Аууу дааа! Темава во секундата чим ја видов,ме врати на тоа време Бев 7мо одделние,и со уште 2 другарки бевме како најмангупки во одделението,и на едната другарка и се свигаше дечко од 1ва година средно(кој беше завршил во нашето основно),па му најдовме број,и после часови се собиравме кај другава другарка,домашниот телефон во рака и вртиме на мобилен кај дечково(нит сме пазеле на броеви меморирања и индетификации),го мафтавме дека е некоја типка што го свига,па он ни кажуваше како ја бричел брадата за на школо(беше 2 смена,а знаевме дека има 3-4 влакна),и се пагавме од смеење и го кружевме телефонот,која беше најприбрана и се воздржуваше од смеење,таа збореше. Памтам,го договоривме во Мц доналс,и он кидна од часови,го лажевме да се најдат,а ние на голем одмор во школо Имаше и др настани,со една другарка,од мојот мобилен,му пракавме љубовни пораки на нејзиниот муватор(јас бев 7мо,они 8мо одд),да видиме колку е верен И на муваторот на братучетками му се јавувавме,го зезавме,цел еден месец Колку смеење сме удриле,ние си знаеме,главните протагонисти
ДА ! Kо помали со брат ми незнам што ни светна во глава се јавуваме на едни другари спроти нашата куќа што живееја .. Брат ми го смени гласот и се претстави дека е сопственик на пицерија и го праша неколку прашања и овој ко точно одговорил .. И вели наградата е 4 пастрамалии ,и овој као кога може да ги подигниме и брат ми вели па можете веднаш да дојдете до нашите простории и заклопија тел. И одма ние на џам го гледаме детево ќе се сопни од брзо трчање за '' наградата '' И една друга случка .. Во средно една школска дојде на училиште,таква се преправа дека ептен загрздавела значи глас не и се слуша.А знам дека имавме скоро секој час тогаш испрашување ...Кој и да ја скорни она се преправаше .. И сега јас и мојата најверна другарка oсетивме дека се преправа и после часови ,со скриен број и се јавуваме и таа од таму АЛО !!! али глано и многу чисто ,знам дека разговорт го снимавме и после се смеевме
Хахахаха да, многу често. Да си признаам, сеуште тоа го правам понекогаш. Еднаш со другарка ми бевме кај неа дома и ѕвоневме од нејзиниот домашен на секакви броеви, од Македонија и во странство.. хаха и после коа им дошло сметка на нејзините ќе не утепаа А сега дека имав бесплатни кон ВИП и ѕвонев на другарка ми од одделение едно 10 пати и не свати која сум.
Па одамна да .Со братучетките еднаш или двапати а онака на улица коа сме биле сме зафркавале комшии се додека една стара баба не не кажа дома
Ерм...не баш. Барем не за лична сатисфакција или да слушнам нечиј глас или ово оно што за тоа време се сметаше за “зафркавање.“ Во 99% случаи се раководам според правилото да не го правам она што несакам да ми го прават. А и едноставно не сум гледала ништо забавно во тоа да ѕврцнам на некого и кога ке каже “Ало“ да се прокикотам и спуштам. Ниту пак да ја билдам телефонската сметка поради такво нешто. Единствен исклучок од правилото ми беше за “Гледам супер бинго“! Имаше нешто што ми предизвикуваше насмевка на лицето во тие 3 збора изговорени со толкава среќа и по малку брука во случај да не не е Игор па да се заебат. Освен некои легендарни рандом броеви со кои сме правеле разни безвезни разговори, квизови, награди итн во моменти на екстремна досада, имав само еден таргет за такво нешто. Имаше една постара жена што речиси секое утро околу 7:30 будеше за на работа некоја Дејка. Spoiler Дејка бе. Дејка! Треба да го ставам ова во глупавите имиња што не ги сакам. И женава цела година не се научи дека кај нас нема никаква Дејка и дека и` дале погрешен број! Кога веќе ми скурчи да ме буди секогаш така, почнав секое утро во 6 и нешто кога ке станев за во школо, да ја будам. Не дека беше нешто зезање ама ај...барем убаво ми идеше на душава. Се преселивме ама си го задржавме бројот и...пред некој месец пак истата се јави. Тогаш и` реков дека Дејка умрела и почна да ме колне. Веќе не кревам фиксен.
Охоооо ДА! Со 2-3 другарчиња одевме кај баба ми кога не беше дома или додека спиеше и вртевме од кај неа, од кај мене дома ми беше страв да не ми дојде полиција ако ми го најдат бројот А баба ми живее до мене Вртевме рандом бројки и баравме најчесто Елена и Марија, добро памтам. А најголем проблем беше кога стварно имаше Елена или Марија кај што вртевме Не знам зошто толку ни беше интересно, стварно не ми е јасно. Последен пат мислам во 7мо или 8мо одд вртевме од мобилен на пожарна и полиција Срамота! Не требаше да ја отворам темава сега ми текна на тоа и осеќам грижа на совест! Пубертет...
