Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали како мали зафркававте луѓе по телефон?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од SummerGirl, 25 јули 2010.

  1. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Леле сега ми текна на една случка.

    Досадно ни беше, седиме кај мене дома со другарки и ни текна ке вртиме кај некого дома.
    И така си вртевме број(кој ни падна на памет).
    Тиит, тиит, тиит.
    Се јавува една госпоѓа.
    Госпоѓата: Ало!
    Ние: Ало добар ден, се јавуваме од пошта, може ли да ни кажете колку ви е долга телефонската жица од бандерата до куќата?
    Госпоѓата: Почекајте минута.. (излегува надвор да види колку е отприлика догла) и вели: околу 12 ментри.
    Ние: Доволно е долга за да се обесите.
    и затвараме слушалка.

    :D
     
    На Angel-Wings, MonnaSi, MoonChild и 3 други им се допаѓа ова.
  2. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Хахаа значи сум се зафаркавала со луѓето како луда кога бев мала , во 4 одделение ми се допаѓаше едно момче и од класот ни беше досадно и јас им реков ајде ке се зафаркаваме со него а тој беше иста генерација и беа на горниот кат во хотелот и бидејки беше од оние чепатежите сите сакаа са се зафаркават и јас му се јавував и како демк бремена сум била ке сум се фрлила од зградата .А со една другарка-комшивка се јајвувам не разни броеви и ги питувавме дали имат сини картони за во болница уфф има уште многу али тоа ти беа времња ми недостасуваат :( :D
     
  3. Beauty161

    Beauty161 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Хаха кога бев мала многу сакав да се зафркавам со непознати луѓе...ќе го земам фиксниот и кој број ќе ми падне на памет на тој број ќе се јавам..и еднаш еден број го запамтив толку многу што секој ден се јавував и барав различни личности...последниот пат кога се јавив ја побарав Ана (а немам појма која е таа) и еден женски глас ми вели "А зошто не ја бараш кума ти кога цело време си играш играчка" и веднаш исклучив..и оттогаш веќе се немам зафркавано преку телефон
     
  4. Puma445

    Puma445 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Да! :D со другарчињата од маало, но брзо ни се здосади и го оставивме тоа! Ги зафркававме на уливе правевме скриена камера. :rofl:
     
  5. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    ахха да секако и тоа многу често најповеќе тие од пожарна или ќе завртевме некој број и као демек сме го згрешиле бројот :D
     
  6. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    да :D
    и свртев на една и и кажав дека добила награда да оди да си ја земе и после се убив од смеење се додека не дозна мајка ми па почна некако совест да ме гриза :D :D
    се на се дете сум била и ми е криво што пораснав ;(
    кај ми е детствотоооооооо :(
     
  7. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Охооооо... ептеен :)
    Се јавував повремено кај баба ми, со шамивче кај слушалицата да ја опитам дали ги испрала чорапите :) Таман ми се преправаше дека не ме познала, па и муабет си теравме..
    Еднаш се накурчив нешто и се јавив на 988 - тогашен број за информации, не знам зошо, без везе, детиште ги отерав у пичкуматер. Па после одма кога ми се јавија дома, па кога татко ми крена слушалица леле леле се сокрив во плакар! :)
    Иначе зезав многу по телефон, дури и во средно :) Имаше финта со печка, па ќе се соберевме кај некој и глумевме шпонци на телефон.. ми текнува на она само
    Аљо продавате печка?!
    - Имате грешка..
    Ааа колку е тешка?
    - ама грешка..
    Е ако де, јас имам много брача сестри.. Ја Аљександар, Африм, Љузмид.. много сме ќе го дојдеме да го земеме
     
    На Monchence и dlikedevil им се допаѓа ова.
  8. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Одма штом ја видов темава се потсетив на следово:
    јас и уште три другарки од основно (време-летото завршивме седмо за осмо одд бевме)
    немавме што да правиме и ни текна да зафркаваме некој на телефон..и така седевме на клупата во паркчето и незнаевме кој број да го свртиме..и видовме една налепница за автоделови,па завртевме на доленаведениот број..разговорот се одвиваше вака :
    ние: ало
    од таму: ало
    ние: имате дел за ногата ми се скрши?
    хахахахахаахха никогаш нема да го заборавам ова се изнасмеавв.. :D :D
    пс: типов ни се закануваше дека ќе не пријави во полиција зошто се зафркаваме со него :worried:
     
