Дали како мали зафркававте луѓе по телефон?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од SummerGirl, 25 јули 2010.

  1. Chasicka01

    Chasicka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    9
    Дааа, многу патии :D :rofl:
     
  2. TeddyS

    TeddyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    121
    :lol: :lol: :lol:

    Леле кога ја видов темава жими све се изнасмеав !


    Леле ова колку ми е секојдневие ! :wasntme:

    ДА !
    итоа многу пати , најзабавно е некако :lol: :devil:
     
  3. lovemebaby

    lovemebaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    174
    Леллле ДА, и тоа со скриен број :lol: .Ке ѕвониме и другарка ми ке рече:се "јавуваме бидејќи добивте не наградна игра" или "ало,овде Перо,Миле ми треба :D "
     
  4. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Повеќе мене ме зафркаваа, отколку што јас ги зафркавав.Сум имала неколку зафрканции со другарките, најмногу на машките од нашето одделение, ама скоро секогаш не препознаваа :tmi: |(
     
  5. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Даааа многу, и тоа звоневме дома, и со длабок глас ќе речевме, добра вечер, се јавуваме од комунална служба, ако може да проверете дали имате вода, и ајде момент, ќе проверат, се враќа вика да имаме, и јас или кој и да звоне, епа ако имаш измиј си ги нозете до тука ти смрдат! хаахххахах закон времиња :rofl:
     
  6. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Ееех коа ќе се потсетам хахаха ние се собиравме и измислувавме броеви и набожемски се јавуваме од играта брзи пари кажете ни го точниот одговор и добивате 10.000 денари хахахаа а прашањето ни беше еден вид на овошје го нема во Македонија но може да се најде на пазарот почнува на буквата А и завршува на С има 6 букви хахаха и само слушаш пип пип пип хххаа :D
     
  7. Shopaholic77

    Shopaholic77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    109
    Да и тоа како . секој пат се јавувавме со скриен телефон и зборувавме со некој измислен глас . смешки беше . Памтам еднаш му се јавувавме на еден другар и му велевме "Здраво Мите овде е Петко ти ја напрајв колата дојди на железничка да си ја земиш" :rofl:
     
  8. K-a-t-e-n-c-e

    K-a-t-e-n-c-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    32
    Аее редовна секојдневна занимација :)
    Ќе се соберевме со другарките, прво на информации баравме броеви за секое можно мушко шо го симпатишавме и после вртииииии, па спуштај, па измислотини еден куп, глупоштини до немај каде :evil:
    Дечиња бе дечиња :angel:
     
  9. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    2.038
    Дали не :$ :$ се имам јавено и во такси компанија и порачав такси да дојде пред соседната куќа и си ѕиркав низ џамот додека си стоеше таксито пред вратата на комшиите :tmi: :tmi: :wasntme: и на крај си замина, многу логично :rofl: и во топшоп се имам јавено абе каде не :rofl:
     
  10. Cookiemonster

    Cookiemonster Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    70
    Да и тоа како! :D
    Се јавувавме со другарками на некој си броеви од ум ги трескавме и им велевме тогаш Фи-фи беше актуелна дека освоиле плазма телевизор на наградната игра Фи-фи ужаси :lol: :lol: ако некој тоа ви го има речено тоа сум сигурно јас :$
     
  11. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Еднаш кога погодивме една дрдорка лелеееее ние ќутиме она дрдори. Ќе ја прашаме нешто „кога ќе правите ајвар?‘‘ и она од таму „а што ви текна ајвар, знаете ли вие ајвар кога се прави...‘‘ дрн дрн повеќе од нас дрдореше, се запали жената ја зафркавале :rofl: .
    На еден тип се погоди звониме и другарка ми плаче и му вели: -Кравата ви умрееее :rofl: .
    Он од таму прашува а која крава? - Епа вашатааа ;( .
    И пак вели - Тебе кравата да ти умре и исклучува :rofl: .
    На друг пак му звониме, помлад и му викаме -Чичко зошто ми ја украде барбиката?
    Која барбика?
    Е мојата де, ми ја зема сега не можам да заспијам без неа ( :rofl: ) .
    Он се смее од таму и ние се газиме и цуп гасиме :rofl: .
     
  12. blonde.92

    blonde.92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    34
    лелееее браво за темава :lol:
    се имаме јавувано до охрид цели апартмани имаме резервирано за 15 души и 2 паркингзи :lol: :lol:
    пожарна лудница такси нема кој се нема јавено :D
    на домашен кај чудното момче во маалото за неплатени сметки за пошта :$
    еееехх времиња беа тие :lol: :lol:
     
  13. Shaila

    Shaila Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    56

    Хахаха се смеам ко луда.... мајка ми се крсти си вика шо и е полуде... хахаха кој од кој попзабегани АЛИ ова цитираново ахахахахахах ...
    И да не бидам офф топик нема кој не се јавувал.... Еднаш се јавувавме и ни викаат ПРОТИВПОЖАРНА БРИГАДА... и ние изгорее чичкоооо изгореее... ТОј кој изгорее којјј.. НИе паккк изгореееее ... КОј кој изгоре... Изгоре пи***** од мајка*и .. Хахахаха :) :) Дечињаа...
    И сеа често со скриен се јавувам кај бившиот па ајде му дишам на телефон ахахахахаха :lol: :lol:

