Ехееј..и те како. Со братучедка ми викнавме пожарна во комшии. Викавме такси исто во комшии. Лажевме народ дека се добиници на телевизори, компјутери и тако даље. Исто имме викано и брза помош во комшии. Абе глупости.
аахахахахахахахахахахахах Јас и сега зафркавам луѓе кога имам бесплатни на вип..хахахахаха Онојпат се јавив и продавав стари телевизори. Ми се јави еден дечко и јас викам да не сте заинтересирани за стари телевизори и тој вика дада која фирма Викам на старо продавам И така си направивме муабет,се посмеавмее Па нели нема ништо лошо ако се зафркаватеее,...
Да! Кога ќе седневме со братучед ми, телефонот, и ѕвоневме некогаш на непознати, а некогаш и на познати броеви, најчесто го баравме Крумче (демек поретко име)...се додека еден ден навистина не го добивме Крумче , па тогаш почнавме да ја бараме Маргарита и така натаму Исто и често се јавувавме на Топ Шоп, знам еднаш Дормео „порачувавме“ и ненадејно исклучивме, па по некој ден ни се јавија од Топ Шоп за дали ќе сме ја потврделе нарачката
Да, и тоа многу. Посебно кога на гости ми беше другарками. Знаеше момава броеви од околните села, и кога ке оптегнеше еден селски акцент, и лажеше дека од Aвстралија пакет е испратен да си подигнат, што ти знам јас. Еднаш знам се јавивме кај една жена, и оваа вика со детско гласче "Здраво јас сум љубовницата од маж ти", а женава маж ми умрен е и вика.. Па анкети правевме, попис што имаат дома, се и сешто. Па дека од суд се јавуваат, дека ке им ја земале нивата ги паничевме луѓето. Срамота. Имаше еден број многу лесен исто така, и сите цел град таму Маја некоја ја баравме, тешко на луѓе. Ух за каков ќотек сме плачеле.
хехех.. Обично јас бев задолжена за тие работи и се јавував кај симпатиите на другарките и зборував со нив како мене да ми се допаѓаат. Добивав разни информации што нив ги интересираа. А кај моите симпатии ми беше срам да вртам rofl
ДА и тоа многу често, со нетрпение го чекавме моментот кога ке се собереме друштво седнат на кафе и муабет и со прекриен број.. звонење од еден број на друг.. значи бешпе премногу интересно, и не само како помали туки и на по 17 - 18 годишна возраст ни се случуваше тоа. Доагањето на идеи за зафркавање беа изненадувачки за сите, и смеење со солзи.. без престан
Денеска Со братучетка ми абе пукнавме на сите дечки завртивме и сите ало ало абр кази што ти треба? Леле па на нејзината симпатија и вртевме и јас намерноо после тоа на еа и вртам со скриен број и таа не приметува и дига. И сега Б=Братучетка Ј=ЈАс Б: АЛо , да? Ј: јас молчам и после неколку минутки и исклучив Б= Леле ***** беше тоа ! ИИИ како го дознал бројот? Па нема да ме сака ...сега нема да ми зборува ќе му кажам дка ти си се зафркавала? Важи? Леле готова сум ! А јас пукнав од смеење значи готова патос? И потоа неможев да издржам и реков и фацката и беше
хахахаха да! И уште! Си вртиме на некои без врска броеви и го бараме Александар што пее во црковниот хор. Божее.... Еднаш со другарките завртивме на една другарка на симпаријата и јас и тој си праевме муабет. хахахаха А не знаеше ни кој се јавува. Ми кажа колку години има. Од кај е. Во кое училиште учи, што сака и така. ццц Интересно е!
Да,да,само што тогаш беше многу поефтин телефонот,па можеше да се искористи и за такви непродуктивни цели. Еднаш дури и две баби ми дојдоа на врата заради тоа,стаила едната идентификатор,а другата и праела друштво,ццц
Сега ми текна. Летово на одмор некој имаше бесплатни на вип и сега ајде што ќе правеме, ќе зафркаваме луѓе. И еден другар ептен зне да глуми, и околу 1-2 по полноќ вртеме на непознати броеви и се јавува една жена и он вика: Добра вечер, госпоѓо. Се јавуваме да ви честитаме бидејќи добивте патување во Париз за двајца. И таа жената вика: Еееј, дали тоа што го аплициравме на интернет. И овој: Да, госпоѓо, тоа е. Ние ќе ви се јавиме за 2-3 дена најкасно да ви кажеме каде можете да ги подигнете карите. Жената сигурно се израдувала и се надевала дека стварно ќе оди во Париз.
Даа Се случи еден да ни се јави по грешка и ни вика Ало Маја дојди на ова и ова место и ние му викаме Маја умре и тој Како бе умре?? Ние се смееме и тој ни велит ама вие ме играте се смеаат таму.јас му викам плачат не се смеат ние се прајме демек плачиме тој почна да плачи на телефонот и ни вели чекајте еве идам сега и му кажавме дека го заебаваме Пре јако беше
јас и ден денес зафркавам еден комшија Ацо е значи многу ми е смешен му зборуваат колешките од факс и тој само ало ало ало едно 5-6 пати по ред јас се газам од смеа иако понекогаш ми е жал
Да постојано со другарчињата од улица Вртевме на такси и му викаме ајде едно такси до ... (ќе измислиме некоја улица) и поле таксито стигнува и оваа ѕвони ''Абе таксито чека 15 минути'' А ние се кикотиме