  9. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Кога бевме мали со мојата братучетка седевме кај мене и како што си имавме луди идеи ни текна да звониме на непознати броеви и да ги лажеме лугето дека се јавуваме од банка од Скопје и дека наводно ни должат пари.Скоро сите нормално не ни поверуваа но имаше некои кои поверуваа или бар така се правеа за да се зезаат и они со нас.Најинтересно беше тоа што случајно сме звонеле на жена која нашите ја познаваат и таа жена и рекла на мајка ми "Па зар така ги учите децата дека имаме долгови" и нормално после таа случка жестоко не искараа и не смеевме да го допреме телефонот :)
     
  10. loly89

    loly89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    74
    xaxa na temava se potsetiv porano na mojata simpatija koga bev 5-6 odd.
    Go najdov br. od momceto shto mi se svigashe ama fiksen i sedevme so drugarka mi i ni tekna da mu se javime dzvonevme dva-tri pat arno ama toj na telefonot da imal shpiunka i ni dzvoni sega nas tatko mu :$ :D i taka i nas pocnaja da ni dzvonat
     
  11. loly89

    loly89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    74
    xaxa na temava se potsetiv porano na mojata simpatija koga bev 5-6 odd.
    Go najdov br. od momceto shto mi se svigashe ama fiksen i sedevme so drugarka mi i ni tekna da mu se javime dzvonevme dva-tri pat arno ama toj na telefonot da imal shpiunka i ni dzvoni sega nas tatko mu :$ :D i taka i nas pocnaja da ni dzvonat
     
  12. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Уххх незаборавно! :lol:

    Пред 2 години уште основно бев ми текнува, од огласот позади гледам броеви од Hot Line и јас му викам на другар ми ,,брат ај јави се на некоја да и видиме реакција'' и човеков се јавува. Вие незнаете кои воздишки и
    стенкања
    паднале! сум се газела од смеење. А да не зборувам за разговорот кој се одвиваше помеѓу нив, како ја зезаше ауууууууууу не не несмеам да го пишам тоа читаат и деца :D
    А една незаборавна ноќ исто со друштво собрани сите дечурлана се јавуваме кај една теткица од соседната зграда за која знаевме дека ,,мрда со опашката'' и и велиме:
    ,,Срце за вечер спремна?'' и оваа ,,Да душо, кажи во колку часот?'' :D и неможевме повеќе да издржиме го затворивме телефонот и пукнавме од смеа.
    После и се јавувавме на една стара забегана соседка (бог да ја прости), во скоро време мажот и беше починат ама еден будала другар знаеше ептен јако да му го имитира гласот. Јас бев против ама не, се запнаа и крај :|
    Се претстави другар ми како Стојан и оваа сиротава бликна од среќа..
    ,,Леле Стојане оф море душиче земи ме крај тебе''... муабети муабети...па почна другар ми да и опишува каков бил сатаната, колку убави жени имало во пеколот, а од позадина ја пуштаа Гласот на смртта од Тонио Сан, само почетокот :D
    За волја на вистината со полиција и болница никогаш не сум се зафркавала бидејки моите секогаш ми зборувале дека не е во ред па шуќур сум ги послушала.
    Ама во Бардовци...
    ,,Aло овде Стојна, се осеќам болна'' Од таму глас...
    ,,Како можеме да ви помогнеме госпоѓо?''
    И безобразен одговор... :$ :D
    Исто и кај баба ми кога останував сама на Алфа или незнам која телевизија беше се сеќавам напалени мажи бараа жени за дружење и знаете оние стандард пораки што си одат и јас си запишував броеви и им пишував пораки во стил: Јас сум Убавка, имам бујни гради итн итн..и си правев вакви муабети со напалени мажи :x како сум се снаоѓала незнам. Имав само 12-13 години :?: се срамам... |(
     
    На Lella, Angel-Wings, Belieber163 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Asterion

    Asterion Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    5.622
    Ехеееееее, уште прашувате. Цело детство ми помина така. :rofl:
    Се сеќавам ќе се соберевме јас, сестра ми и братучетките и зафрканции во боја. Бидејќи живееме во иста куќа тие ќе го донесеа и нивниот телефон, и имавме 2 телефони со 2 различни броја. Кој како нас. :devil:
    Понекогаш гледавме броеви од телефонскиот именик па така им ги знаевме и имињата. Паметни глави. :rofl:
    Еднаш се јавуваме кај еден Перо, веза немаме кој е човекот така го најдовме. И дига жена му претпоставувам,а од кај нас ја оставивме да зборува братучетка ми, која инаку е најмалата од сите нас. И нели да не се познае дека ептен детски глас има, ставаше марамче на устата. :rofl: И братучетка ми вика "Добарден, ќе ми треба Перо". И оваа од таму ко почна да писка, зошто тебе ти треба Перо ? Која си ти ? Знам, ти си му онаа швалерката со која оди ... бла бла......
    Ја направи од куче подоле. :rofl: :rofl: A пуштено на спикер сите слушаме, се виеме од смех. хахах