    А и се сетив.. Некни на другарками со скриен и звонам и викам МЛЕКАРА.. и тааа која МЛЕКАРА? И јас пак МЛЕКАРА? и таа КОЈА КОЈА МЛЕКАРА.. ЈАс пак МЛЕКАРА.. И она грешка имате.. и јас КАКО ГРЕШКА КОА НА ТЕЛЕФОН Е КРАВА ТЕШКА хахахахахаха// МИ исклучи одмааааа хахахахаха :lol: :lol:
     
  14. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    637
    Во 6-то оделение губевме час и сеа демек да се јавиме кај наш другар учиме заедно и ова беше шегата:
    Добар ден се јавуваме од травел ливинг компани ве известуваме дека победивте на нашата добитна игра и добивате патување во истамбул и имате можност да се видите со глумците :lol: :rofl: :D е тоа беа денови :P
     
  15. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.692
    Допаѓања:
    8.642
    Пол:
    Женски
    јас и брат ми секогаш одевме во пакет за оваа работа оние од брза помош ги умиравме најчесто ги прашувавме имате дома фрижидер? -да. а ви работи? -Да епа дајте му плата. имаше една мн се нервираше ама имаше еден машки шо и он се зезаше со нас и ни кажуваше вицови.
    имаше еден непознат бр што му титкаше на брат ми а тоа да ти биде некој дечко од куманово и овој брат ми го тераше кредит да му става тогаш на мобимак имаше од оние картички кредит на кои имаше шифри и овој се уби од купување такви картички и му ги пишуваше шифрите по порака на брат ми можеби едно две илјадарчиња му имаше стаено кредит на брат ми а брат ми за возврат му ветуваше дека коа овој ке дојде во ск ке се видат на крај коа брат му му кажа како е работата дечково не мајка сее на куп ни стаи

    исто се секавам имаше еден бр на тв пишано као згоден шармантен дечко 28 год бара девојка и брат ми му се раститка и ај ке договараат средба а типов бил од чаир и брат ми го накани да дојде накај нас, дури и го праша шо кола има за да го препознае. излагаме на тераса и го чекаме коа ке помине и навистина поминува типов со бел голф2 а ние зе газиме од смеење и еве го се јавува по тел кај треба да оди брат ми го натера да влезе во продавница као демек девојката што е на каса е таа со која треба да се запознае и кој знае шо се избламирал типов изнервиран го пцуе брат ми по тел и се враќа назад а ние пак на тераса го глеаме застанува кај др продавница до нас да си купи нешто, и сеа не интересира како изглеа човеков и одиме јас и брат ми во продавница да си купиме нешо влагаме го глеаме човеков пие вива сокче со цевка еден стомак пуштил шо да ти кажувам и не 28 год туку 48 и цели такви се газиме од смеење и се враќеме дома. вечерта му титка брат ми и еве го се јавува типов и брат ми му вика биди кај маркетот во чаир јас сум во зградата тука погледи нагоре и мавтни. менталниов стварно да отиде до маркетот и му се јавува на брат ми и брат ми почна прво као абе па ти немаш 28 абе па имаш стомак ова она го опишува и овој помисле стварно *девојкава* го гледа. на крај брат ми му вика а сокчето како беше шо го пиеше а? на крај му кажа дека не е девојка туку дека сме децата што го видовме во продавница абе незнаете кое пцуење падна и така тоа е се шо ми текна сеа за сеа
     
    На Belieber163 и House95 им се допаѓа ова.
  16. smiley-32

    smiley-32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    511
    како мали викавме такси од мобилен :rofl: :rofl:
     
  17. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    само не знам како би успеале да и помогнат на Стојнето хахаха

    А црвените трактори...не можам уште да се соземам :rofl:
     
  18. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    3.162
    Пол:
    Женски
    Даа!! :lol:
    Најчесто беше од типот: "Добивте бесплатен третман..." ; "Добивте награда...". :D
    Еден ден бевме кај една другарка. Имаше бесплатно вртење кон T-mobile и ајдее ќе зафркаваме. :rofl:
    Зема телефонот врти некој чкЉ број и оооП се јавува некоја старица од таму и и вика: Ало, добар ден, добивте бесплатна масажа во ... ,дојдете кога сакате. :D
     
  19. Belieber163

    Belieber163 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    444
    Ехеее...
    Неколку години ова ни бесе главна занимација.
    Ќе се соберевме 4-5 девојчиња, телефонот во рака а една држи ,,Златна книга“ (Книга во која има броеви и информации за многу фирми и претпријатија во Македонија).
    Биравме буква, па после компанија и вртевме....
    Хахах... Добри времиња беа... :rofl:
     
  20. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.840
    Ехх и тоа колкуу :lol: . Штом другарка ми дојдеше кај мене зимавме телефонот и вртевме. Обично она збореше и Секогаш си запишувавме прво што ќе кажеме, па после зборевме. Најчесто беше како и предходно што има некој пишано за тоа: ,,Честито добивте''... ,,Вие сте среќниот''... беше многу интересно :rofl: