Ехееее. Ама секогаш зафркававме во тандем, обично јас и некој другар. Нешто налик ова: „Добар ден, овде трговачки патник Миле. Дали сте заинтересирани да купите зелени тракторчиња?“ - „Хм, не благодарам, пријатно.“ (вторпат, на истиот број) „Добар ден, овде трговачки патник Миле. Дали сте заинтересирани да купите зелени тракторчиња?“ - „Не не, благодарам, само што се јавивте.“ (третпат, по пола саат) „Добар ден, се јавувам од полиција. Деновиве следиме еден манијак што им се претставува на луѓето како Миле, и тврди дека е трговачки патник, и продава зелени тракторчиња. Дали ве има исконтактирано?“ - „Да, се јави пред половина час и тоа двапати, знаев јас нешто не е во ред!“ „Епа госпоѓо, немојте да се заебете да купите од зелените, зошто црвените се многу подобри!“
Па и не баш. Дека немав ни брат ни сестра, плус живеевме кај баба ми и немаше ниедно дете на улица за да си играм, мирно си седев, се јавував на телефон и чекав МЕНЕ да ме зафркаваат. Да да, обожавав да се јавувам на телефон и ме имаат бааги зафркавано. Знам дека кога одев кај братучетки или кај некоја другарка од школо, обавезно вртевме некаде. Ама јас бев многу чикен за да вртам некаде.
ахахахахахаххаххаха...на ова ќе се смеам цел ден.. ааааах ... леле ... ми го разубави денот.. фала ти
Даа...Тоа беше во 8 одд. Со другарките обично петок навечер се собиравме и ајде што ќе правиме ќе се зафркаваме по телефон..Се некој квизови правевме ..Ало добравечер ние сме од квизот "Весели ноти " ако ни ја испеете песната "Македонски девојче" добивате пакет сокови кои можете да си ги подигнете од Тинекс ...На едни пак као демек 2 карти за Евросонг добиваат.... ....После па на една жена и се јавуваме и го бараме маж и (името од именикот го видовме) и као демек швалерката е тука дека ке имаат дете ,а жената жалче се потресе ... ...Па клими продававме цццц боже мили ...А со една осамена бабичка дури пола час муабет правевме ..беше на 8 Март се секавам нешто велеше ќерка ми со зетот отидоа на прослава јас сум сама и нешто дрн дрн старски БОШ муабет па не ни праша зошто се јавуваме
И не само како мала ,и сега се зафркавам Сме измислувале разни приказни ,некој поверувал ,некој не ,најчесто се заебававме дека се јавуваме од полиција и дека сме нашле докази дека тој/таа извршил кражба Глупости! Сега брзо зафркававме рандом млади момци ,демек Ало ,Александра овде (мора да знае барем една Александра во животот ) ,јас сум излезена ,дај да се видиме И типциве одма се ложат Секоја чест за тие што одбиле
Како мали? Јас и сега љубам тоа да го правам! Порано со некој друг сум зафркавала луѓе по телефон (другарка, братучетка..), а сега на пример кога ѕвонам на некој познат со број што не е мојот, го зафркавам првите 20 секунди, секако ако не ми го познае гласот
Хаха...се вратив во детството...Омилена работа ни беше..Ние земафме именик и барафме некои броеви и вртевме и прашвевме дали продаваат купуваат, и триста други глупости... а најинтересното беше кога бевме кј една другарка и се јавивме нз таму во едно село и ги прашавме дали продавет карава, дека наводно така сме разбрале, а луѓево вистина продаваа крава, и имаа идентификатор на тел и се јавија и после то родителиве на другаркава се извинија и ние имавме едно долго убаво „пеење“
Да се имаше случено неколку пати да се јавуваме и да му пееме некои песни или нешто глупости да тресиме леле кога ќе се сетам хахаххаа
Леле уште од мала сакав да зафркавам луѓе.. Тоа најчесто го правев со другарки... Па и денеска ни се случува ова, иако поретко
Даа ! Најчесто од типот вие сте среќникот кој што го одбравме на патување во Турција , добитник сте на лото , им пеевме песни со другарките а некогаш и ке им речеме пример ми треба Ивана и вие грешка сте и ја се карам упорно дека не сум го згрешила бројот
Како не.. најчесто ало мамооооо кај сииии? И од таму, ама не е мајка ти мало.. Еј како не, што ме лажеш.. И ќе ми се објаснуваат вака така А најјако ми беше, па и не бев толку мала, 6то одделение, и со школските им се јавувавме во некоја си ментална болница, која појма немам и пожарна... Ало, да си резервирам една соба (во болницата).. И во зависност што ќе ни одговорат, разговорот продолжува.. И смеј се цел ден после Само во полиција ни беше фуфки, таму одма инентификатор, и ќе не фатат
Да,се јавувавме секаде,пожарна,Брза помош,полиција,топ шоп,пицерии,ресторани,слаткарници,такси, порачувавме најразлични нешта на име/адреса на деца што бевме скарани нарочито такси Деца
Ехх да се вратат тие времиња. Кај не се јавувавме...Кај што ќе се јавевме пцуевме на телефон, а потоа се газевме од смеење.
Хахаха да да колку пати а и не само мали туку и сега заедно со сестра ми и на бестлатните од One и се јавувавме со скриени бр и баш коа ќе помислам ми текнува на оваа случка : се јавуваме ние (во 2 часот) и еден човек крена и ни вика: ало ние молчиме а во позадина се слушаат нешто коцки некои дека се фрлаат и така стоеше отворен тел околу 20 мин. и јас се скинав од смеа и велам на сестра ми овој во некоја коцкарница сигурно е хахах др случка: беше некаде 3-30 4-00 по полноќ и ѕвоневме упорно и ни се јавува и овој вика ало (ама се познаваше дека е успан го разбудивме човекот хаха ) и ние ништо и ни спушти а еднаш некој и заѕвони на сестра ми и она ало и овој здраво слушнавме дека сте продавале фиќо хахаха какви смеи паднале а како помала памтам дека имам вртено на пожарна , болница, полиција и такви сл установи има и мн др случки ама кога ќе ми текни ќе пишам