Дали како мали зафркававте луѓе по телефон?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од SummerGirl, 25 јули 2010.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.842
    Допаѓања:
    35.543
    Пол:
    Женски
    Како мала многу зафркавав по телефон. Ќе се соберевме друштво кај мене (кога бев сама) и вртевме на броеви кои сами ги измислувавме. Најчесто се претставуваме дека сме од некоја фирма, дека сме им се јавиле по случаен избор и дека доделуваме награди (им ги кажувавме наградите на луѓето). Имаше и такви што ни веруваа. Колку само сме се смееле.
     
    На Tumblr.123, Angel-Wings и Chasicka01 им се допаѓа ова.
  2. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Не :)
     
    На Јаневски му/ѝ се допаѓа ова.
  3. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.517
    Допаѓања:
    8.192
    Пол:
    Женски
    Да,помнам како мала дека звонев бесплатно кон космофон броеви со друштвото... :lol: Еднаш звонев на домашен број нон стоп на една фамилија се зафркавав се додека тој човекот ми рече дека во пошта ќе ме пријавел :D
    Исто имам звонено и такси имам нарачувано до слаткарницата,а јас дома се кикотам.Кога ќе стигне таксито,од кај знаат дека јас сум го порачала :D :D
    Имаме звонето уште многу одамна со еден другар се зафркававме со еден дечко од Скопје,тој другарот збореше како да е жена па му зборевме безобразно,го зафркававме.
    :D
     
  4. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Да, многу пати со другарчињата од улица.
    Вртевме во пожарна, топ шоп, кај комшиите, слаткарници, пицерии, се нарачувавме. Еднаш се јавивме кај еден човек и нарачувавме печка. Будевме луѓе по полноќ и слично. :D :D
    Интересни спомени ми буди темава. :lol:
     
    На Angel-Wings му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Да :D Еден период тоа ни беше главна окупација :D Се јавувавме кај едни комшии,се додека не ни рече комшиката деца ќе ве кажам на баба ви знам кој сте имам ловец на телефон :$ :D Се имаме јавувано по ресторани,имаме барано такси,звоневме во болница,пожарна и во душевна болница.Се јавувавме редовно кај едно девојче кое многу го мразевме ]:) Ама сме биле палави :devil:
     
    На Angel-Wings му/ѝ се допаѓа ова.
  6. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Сум го правела ова со брачедите како мали! Се јавуваме по домашни телефони што ќе ни текнеја така! :lol: :lol:
    Ама па имам еден брачед, тој е возрасен веќе и него често му се јавуваат по грешка барајќи некоја директорка од некоја фирма, не се сеќавам добро која! И последниот пат ко му се јавија му рече вака: “Ами директорката се обесе!“ и овие од таму абе како? И тој му вика: “Еве сега ја слегуват од дрво!“ :rofl: :rofl:
     
    На angelche16, Angel-Wings, lolita97 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Како помала со една другарка го зфркававме барт ми по телефон. Абе комедии било измислувавме дека сум го скршила ламинатот па брзо да дојде дома по уште триста и некоја глупост.И за тие зафрканции си го потросив цел кредит. И на брат ми му сме се качиле до глава (навистина ја преминавме секора граница :fubar: ) и не кажа на мама. И си доагам јас еден ден дома и мајка ми ми го побара телефонт врти на сметка и со ке види кредиот аш и почна да ме кара па после пак ми стави кредит али требаше да ја молам со часови |( .. Па после од кај другарка ми телефонт пишувавме пораки на луге и еден ни ѕвонеше и јас викам ало и он нешто почна да се дере а јас пак ало и овој ми вика абе ти да не си надувана јас и другарка ми се смееме и јас пак ало и ми вика е нешто бал бла ке ве пријавам у полиција и ни спушти хаха али добро е шо не не пријави .. :D :D
     
  8. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Дааа,тоа беше обавезно кога некоја од нас другарките ќе беше сама дома. Обично баравме броеви и имиња во именик и се јавуваме демек за некои награди. Исто така вртевме и на дечки кои ни се свиѓаа,и ги викавме да дојдат на одредено место и еднаш од тараса кај другарка му се смеевме на дечкото што стварно дојде :D :D А вртевме и во пожарна :rock:
     
  9. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    115
    Hahahahahahaha :rofl:

    Jaka tema.

    Obavezno zafrkavavme i toa eden decko sto jas go sakav ke se soberevme 6-7 drugarki i vrtevme kaj nego. :lol:
    Sto ne mu zborevme! :P Uste se cudam kako ne go smeni brojot si nemase mir siromav :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Angel-Wings му/ѝ се допаѓа ова.
  10. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    ова ме потсети на старите добри времиња кога јас и другарките им пишувавме писмна на симпатиите да дојдат таму во толку часот на тоа и тоа место и ние ги ѕиркавме и се смеевме :lol: :$ :wasntme:
     
    На Angel-Wings му/ѝ се допаѓа ова.
  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Охооо :lol: ..има да се причаа.. :D Ама ме мрзи!А нема кој не го правел тоа ;)
     
    На Cat-Lover му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.842
    Допаѓања:
    35.543
    Пол:
    Женски
    Па пиши барем нешто за да се насмееме. Инаку, освен што зафркавав со другарки по телефон, им ѕвоневме на врата на комшиите и бегавме. Еххххх, тоа беа луди времиња.
     
  13. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.300
    Пол:
    Женски
    Го зафркавав симпатијата, секој ден му ѕвонев... потоа кога ми кажа дека имал идентификатор ми идеше во земја да пропаднам. Кој очај сум била.
    Од говорниците ѕвоневме во пожарна и тие таму почнаа да стануваат многу безобразни, секакви работи ни кажуваа, а ние деца, сеир фаќавме... Битно им правевме на луѓето да не им е досадно :lol: И она кога беше Гледам супер бинго се јавувавме по роднини ги зафркававме.
    И кај нас дома многу се ѕвонеше, знам татко ми се нервираше многу и ги пцуеше.
     
  14. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    79
    :rofl: :rofl: :rofl: Охохооооооо!!! И тоа како сум вртела по телефони...Сум се јавувала и во милиција...А моја најголема специјалност беше-кога ќе ни дојдеа гости дома и сега тие си седат внатре со моите, а јас ИМ ГИ ЗИМАВ КОНДУРИТЕ ОД ПРЕД ВРАТА И ИМ ГИ ФРЛАВ ВО ЕДНА ОТВОРЕНА ЈАМА ВО БЛИЗИНА ИМАШЕ КАЈ НАЈ ТОГАШ... :rofl: :rofl: :rofl: Па си одеа боси или се сеќавам моите некои папучи им даваа :rofl: :$ Ама тоа кога ептен мала сум била, 4-5 години :rofl:
     
    На angelche16 и Angel-Wings им се допаѓа ова.
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    :D :D Ова мене ми се има случено, за време на емисија братучед ми (13 години постар од мене) ѕвонеше дома и јас кревам слушалка и викам ГЛЕДАМ СУПЕР БИНГО :D :D :D
    РЕзил.
    Иначе во основно со друштвото ѕвоневме во душевна болница да резервираме соба :D :D
     
