Да бре, дишење по телефон , викање ‘‘играм супер бинго‘‘, или ‘‘добивте печка на дрва‘‘ и што уште не... и после се појавија телефонските индикатори; вртиш, дишеш по телефон, спушташ и инстант те бараат и се правиш на тошо и им велиш ‘‘грешка сте‘‘...
Хахахах во тое е убавината на детството.Јас со моја другарка имаме ѕвонето кај баба ми на телефон на домашен незнам колку пати ги пукнавме луѓето, и послем околу 10 повици престанаа да ја креваат слушалката. Исто така еднаш звоневме на еден број (онака го завртивме) и една жена постара ни вели:Ааа Маре од кога не те имам слушнато.Од Австралија се јавуваш?„ леле јас со другарка ми се згазивме од смеа и јас и велам: да да. и така смеејќи се жената вели:марее не те слушам убо нешто телефонот се прекинва. леле тогаш сме се изнасмеале
И јас имам зафракавно луѓе го земав од татко ми именикот и вртев броеви ама последната бројка му ја менував и ќе се јавеа луѓето и само што ќе речеа Ало! и јас спуштав И после ќе се јавеа дома имате вртено на овој број и мајка ми не немаме вие да не имате вртено Spoiler иначе ги бришев броевите Лелеее кога ќе ми текне бевме со другарка излезени и ајде таа другарката ќе се прави паметна ќе врти во брза помош во полиција и др и се јавува во брза помош и вели бремена сум што да правам и тие од таму и велат да скокнеш од балкон хаххахахаха ние таму да умраме од смеење и на полицијата му се јавуваше и на др ама не ми тенкува што му велешеее хаххахаххаа
Имам вишок кредит...и бирам број што е непознат и ги зафркавам. Еден пат и се јавив на една жена,и и велам здраво и она awee ти ли си...ејј awee ти ли сии????? И јас право и ислучив од од тогаш никој немам зафркавано. Мислам дека ми го позна гласот...и сум бирала број на некој што го знам.damn.
Да, така по тамина бирав броеви и еднаш една баба ми се јави на телефон и ми вели еј Сања ти ли си бабино стигна дома , добро ајде... лелеее...така често си вртев ко многу мала... детски работи хахаха
Хахаха да, на едни комшии им глумевме германци (а зборувавме на македонски) и ова беше како дел од една глупост што им ја правевме. Најпрво им тропавме на прозорец и ги преплашивме... ни една влечка не оставија надвор и се заклучија, после им пративме писмо на кое пишување "Вие сте следните" на него го нацртавме знакот на Хитлер и залепивме виолетова панделка за поклон. И на крај ги пореметивме на телефон. И после 3-4 години не можевме да поминиме покрај нивната куќа, само не бркаа, а нас ни беше баш интересно.
Ме потсетивте на една случка од летото... Јас и другарка ми се досадувавме и ај да ни биде интересно ќе го зезаме еден дечко што го свиѓаше тогаш ко во старите добри времиња и решивме да му испееме песна (а и двете имаме катастрофа глас)... Ова заврши лошооо... Spoiler Тој - Ало Јас -Здраво ми треба (името) Тој -Јас сум кажии Јас и Другарка ми - лалалалал ај лав јууу Тој - Тоо јее кој е тоо хахаха??? И го зема другарка ми телефонот и со преправен глас му вика Јас сррцее А овој - МА ФАТИ У ПМ (името на другарка ми)! Знам дека другарка ми и до ден денес има уплав од средба со него во 4 очи од срам... - Ни личи на годиниве што ги имаме
Ахам..неколку пати кога бев 3-то или 4-то одделение со другарките од улица.А инаку по болници,пожарни,полиција и сл. не сме вртеле бидејќи бевме свесни за последиците. Комедии било..
Не. Јас сум фина и мирна, дете за пример. Се зафркавам секако! Имаме вртено, али не беше ништо интересно. Поинтересно е кога некој ми врти мене, па му е`ам се по список! Е тогаш се комедии!
бев 5 одд и секогаш се јавуваше некој дечко и го бараше својот другар кире и јас се кажував кире се капи кире е во продавница кире замина охрид и сл. еден ден ми вели а чупе мајка ти кај е јас викам на работа епа ај јави се кај татко ти и кажи му јас че ја земам од работа да не ја чека. абе ванредно стање беше дома се јавував кај мама на работа да и кажам право дома да си иди ден денес се смеам колку се исплашив да не ми ја земат мајка ми хаххахаххахах
Една од моите поинтересни игри додека бев помала Ќе се соберевме цело друштво кај некого дома и почнувавме.Некои луѓе намерно ги зафркававме,а на другите броевите им ги гаѓавме на тепка.Се беше ок додека една комшика не дозна кој ја зафркава цело време и и кажува дека добила награда од Рио кафе па дома следеа по 2-3 лекции дека тоа е срамота да се прави До ден денес ми е срам кога ќе ја видам жената,ама ајде деца сме биле