    Потоа обавезно моравме да се јавиме барем еднаш на некој и да му соопштиме дека добил награда, дали некое патување или некоја перачка не е битно. :D
    Па некои ни веруваа, прашуваа каде да ја подигнеле наградата, свашта !
    Додека некои веќе имаа такво искуство и не ни верува, дури нешто повеќе започнуваа да ни пискат и да ни се закануваат ако се јавиме уште еднаш ќе се јавиле во полиција. 8) Демек ќе не исплашат, бре !! :!: А ние нели несопирливите и непобедливите продолжувавме да вртиме кај ни текне. :rofl: Ахх , старите добри времиња !
     
    На Belieber163 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. COolgirL93

    COolgirL93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    12
    Како мала имам зафркавано луѓе по телефон (САМА). Секогаш вртев еден ист број се додека на жената не и дојде преку глава и не ми рече дека ќе викне полиција. Од тогаш стравот в коски и никогаш повеќе не го правев тоа. :D
     
  15. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Не. ;( Само на сестра ми што сум и вртела од скиен број и толку. :doh:
     
  16. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Една случка:
    „Добар ден, ќе ни треба *** (некое си име сме тропнале)!“
    „Е, *** е на кино, кој ја бара, ќе кажам да ти се јави после“
    И ние тииит. :D Спуштивме на жената. Или ние го потрефивме името или она на нас не излажа, си вика овие тука зафркаваат.
    :lol:
     
  17. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    леле и тоа колку многу заедно со бартучедми ама по цел ден висевме на телефон, еднаш дури долго време на едно девојче му звоневме ама нон стоп и не откријаја дека сне ние ни дојде дома таткото,ги жалам мама и тато и тетками умреа од страм луѓето, па после едно викање по нас колку сне биле невоспитани без ронка страм бе з култура :D :D ама баш ни беше интересно :D
     
  18. MilanoGirl

    MilanoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    152
    Ехехееее главна преокупација ни беше тоа едно време :lol: Со друштвото кога ќе се соберевме и удри на втрење. :D Вртевме и на познати и на непознати, во главно кој број трефнеме тој :D
    А исто така еднаш дома ми беше досадно и решив да вртам во топ шоп :tmi: (нели, знаете, бесплатно дека е и да искористам прилика :$ ) И вртам јас така еднаш, двапати, трипати (а цело време, штом ќе се јават, ќутев) арно ама четвртиот пат се изнервирале луѓето и ми вика таа од таму "Види доле полиција пред зграда те чека". И дете како дете, од полиција гакичките му се тресат, престанав. Па после како некој агент се прикрадував од малото ми балконче и ѕиркав. Кога видов дека нема никој ми олесна ама следен пат ни на памет не ми падна да ѕвонам таму :lol:
     
    На Angel-Wings му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lina92

    Lina92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    30
    дааа и тоа обозаваше да се зезам :)
     
  20. dlikedevil

    dlikedevil Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    55
    Лелееее се потсетив на младалачките дни... :D Ми текнува на 2 случки моментално во врска со зезањето по телефон ФИКСЕН се разбира :!:
    1. Бев основно 5-то одделение и му вртев на соученикот Бојан кој беше еден така од пофраерите у одделенито и му пеев: Ало, амбуланта, овдека е Дара, несреќа се случи брза помош барам :rofl:
    2. Собрани ние така кај мене у стан, дечурлана од маало и пошо дома имавме 3 телефони и нели еден збори, другите сите слушаме, и се јавувам кај некое семејство и ми се јавува доста возразна ќерка и викам "Ало добар ден, како си злато :D (демек јас постарата) и девојкава вика "добро сум еве само што завршив го перев теписонот од кујна" и и викам "како се мајка ти и татко ти, што прават" и ми вика "еве само што се вратија од работа пијат кафе" и викам "да ми ги поздравиш многу" и девојкава ми вика "а од кого?" и и викам "од тетка Викторија" ........ :D Сигурно луѓето цел ден се чуделе која Викторија се јавила :wasntme:
    А ова сега малце офф топик ама интересантно:
    Во основно имав другарка се викаше Ѕвезда и и вртам на фиксен и нели као бројот го знам на памет и сум утнала и ми крева една жена и јас мислам мајка и, и викам "Ало добар ден, Ѕвезда ми треба" и женава од таму лута полута здравје ми вика "кој ти треба" и јас пак "Ѕвезда" и ми вика "ќе ти дадам јас тебе и Ѕвезда и месечина" :o A јас ни крива ни должна
     
    На Angel-Wings му/ѝ се допаѓа ова.