    На Angel-Wings му/ѝ се допаѓа ова.
  16. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    648
    па што знам јас не сум се зафркавала...ама знам еднаш мене ме зфркаваше едно машко што ме сиптизирало тогаш :$ и јас не знаев што да правам а и многу се уплашив дека ми звонеле и прво ми ќутеа на тел,па после пи зборуваа ма не се кажуваше кој е ...и јас плаќејчки и право кај мама:
    -мамоооо мене некое машко ми звоне на тел и ми лафе таму нешто..... ;(
    и мама леле будалче некое дете те сипатизира и сеа те задева и јас ааааааааааа :D и после го дознав кој е и многу се срамев од него!!!! :lol:
    ама сум била забегана лелеееееееееее
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Па дали зафркавав :D Ама еднаш дебело си го изедов од мајка ми :worried:
    Ми беше роденден и дојде братучедка ми од Битола. Останавме сами и ни текна да се зафркаваме по телефон. Детска бујна машта што не прави, под влијание на тогашни Касандри. Земавме се јавивме незнам на кој број и братучедка ми почна да му зборува на тој мажот што се јави дека жена му го изневерува :D Од тука јас превземав. А луѓето имале идентификатор и од кога завршивме со разговорот мажот ни го кажа нашиот телефонски број. Цел ден се укакавме да не се јави.
    Вечерта веќе подзаборавивме, кога оп, телефонот ѕвони... :worried: Се јавува мајка ми и има што да и кажат од таму. Леле кој ќотек го изедовме и двете. Од тогаш не ми текна повеќе од мојот домашен телефон да вртам било каде и да се зафркавам :tmi:
     
    На angelche16, Stefani999 и Angel-Wings им се допаѓа ова.
  18. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Ехе колку кредит и колкави сметки сме направиле со другарки, од зафркавање луѓе по телефон :D. Инаку секоја недела по два-три саати висевме на телефон и зезавме луѓе, а и сега на овие години некогаш ако ни е досадно тоа правиме. Еднаш звоневме од мојот мобилен, на некој телефон што сами ќе го измислевме и им кажувавме дека пицата ќе им закасни, сме имале проблеми при доставата, а тие ни кажуваа дека не порачале пица, а ние им враќавме со тоа дека пропуштиле шанса да добијат три големи пици за цена од една, и некои не прашуваа дали можат да нарачаат а ние им спуштавме. На другарката, тренерот по одбојка му звоневме, и му зборевме дека добиле микровална од Топ Шоп и не прашуваа како да ја подигнат, и ние се исплашивме и им се јавивме и им се извинивме демек сме го смешале презимето :lol:. Еднаш на еден познаник му плачев на телефон, демек како можел да ме остави така сама, а дечково се извади од памет и другарите го викаа, а тој им викаше „Чекајте бе некое девојче ми плаче на телефон“ , а јас само што не сум пукнала од смеење :D. Има многу други примери кои се по малку срамни и безобразни :$ ]:), само ќе кажам дека на мојата симпатија и се јавувавме и другарка ми му викаше како демек се јавил пред пола саат на Hot Line и му збореа се и сешто, на крај детево спушти :rofl:, а со еден другар се испокаравме затоа што го зезавме. :(
     
    На angelche16 и Angel-Wings им се допаѓа ова.
  19. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Ааа и мене ме имаат зафркавано, 2-3 одделение кога бев сум му се допаѓала на некое детенце од другиот клас, и неговите другарчиња ми се јавија во негово име, со мама си помуабетиле, па после мене ми изјавуваа љубов во негово име. А кај нас имаше гости, па јас само си молчев, не можев да го испратам таму каде што не треба. Секогаш кога ќе се сетам, непрекинато се смеам, како и сега. :D :D :D :D
     
  20. sonique

    sonique Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    29
    :rofl: Аии итекако зафркававме луѓе хахаха.. бев второ одделение кога дојде другарка ми дома кај мене и од досада незнаевме што више да правиме па почнавме да звониме на разни места (тогаш уште имавме фиксен тел.) ни текна и свртевме на едно такси :D :D и порачавме такси за мечето Ушко... и така повеќе пати.и жената оттаму сфати дека деца звонат за ништо и за да не заплаши ни рече: е сеа ќе ве пријавам во полиција и кажете им на вашите дома да си ја проверат сметката за телефон..ептен се исплашивме тогаш али пак правевме :lol: ... :( :tmi: :D хеххех имало и мн други случувања али не ми текнува :))
     
    На Angel-Wings му/ѝ се допаѓа ова.