Оооооо да, виновна сум. Ми текнува, во основно, ќе се собереме чопор деца, и тоа секогаш беше од домашен на домашен некој измислен чкљ број во моментот, и секогаш имаше „наградна игра“ во муабетот. И откако ќе му се изнасмеевме фино на човекот/жената, ако следи повратен одговор т.е ако има идентификатор, е тогаш мислевме дека го наебавме, па не се јавуваме, па ќе измислиме нешто и така. Во поново време, веќе кога ги имав првите мобилни и кога го дознав тоа #31# им се јавував на симпатиите, и ми беше интересно да сим го слушам гласот или пак да се нервираат, и упорно „Ало, ало“ да викаат. Може фетош ми било тоа, којзнае.
Па како мала, баш и не.. Ама во последно време, почнав така по малце. И се јавив на другарка ми, ама од еден број, што не ми го знаеше. И она ми се јавува: - Ало. - Да, повелете, на линија сте. - (Ќути) - Да, да, повелете, на линија сте. - Ало? - На линија сте, што ќе кажете за темата екологија? И тука веќе, прснав од смеа и ме позна, ама на почетокот се преплаши. Татко ми го имам слушано, како ги зафркава, на телефон, како се воздржува алал да му е. Се јавува кај едни пријатели, ќе ги наречам Митко и Ратка. - Ало. - Ми треба Митко. - Сега, момент. - Ало, ми треба Ратка. - (Абе Ратка, не ме зезај, тебе те бараат) Момент. - Ало. - Ало ми треба Митко, го бараме од работа (кажува каде работи). - (Абе Митко, ај не се зезај, тебе те бараат). - Ало? И така цело време, си го подаваат телефонот, и после, кога дознаа.. Имаше еднаш, се јави исто кај едни пријатели.. И почна да збори.. - (незнам точно како беше..) Ја немате платено сметката, ќе ви ја исклучиме струјата.. (и така ко навиен) - (во позадина се слуша: абе нели ти дадов пари, зашто не плати? Леле, заборавив) И затвори.
Даа Со моите другарки и другари имаме вртено во погребална и јас цела "разплачена" му кажвав дека умре мојата комшивка xD(сега не е смешно, ама тогаш беше многу) му кажав и улича и број и дојдоа хахахаха xd а ние цело време ѕиркавне и гледавне шо ќе се случи! тоа беа времиња
Па да, вртевме, се зезавме не ми текнува конкретно на многу работи ама во сеќавање ми остана една случка со една другарка кога се јави некаде, е сега не знам дали знаеше каде, мислам не, и почна да збори со некој повозрасен дечко како сакала да се видат па во што ќе била облечена, каква долна облека, па што сакала да и прави каде да имаат секс и кога почна да навлегува во детаљи и спомна како ќе ја соблекувал, кога истресе дека тогаш ќе и ја тргнел улошката сите прснавме во смеа а и она, и мораше да затвори.Таква сочна приказна ја расипа со улошка Мали бевме, толку сме знаеле како одат тие работи Особено ќе се сеќавам кога направив два пати висока телефонска сметка, тогаш излегоа оние телефони на 0500 со хороскоп и вртевме од кај мене и си чекавме таму ни кажуваа хороскоп, си јадев и си слушав, па дури и една другарка зезнав и од кај неа вртевме,првиот пат дојде сметка 3000 наредниот 2000, татко ми извади извештај на повици и после морав да им кажам дека уствари јас вртев на тие броеви ама тогаш немаше предупредување под броевите дека е скапо
ХАХАХААХ! леле кога ќе ми текне колку им ѕвоневме на машките што ни се свиѓаа и ги зезавме, па им исклучувавме!
Обожавав да го правам ова ( стискајки безвезни броеви ) се до моментот кога од другата слушалка ми рекоа : - Кабинет на претседателот, повелете?
Да, последно зафркавав со неколку другарки на нг. Како ни се погоди еден чичко од Штип (другарка ми имаше негов број, се знаеле), па кога почнавме муабети да си редиме, мераци. За жал, мене се‘ уште никој не ме има заебавано, а баш сакам.
не паметам да многу сум била по тоа...само знам дека на симпатијат му титкав без број да му цујам глас лелеееееееее
Хахаха! Да, зафркавам! Некогаш, досадно кога ни е се собираме и си звониме од вип, нели има бесплатни минути и се зафркаваме..
Со брат ми се имаме јавувано на луге да ги зезаме,а еднаш отворивме огласник и се јавивме на неколку огласи.Еден беше за бебешко креветче,друг за миленииња....ги прашувавме како да сме заинтересирани и додека тие одговараат ние спуштаме слушалица
Хаххахаа... мене сеуште ме зафркава другарка ми и тоа редовно и јас секој пат и верувам, незнаете колку е сериозна кога го прави тоа, никад не би ја познала!!! А еднаш смени - па наместо она, ми се јави сестра и од непознат број и почна да ми се заканува дека ќе ме истепа ако не му раскинам на дечко ми (а само што се фативме), дека ќе ми ја искубе косата, а што беше најтрагично, бев во автобус, и не можев да и возвратам, викав само - Добро, добро... (Одма да му раскинеш - Добро, Ќе те тепам кај и да те видам - Добро, Он е само мој - Добро)
бесплатните минути на вип коа нема каде да се трошат се знае ... врти на непознати броеви ... и + Добар ден се јавуваме од Вип, сакаме да ве известиме за новиот пакет бла бла бла ... овие постарите веруваат мајке ми
А ние....леле...кога не беа уште во мода идентификаторите на фиксната телефонија..леле што сме правеле. Го земавме именикот и вртевме,вртевме,вртевме,...кај не. Кога ќе се слушнеше глас од другата страна ние прашувавме: Ало, живинарска фарма е тоа? и тие нормално вркса немаат и ни викаа ,,НЕ,,. И ние со другарките му викаме ,, Па зошто тоагш зборуваме со крава, со овца, со коњ... со што ќе ни паднеше на ум. Ех, тоа беа времиња за паметење.
Како мала не ама сега... Еднаш братучетка ми ми се јави од домашен и зборуваме и на неа и се троши кредитот и таа ми вика ај ти заврти ми. И јас онаа, ок. И таа гаси телефон и јас одма да и се јавам кога опп-па не и го знам домашниот Лелеее! А кредит на мобилен немам. И знам беше нешто 424 и тн. И вртам така некако викам го погодив и вртам и од таму: -Ќебапчилница Корнер повелете? А јас онаа фацата ми беше- па -И велам грешка и гасам , потоа таа ми се јави и и реков што бидна XD