Нажалост, да... Основно... кај другарка ми дома... имаше неколку лика кои беа подложени на зафкранција константно од моето друштво... Но, еднаш, ѕвоневме рандом. Кажувавме дека сме од некое си радио, и дека е наградна игра во која луѓето ако испеат некоја песна добиваат награда... се јавивме кај еден човек, кој пробуваше да го најде радиото, а ние му викавме дека може да има проблеми со фреквенцијата затоа што е ново радио...... кога почна да пее.. мене солзи на очите... прекрасно пееше.. ми падна толку тешко што се зафркававме.. сакав што се вика да му испратам поклон некаков... ... е тој беше одлучен момент да престанеме со тие глупости...
Eхе и тоа како..Ama и со придружба со 6 другарки ке се изредевне и порачувавме пици за да стигнат кај комшијата од спротива (шо многу мраземе) абе лудница на крајот не откри и му кажа на таткоми пос не ни текне да порачуваме кај комшијата! Ама продолживме да ѕвониме на други места каде што со сигурност знаевме дека нема да не откриат.
Еднаш зафракавафме еден човек Ало добар ден,вие сте добитник на танга гаќи.Ако не ги подигнете од продавницата на Пенти за еден час ке ја изгубите наградата цело време се кикотевме
ејј темава ме потсети на основно. Често се собиравме со другарките и понекогаш ни беше досадно па така вртевме на симпатиите и си правевме муабет (ги замаравме како се што прават дали имат девојки итн а тие кутрите ни одговараа)а исто така и на ФЗО не вежбавме и се собиравме во соблекувална и вртевме на броеви што ќе не си најдат во именикот. Интересно беше кога тие цело време прашуваа кој е на телефон.Пуу бее колку сме биле лоши
Лелеее ко убиство да е . Пфф чудото големо....и има време полека ќе одговориш на сите теми, тука сме и ние и ти, не брзај толку На темава сум се изјаснила, ама пред некое време пред искачање со другарките и другарите досадно нема што да правиш и ај ќе зафркаваме наши бивши дечковци. Тоа смеење мислам дека животот ми го продолжи. Другар му се јавува на еден и му вика излези надвор и тргни ја колава, пошо на трупови ќе ја најдеш, за 5 минути ако не си ја поместил ти ја е**в. Тој сиротиот вика, ама во гаража ми е грешка сте, пак другаров му вика таа и таа ти е регистрацијата, да, е сега си ги на*бал пошто лажеш. Ние од позади паѓаме од смеење, си викам толку ли не сфаќаат луѓево.
Хахах темата ми наврати многу спомени...кога бев помала, кај нас во маало имаше поставено говорница и така еден летен ден, незнаевме што да правиме и решивме да се зафркаваме со полицијата, болницата и слично(сега не ми е смешно, но тогаш беше преинтересно! ) Во еден момент ни текна да се јавам во погребалното претпријатие и додека моите врсници се превиткуваа на земјата од смеење јас воздржано му објаснував на претпоставениот дека "починала некоја баба" во маало и дека треба да дојдат да ја земат бидејќи нема роднини. Човекот ја сфати шалата и многу ни викаше на телефонот (а и како да не вика, со такви работи не се шегува! ) , а ние уште толку почнавме да се смееме и ја спуштивме слушалката...Имаше многу такви случки но, оваа е дефинитивно една од поинтересните.
Хахахах а кое дете не го правело тоа? ... и тоа како ни беше интересно кога ќе се соберевме со другарките, како да којзнае што правиме
секојдневна занимација =) прво тоа (нешто му доаѓаше како добро утро ) а после од коа ќе се заситевме од тоа, се симнувавме пред влез и на сите можни станари им ѕвоневме на дамофон и бегавме ко од сатана а најинтересно беше кога вртиш на некој кој што не знаеш дека имал идентификатор (порано ретко кој имаше "ЛОВЕЦ") и кога ќе ти свртеа назад у стилот СТЕ ВРТЕЛЕ НА БРОЈОВ, автоматски го мутираш гласот и се праиш на три ипол хахах или кажуваш дека си згрешил убаво време беше тогаш, а сега се лутам кога мене ми вртат така
Даааааа... И тоа се собиравме чопор девојчиња и прво се јавувавме на измислени броеви и непознати ликови, а потоа откако ќе се опуштевме со смеење им вртевме на симпатиите
Даааааа... И тоа се собиравме чопор девојчиња и прво се јавувавме на измислени броеви и непознати ликови, а потоа откако ќе се опуштевме со смеење им вртевме на симпатиите