело, бомбици, бајадера, крофни, обланди, цигански колачи.. :D
     
  11. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Многу сакам да готвам иако имам само 16 год :lol: До сега сум правела:јајца пржени,омлет,тост,торта и шпагети :D Планирам и да научам да месам бидејки таков ми е карактерот :D Се сакам да знам и научам бидејки од кај знам што може утре да ме снајде :) А и уживам во готвењето :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Почнав од ептем мала да готвам, помала бев и од Цаци над мене. Тоа јајца на сите можни начини: кајгана, на око, откако ги усовршив овие, па омлет, па после дури почнав да додавам јајца во рецепти :D т.е да готвам-готвам. Првото нешто паметам што го направив беше од тесто :) јајца, брашно и сол испржено... Камчиња :rofl: . Морав да проверам, како ќе испаднат де :lol: . Ама, домашниве ми љубимци (мама и тато) ги јадеа. Инаку се’ готвам, буквално се’. Најмногу сакам да готвам за време на викенди, кога сум дома, се разбира и најчесто тестени работи: пица, пита, кифли, ѓевреци, переци, панцероти и слични други глупости.
     
    На Cacy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Од простиве работи како пржени јајца, компири, варени тестенини, пица се‘ знам, а нешто по комплицирано е торта куглов која знам да ја правам според рецепт.
     
  14. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    па така /така колку да не сум гладна и немам некој посебен рецепт со кој би можела да се пофалам :lol: :lol: :lol:
     
  15. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Знам скоро се да готвам и тоа се научив кога почнав со факултет. Обожавам да правам мусака, ориз, пилешко и супа. Јас сум си гурман си сакам добро приготвена храна и уживам во готвењето, а богами и во јадењето :lol:
     
  16. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Јас пак да си се пофалам кој талент сум :clap: Па знам да правам сендвичи и дури и тост од нив да направам :o И кафенце знам да сварам 8) ...ако ако мама уште ми готви :lol:
     
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Знам да зготвам некои наједноставни работи, што се вика да не умрам од глад. :D
    Знам да си направам макарони, шпагети и други тестенини, кајгана, тост, пица... Но сакам да се научам да готвам и други работи.
     
  18. stefyle

    stefyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    Па знам да правам пржени јајца да пржам компири знам да правам маги(сочно полешко во релна) друго засега не за овие години толку после ке се учам ...
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Ги готвам јадењата што јас ги сакам :) Повеќе сум за специјалитети кои досега на пример не ми се испробани, а ми делуваат вкусно и сакам да експериментирам со состојките што ми се допаѓаат и што мислам дека би биле вкусни помешани во едно јадење.
    Обожавам да готвам тестенини со најразлични сосови, некои и сама си ги измислувам, знам да зготвам речиси секаков вид на месо, пржено, варено, печено, на скара.... салати... абе се што ми се допаѓа и имам рецепт знам да го направам и да биде многу вкусно.
    За манџи немам пробано да правам, верувам дека би можела да направам, ама немам желба да правам тоа, така да за манџуриите е задолжена мајка ми.
    Од благо специјалност ми се мафините и топло-ладно :) знам да правам и торти, мачмалоу, едноставни торти, комплицирани торти и колачи...
    Само дајте ми рецепт што ќе ми се допадне и се можам да направам :lol:
    Е да, единствено незнам да месам, немам пробано до сега :?:
     
  20. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    не сум некој голем готвач ама коа готвам си готвам од срце и со мерак :)
    знам да напраам шпагети со доматен сос и печурки
    ориз и прилог (грашаче, пченка, морков)
    Леќа знам
    салати скоро сите врсти
    Компири (тоа нема кој не го знае)
    Палента
    ииии па мн сум знаела бе јас хахахаха :lol: :lol:
    Кајгана
    Инаку никогаш не знам да сварам јајце ко што треба, или е живо, или ќе ми пукне на сред варење па ми е грдо
    И не знам виршли да варам хах (чудно ама вистинито)